Февруарски поход: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
сНема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
[[Податотека:Споменик за Богомилскиот марш.jpg|мини|десно|300п|Споменик во чест на Богомилскиот марш, дел од Февруарскиот поход]]
[[Податотека:Споменик за Богомилскиот марш.jpg|мини|десно|300п|Споменик во чест на Богомилскиот марш, дел од Февруарскиот поход]]

'''Февруарски поход''' е поход на [[Народно ослободителна војска на Македонија|Народноослободителната војска на Македонија]], која во февруари [[1944]] година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија.
'''Февруарски поход''' поход на [[Народно ослободителна војска на Македонија|Народноослободителната војска на Македонија]], која во февруари [[1944]] година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија.

Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во [[Меглен]]ско, [[Егејска Македонија]], јужно од [[Кожуф]], се наоѓала главнината на македонската војска со партиското и военото раководство. По формирањето на [[Втора македонска бригада|Втората македонска бригада]] на [[20 декември]] [[1943]] година во селото [[Фуштани]], [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во [[Тиквеш]]ко, [[Гевгелиско]] и во [[Мариово|Мариовско]].<ref>[http://217.16.70.245/?pBroj=1397&stID=7759&pR=9 „Шеесет години од Февруарскиот поход на македонската војска“, Утрински весник, Број 1397, 16 октомври 2006.]</ref>

Преработка од 14:24, 24 јуни 2020

Движење на партизанските единици за време на Февруарскиот поход
Споменик во чест на Богомилскиот марш, дел од Февруарскиот поход

Февруарски поход — поход на Народноослободителната војска на Македонија, која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија.

Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во Мегленско, Егејска Македонија, јужно од Кожуф, се наоѓала главнината на македонската војска со партиското и военото раководство. По формирањето на Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година во селото Фуштани, Главниот штаб на НОВ и ПОМ формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во Тиквешко, Гевгелиско и во Мариовско.[1]

Борбените активности ги предизвикале германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против партизанските сили во Мегленско, кое го користеле како своја оперативна база. Во Првата офанзива, што траела од 4 до 8 јануари 1944 година, учествувале само германските војници од Солун и Воден, а во Втората офанзива, покрај германски, учествувале и бугарски единици од 17 дивизија во Штип, и траеле од 16 до 20 јануари 1944 година.

По завршувањето на овие офанзиви во кои партизанските сили биле победници, Главниот штаб оценил дека се создадени услови воените операции на македонските сили од Мегленско да се насочат кон централна, западна и источна Македонија. За таа цел, Главниот штаб го направил следниот план:

Така започнале борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто.

По Пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.

Наводи