Костинци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Родови: Правописна исправка, replaced: од секогаш → отсекогаш
с →‎Географија и местоположба: Правописна исправка, replaced: 4 ха → 4 ха
Ред 24: Ред 24:
Костинци — село во северниот дел [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] и [[Општина Долнени|Општината Долнени]], од десната страна на патот [[Прилеп]]–[[Македонски Брод]].<ref name=mitkopanov>{{наведена книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref> Поточно, селото Костинци се наоѓа во прилепскиот крај, во крајниот северен дел на [[Пелагонија]]. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Костинци од источната страна се граничи со огранците на планината Бабуна спуштени спрема с.&nbsp;[[Слепче]], како и слепечкото поле, од север се граничи со атарот на с.&nbsp;[[Црнилиште]] и долгаечкото поле, а од запад зрзеското поле и благите огранци на планината [[Даутица]] кои се спуштаат паралелно со долината на местото наречено Бојаник. Од јужната страна селото и неговото поле се граничат со големата пелагониска котлина т.е. секиречкото поле. Расположено е на надморска височина од околу 620 метри. Од градот [[Прилеп]] е оддалечено 30 километри во северозападен правец.<ref name=mitkopanov/>
Костинци — село во северниот дел [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] и [[Општина Долнени|Општината Долнени]], од десната страна на патот [[Прилеп]]–[[Македонски Брод]].<ref name=mitkopanov>{{наведена книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref> Поточно, селото Костинци се наоѓа во прилепскиот крај, во крајниот северен дел на [[Пелагонија]]. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Костинци од источната страна се граничи со огранците на планината Бабуна спуштени спрема с.&nbsp;[[Слепче]], како и слепечкото поле, од север се граничи со атарот на с.&nbsp;[[Црнилиште]] и долгаечкото поле, а од запад зрзеското поле и благите огранци на планината [[Даутица]] кои се спуштаат паралелно со долината на местото наречено Бојаник. Од јужната страна селото и неговото поле се граничат со големата пелагониска котлина т.е. секиречкото поле. Расположено е на надморска височина од околу 620 метри. Од градот [[Прилеп]] е оддалечено 30 километри во северозападен правец.<ref name=mitkopanov/>


Крај Костинци тече [[Строшка Река]], која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5&nbsp;км<sup>2</sup> на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14 ха, а на шумите само 3 хектари.<ref name=mitkopanov/> Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои и Илјадница.
Крај Костинци тече [[Строшка Река]], која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5&nbsp;км<sup>2</sup> на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14&nbsp;ха, а на шумите само 3 хектари.<ref name=mitkopanov/> Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои и Илјадница.


== Историја ==
== Историја ==

Преработка од 04:30, 24 јуни 2020

Костинци

Панорама на Костинци

Костинци во рамките на Македонија
Костинци
Местоположба на Костинци во Македонија
Костинци на карта

Карта

Координати 41°30′08″N 21°24′27″E / 41.50222° СГШ; 21.40750° ИГД / 41.50222; 21.40750Координати: 41°30′08″N 21°24′27″E / 41.50222° СГШ; 21.40750° ИГД / 41.50222; 21.40750
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 101[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20051
Надм. вис. 620 м
Слава Мала Богородица
Костинци на општинската карта

Атарот на Костинци во рамките на општината
Костинци на Ризницата

Костинци — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

Костинци — село во северниот дел Прилепското Поле и Општината Долнени, од десната страна на патот ПрилепМакедонски Брод.[3] Поточно, селото Костинци се наоѓа во прилепскиот крај, во крајниот северен дел на Пелагонија. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Костинци од источната страна се граничи со огранците на планината Бабуна спуштени спрема с. Слепче, како и слепечкото поле, од север се граничи со атарот на с. Црнилиште и долгаечкото поле, а од запад зрзеското поле и благите огранци на планината Даутица кои се спуштаат паралелно со долината на местото наречено Бојаник. Од јужната страна селото и неговото поле се граничат со големата пелагониска котлина т.е. секиречкото поле. Расположено е на надморска височина од околу 620 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 30 километри во северозападен правец.[3]

Крај Костинци тече Строшка Река, која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2 на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14 ха, а на шумите само 3 хектари.[3] Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои и Илјадница.

Историја

Ракав „со една вртешка“ од женска празнична кошула. Везен со волна во бои: „аловна“, „ѓувезна“, црна и жолта. С. Костинци, Прилепско Поле, крај на XIX век.

Селото Костинци за првпат во пишаните историски документи се споменува во 1335 година под името Костино, кога кралот Стефан Душан го приложил на манастирот Трескавец.[4]. Потврдено е дека овој запис се однесува на денешното Костинци.

Местноста Манастириште се наоѓа северозападно од Костинци крај железничката пруга каде што на површината на земјата се гледаат „бигори, тули, камења со староземски слики“ (една плоча со ликови „сурати“ била откопана во 1933). Дел од овие старини биле земени од бугарската војска во Втората светска војна. За време на Првата светска војна на ова место се појавил снажен извор и тогаш селаните таму имале бавчи. Силното врело пресушило во 1918 година, а повторно почнало да дава вода од 1941 до 1944 година. Таму е и местноста Капина каде се пронајдени стари гробови обложени со земјани плочи во внатрешноста. Покрај Манастириште еден потег се нарекува Дуња за кој селаните велат дека таму се наоѓало старото село Костинци. Бидејќи, местото било на сред патишта, селото било поместено на денешната местоположба. Тогаш пропаднал и храмот на Манастириште. Не се знае кога точно е основано денешното село Костинци. Најстариот род во него се Ѓерекарци. Основачот на тој род живеел кон крајот на XVIII век. Потоа се доселиле Јанкуловци, Џиковци и други македонски родови. Меѓу народот се говори дека земјата на која се сегашните куќи била „ниско место и во него стоела вода“.

Недалеку од селото се местностите Езериште и Рибник. Во Рибник се ловела риба за манастирот Трескавец близу Прилеп. Потегот Езериште порано било црковен имот, кој потоа го завладеал еден чифлик-сајбија, за на крај тоа земјиште да го купат селаните. Селска и црковна слава е Мала Богородица. За време на турското владеење, воглавно во XIX век, во Костинци имало седум чифлици од кои еден бил во сопственост на жител од Зајас кај Кичево, а другите биле од Прилеп. Како и во другите села, тие тука претходно биле полјаци и ќаи – чувари на стока. Сите селани работеле како момци и ортаци на чифлиците, а по 1912 година ја купиле земјата. Во средината на педесетите години на ХХ век Костинци поради својата средишна - централна местоположба било општина за поголем број села од овој северен крај на Прилепското Поле поради што во него тогаш биле изградени повеќе општествени и управни установи како: матична служба, пошта, здравствена амбуланта, дом на културата, продавница.

Стопанство

Сушење тутун во селото

Според составот на атарот Костинци има изразита и исклучително поледелска функција[3]. На плодното рамничарско земјиште околу, населението како и во целиот прилепски крај најмногу одгледува тутун, жито - особено пченица и пченка, за кои има современ млин-мелница, сончоглед. За плодноста и родноста на земјата сведочи името на една местност со ниви која се нарекува „Илјадница“, а која што името го добила по тоа што на неа имало илјада снопови ожнеана пченица. Сите куќи имаат пространи дворови во кои има бавчи во кои жителите одгледуваат градинарски производи под пластеници и на отворено, од кои најмногу: пиперки, патлиџани (домати), краставици, компир, кромид, лук, бостан - лубеници, тикви, дињи, како и голем број на овошни дрвја како јаболка, круши, сливи и ореви. Доста е застапено и сточарството односно одгледување на крупен добиток. На самиот влез на селото постои новоизградена краварска фарма во која се одгледуваат десетици крави, а чиј сопственик дополнително обработува и 150 хектари државно земјоделско земјиште под разни насади и култури при што покрај за брашно и леб, се одгледуваат и фуражни култури за сточна храна. До 2013 во Костинци работела и продавница, а има и земјоделска задруга.

Население

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Костнчи и имало 19 семејства и 2 неженети, сите христијани.[5]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Костинци е посочено како село со 48 домаќинства и 157 жители Македонци.[6]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костинци имало 300 жители Македонци.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 240 жители Македонци.[8]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живеел 101 жител, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 230 200 424 463 433 333 198 145 123 101
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Родови

Костинци отсекогаш во целост е населено со православни Македонци. Како што е споменато најстар македонски род во селото, кој најверојатно се старинци, се Ѓерекарци (слават Митровден). Родот потекнува од предокот Нестор кој е повеќе запамтен под прекарот Ѓерекар кој живеел кон крајот на XVIII век. Познат е следниот родослов на овој род: Милан 77 години во 1954 – Ѓорѓија-Миленко-Цветан-Нестор. Се зборува дека Нестор имал задруга од 36 луѓе кои најпрвин биле единствените жители на Костинци. Споменатиот Нестор со царски „берат“ (дозвола) ја извршувал должноста на доганџија – наоѓал и вежбал соколи за царскиот двор во Цариград, поради што тој во овој крај уживал одредени повластувања. За Нестор Ѓерекар се вели дека бил богат и силен човек кој „судел“ овде. Имал 12.000 овци, чиишто трла биле во местноста Бело Поле спрема селото Слепче. Еднаш неговите кучиња растргнале неколку жени од Слепче, за што тој ја убил и својата сестра Чамина која ги осудувала неговите недела. После тоа споменатата задруга изумрела: од 36 членови, живи останале две деца - едно момче и едно девојче. Момчето израснало во селото Дебреште, а девојката во Долнени. Кога пораснало момчето се вратило во Костинци и од него потекнува денешниот род. Шутковци и Пупунчевци слават Митровден. Тие се гранки на родот Ѓерекари. Доселени македонски родови се: Џиковци и Јанкуловци кои слават Митровден. Се доселиле на крајот на XVIII век од прилепското село Беловодица во долината Раец. Трпановци (слават Св. Никола) потекнуваат од Трпан кој пред околу 220 години се доселил од Богомила во долината на Бабуна. Се знае следниот нивен родослов: Бошко 72 години во 1954 – Ристе-Тале-Бошко-Трпан. Куртовци (слават Свети Никола) дошле од Белутино, сега пусто селиште помеѓу Слепче и Гостиражни. Димковци (слават Свети Архангел) дошле од Секирци каде имаат роднини (Божиновци и Ѓоревци) чие подалечно потекло е од Порече. Здравевци (слават Свети Никола) за кои се говори дека „биле момоци во Сливје, па во манастирот во Зрзе и во Чепигово“, а овде дошле во 1912 година.

Општествени установи

Во Костинци работи основното училиште „Петре Глигуровски“, каде што изведува настава до петто одделение.[13] Освен тоа, во него има и амбуланта, пошта, земјоделска задруга и услужни објекти.[3]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на истоимената општина.

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1485 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 51 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Манастириште — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Дуња — неопределено наоѓалиште од непознат период;
  • Капина — неопределено наоѓалиште од непознат период.

Редовни настани

  • Мала Богородица — патрони празник на селската црква посветена на Рождеството на Пресвета Богородица и воедно селска слава, на којашто се пречекуваат голем број на гости од селото, околните места, некогашни жители со нивните потомци и роднини.

Култура и спорт

На самиот влез на селото на северниот крај во правец на Црнилиште и ЖС „Слепче“ постои разрушената зграда на некогашниот културен дом во кој работело и кино, а настапувале и познати македонски пејачи, глумци и уметници како Васка Илиева, Александар Сариевски, Благоја Спиркоски - Џумерко и др. На другиот крај на селото, на патот кон Секирци во дворот помеѓу основното училиште и здравствената амбуланта постои фудбалско игралиште.

Иселеништво

Се знае за родот Солуновци кои отишле во Црнилиште. Голем број иселеници има во Прилеп, во Скопје во населбите Лисиче, Драчево и Пинтија.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 април 2020.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија. стр. 159.
  4. Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 373.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.76
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Образование“. Општина Долнени.
  14. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 21 април 2020.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности.

Надворешни врски