Државна изборна комисија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Поврзано: Соодветен поднаслов, replaced: == Видете исто така == → == Поврзано == using AWB |
|||
Ред 68: | Ред 68: | ||
{{Македонија-никулец}} |
{{Македонија-никулец}} |
||
[[Категорија:Управување со |
[[Категорија:Управување со Македонија]] |
||
[[Категорија:Државна изборна комисија на Македонија]] |
[[Категорија:Државна изборна комисија на Македонија]] |
Преработка од 02:15, 25 јуни 2020
Државна изборна комисија | |
---|---|
Лого на комисијата | |
Податоци за органот | |
Надлежност | Собрание на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 119[1] (2016) |
Мрежно место | |
sec.mk |
Државната изборна комисија или ДИК според Уставот на Република Македонија е надлежна за спроведување на сите избори во Република Македонија. ДИК е составена од претседател, потпретседател и членови. Сите членови на ДИК ги избира Собранието на Република Македонија, по претходен политички консензус.
Избор и состав
Државната изборна комисија е составена од седум членови (претседател, потпретседател и пет други членови). Тие функцијата ја вршат професионално, со право на повторен избор. Нивниот мандат е четири години, а се избираат во рок од 60 дена од денот на одржувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК. Сите нив ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.
Досегашни претседатели на ДИК
Досегашни претседатели на ДИК биле:[2]
- Никола Коневски, 1990-1994[3]
- Петар Најдaнов, 1994[4]-
- Лилјана Ингилизова - Ристова, 1995-1999
- Јосиф Луковски, 1999-2002
- Мирјана Лазарова-Трајковска, 2002-2003
- Стево Пендаровски, 2004-
- Јован Јосифовски, 2006
- Александар Новаковски, 2006-2011
- Борис Кондарко, 2011-2013
- Никола Рилковски, 2013-2015 [5]
- Александар Чичаковски 2015-2017 [6]
Поврзано
Наводи
- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни, 2017. Посетено на 2018-04-16. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Непартиски човек, стручен и отпорен на притисоци“, „Нова Македонија“
- ↑ Службен весник на СРМ, 31/1990, 25 стр.
- ↑ Службен весник на РМ, 48/1994, 3-4 стр.
- ↑ „Никола Рилковски – нов претседател на ДИК“, „Телеграф“, 21 ноември 2013.
- ↑ Оставки на Чичаковски, Дума и Милев од ДИК
Надворешни врски
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |