Истрага на местото на злосторството: Мајами: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
поправка на линк |
с Бот Додава: lb:CSI: Miami |
||
Ред 50: | Ред 50: | ||
[[ja:CSI:マイアミ]] |
[[ja:CSI:マイアミ]] |
||
[[ko:CSI: 마이애미]] |
[[ko:CSI: 마이애미]] |
||
[[lb:CSI: Miami]] |
|||
[[lt:CSI: Majamis]] |
[[lt:CSI: Majamis]] |
||
[[nl:CSI: Miami]] |
[[nl:CSI: Miami]] |
Преработка од 12:40, 10 ноември 2008
Предлошка:Инфокутија Телевизиска емисија Истрага на местото на злосторството: Мајами (англиски: CSI: Miami) е популарна и наградувана американска телевизиска серија. Серијата за првпат се прикажа во 2002 година и досега има освоено една Еми награда за најдобра серија во 2003 година, а следната година повторно беше номинирана, но победата ја однесоа колегите од серијалот ЦСИ: Лас Вегас.
Кај нас, А1 телевизија моментално ја емитува четвртата сезона од оваа серија.
Синопсис
Одделот за истрага во Мајами ја има истата функција како и нивните колеги од Лас Вегас, Њујорк. Нивната лабораторија е помала од оние во Лас Вегас и Њујорк, но ја има истата функција, разрешување на сите видови на криминални дејствија, а специјалност им се убиствата во градот познат кај Рајска метропола.
Шеф на одделот е поручник Хорацио Кејн (en.Lt.Horatio Caine), кој на тоа место доаѓа по заминувањето на Меган Донер. Крстен е по писателот Хорацио Алгер. Израснат во Мајами и одлично го познава уличниот живот и при истрагите секогаш се води по инстиктот. Негова специјалност се бомбашките напади, бидејќи и самиот бил дел од таква екипа, па одлично се разбира во монтирање и демонтирање на бомби. Хорацио го игра актерот Дејвид Карузо.