Дигитален видеодиск: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: vi:DVD
с Бот Додава: ia:DVD
Ред 71: Ред 71:
[[hr:DVD]]
[[hr:DVD]]
[[hu:DVD]]
[[hu:DVD]]
[[ia:DVD]]
[[id:DVD]]
[[id:DVD]]
[[io:DVD]]
[[io:DVD]]

Преработка од 11:08, 11 ноември 2008

Дигитален видео диск англиски: Digital Versatile Disc (скратено DVD) e пренесувач на податоци-оптички уред со доста поголем капацитет од неговиот претходник CD (Compact Disc). DVD е оптички диск кој се користи како средство за висококвалитетно складирање на податоци, но во масовна употреба воглавно служи за складирање филмови. DVD изворно е препознатливо како (Digital Video Disc). DVD дисковите по големината и по изгледот се потполно идентични со CD дисковите.


Историја Доаѓањето на ДВД форматот е најавен во септември 1995 година, а негова прва службена спецификација е претставена една година подоцна. Првите двд плеери на јапонскиот пазар се појавени во 1996 година, а во САД во продажба се влезени во март 1997 година. ДВД уредите на почетокот биле многу скапи и достигнувале цена од над 500 долари, а пролетта во 1999 година нивната цена за прв пат паднала под 300 долари, таа година брзо паднала продажбата на VHS касети,но денес ДВД дисковите се убедливо попродавани од VHS касетите-во некои држави продажбата на ДВД дискови достигнува и над 95% за разлика од ниско капацитивните VHS касети. ДВД дисковите и плеерите денеска можат да се купат во сите поголеми продавници, а нивните цени почнаа да паѓаат до, па дури и под цените на VHS уредите.

Во 2000 година Јапонската компанија „Сони“ во продажба го пушти играчкиот систем Play Station 2 кој користи CD-и и DVD-и, кои покрај можноста да се играат видео игри, нудат и репродукција на ДВД филмови, што во Јапонија се покажало како полн погодок бидејки конзолата била толку ефтина за нивниот пазар што достигнала пониска цена отколку на ДВД плеерите.

Компанијата „Сони“ на својата следна конзола Play Station3 воведува можност за репродукција на филмови со синозрачни (BLUE RAY) дискови кој се HD-DVD еден од наследниците на DVD.

На 15 април 2004 година компанијата „Сони“ го произведе првиот двостран диск кој има капацитет од 25 ГБ, или за околу 5 пати поголем капацитет од стандардните ДВД -и со 4,7 гб. Последната генерација на BLUE RAY дискови имаат капацитет од 15-25 ГБ за едностран двослоен запис и од 30-50 ГБ за двослоен запис.




Видови DVD:


• DVD-ROM

• DVD-5 има едностран запис и капацитет од 4,7 ГБ

• DVD-9 има двослоен едностран запис икапацитет 9 ГБ

• DVD-10 има двостран двослоен запис и капацитет од 10 ГБ

• DVD-18 има двостран двослоен запис и капацитет од 18 ГБ

• DVD-R има капацитет од 4.7 ГБ и дисковите служат за едно снимање

• DVD-RW има капацитет од 4,7 ГБ, а дисковите имаат можност за преснимување на снимениот материјал

• DVD-RAM бара посебна единица за читање дискови од 4,7 или 9,4 ГБ снимен материјал, а таквите дискови се сместени во пластично куќиште. Дисковите со 2,6 ГБ капацитет можат да бидат извадени од куќиштето и да се користат во DVD-ROM единица, чиј најголем капацитет е 9,7 ГБ

• DVD+R има едностран еднослоен запис и капацитет од 4,7 ГБ а дисковите служат за едно снимање

• DVD+R DL дискови се извадени од DVD+R а користат двослоен запис,тие служат за еднократно снимање од 8,5 ГБ податоци.

• DVD+RW има капацитет од 4,7 ГБ а дисковите имаат можност и за преснимување,нивниот запис може да биде прикажан на стандарден DVD уред.