Разлика помеѓу преработките на „Народна банка на Македонија“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
Форматна исправка, replaced: 9 год. → 9 г.
с (Форматна исправка, replaced: 9 год. → 9 г.)
* Закон за Народната банка на Република Македонија, „Службен весник на РМ“ бр. 158/2010 и 123/12 (трет закон).
 
Целите на НБРМ се дефинирани во член 6(1) од Законот за НБРМ, каде што е наведено дека основна цел на НБРМ е постигнување и одржување на ценовната стабилност; член 6(2) друга цел, подредена на основната цел, е да придонесува кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно-ориентиран [[финансиски систем]], и член 6(3) НБРМ ја поддржува општата економската политика без да го загрози остварувањето на основната цел и во согласност со принципот на отворена [[пазарна економија]] со слободна [[конкуренција]]. Член 82, во делот од Законот за НБРМ кој стапува во сила со зачленувањето на Република Македонија во [[ЕУ]], се однесува на целите на НБРМ како дел од [[ЕСЦБ]], при што се наведува дека НБРМ ги поддржува општите [[Економска политика|економски политики]] на ЕУ за исполнување на целите од член 2 од Договорот, без да е во спротивност со целите од членот 6 од Законот за НБРМ, односно со [[Ценовна стабилност|ценовната стабилност]].
 
Според одредбите содржани во член 3 од Законот за НБРМ, Народна банка е централна банка на Република Македонија, со статус на правно лице со административна, финансиска и управувачка самостојност и овластувања за постигнување на целите и извршување на задачите. Според член 5, НБРМ е независна при постигнувањето на целите и задачите; членовите на Советот и вработените во НБРМ не смеат да примаат и да бараат инструкции од органи и тела на државната и локалната власт како и од кои било други правни и/или физички лица; горенаведените органи и тела не смеат да ги одобруваат, престануваат, поништуваат или менуваат одлуките на Советот на НБРМ, обврзани се да ја почитуваат независноста на НБРМ во секое време и не смеат да влијаат врз членовите на Советот и вработените во НБРМ. Во член 81, во делот од Законот кој стапува во сила со зачленувањето на Република Македонија во ЕУ, ваквата забрана е проширена и се однесува и на институциите и органите на ЕУ и владите на останатите земји-членки.
 
Со член 83, во делот од [[Закон|Законот]]от за НБРМ кој стапува во сила со зачленувањето на Македонија во ЕУ, е утврдено дека НБРМ запишува и уплатува [[капитал]] во ЕЦБ во согласност со членовите 28 и 29 од Статутот. Во член 110 од Законот е наведено дека на денот на воведувањето на [[Евро|евротоевро]]то како [[пари|парична]]чна единица во Македонија, капиталот на НБРМ се претвора во евра, според утврдената стапка на конверзија [[денар]]/[[евро]].
 
Член 15 од Законот на НБРМ, во делот кој го регулира распределувањето на финансискиот резултат за распределба, предвидува распределување на 70% во општите резерви до постигнување на нивото на основниот капитал од член 12(1) од Законот, а остатокот се распределува во [[Буџет|буџетотбуџет]]от на Македонија, но оваа одредба ќе престане да се применува со зачленувањето на Македонија во ЕУ.
 
Според член 44 од Законот за НБРМ, НБРМ не одобрува, директно или индиректно, кредити на кои било државни тела, органи и јавни институции, а со член 87 оваа забрана е проширена и на сите институции и тела на ЕУ, и сите нивоа на власт и јавни [[Претпријатие|претпријатија]] на земјите-членки на ЕУ.
 
==Органи на управување==
Според член 46 од Законот за НБРМ, со НБРМ управува Советот на НБРМ. Советот се состои од девет члена: гувернерот, тројца вицегувернери со статус на извршни членови и пет неизвршни членови, и претставува највисоко тело задолжено за дефинирање и формулирање на [[Политика|политиките]] и вршење контрола над нивното спроведување и надзор над работата на НБРМ. Согласно со Законот, гувернерот е именуван од Собранието, на предлог на претседателот на Македонија, вицегувернерите се именувани од [[Собрание на Република Македонија|Собранието]] на Република Македонија на предлог на гувернерот, а неизвршните членови ги избира Собранието, на предлог на [[Влада на Република Македонија|Владата на Република Македонија]]. Членови на Советот може да бидат лица кои имаат познавања од областа на економијата, финансиите и правото. Во Советот не може да членуваат лица кои се наоѓаат во управните органи на банките или [[штедилници]]те.
 
Во член 49 (1) од Законот за НБРМ, мандатот на сите членови на Советот на НБРМ е утврден на седум години, вклучително и мандатот на гувернерот, кој, согласно со член 46 (4), претседава со Советот и има главна извршна функција во НБРМ. Во член 53(1) е наведено дека член на Советот, вклучително и гувернерот, ќе се разреши ако: веќе не ги исполнува критериумите потребни за именување како член на Советот определени во член 50; изврши злоупотреба или сериозен пропуст во вршењето на службените должности; не може да ги извршува задачите поради телесна и ментална неспособност повеќе од три месеци и ако не ги извршува должностите во последователен период од најмалку три месеци, за што одлучува Советот. Според член 53(4), гувернерот има право на жалба до надлежниот суд во рок од 15 календарски дена од одлуката за разрешување. Во член 88 во делот од Законот за НБРМ кој стапува во сила со зачленувањето на Република Македонија во ЕУ е наведено правото на гувернерот на жалба до Европскиот суд на правдата, по пристапувањето на земјата во ЕУ, без определен рок.
{{Главна|Нумизматички музеј на Народна банка на Република Македонија}}
 
Нумизматичкиот музеј на Народната банка се наоѓа во зградата на банката. Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото [[културното наследство]] во 1999 год г. НБРМ меѓу своите функции приклучила и откуп на стари и ретки [[пари]] од тлото на Македонија.
 
Збирката денес брои околу 17.000 примероци на [[монета|монети]], медаљи, ексагии и модерни банкноти што е резултат на систематски откуп и донации, и со оваа бројка таа прераснала во најголема јавна [[нумизматичка збирка]] во Македонија.

Прегледник