Алданци: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°22′5″N 21°17′47″E / 41.36806° СГШ; 21.29639° ИГД / 41.36806; 21.29639
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Родови: Точка-запирка по место пред двојна квадратна заграда, replaced: ;]] → ]]; (2) using AWB
с →‎top: Додавање на потребен параметар, replaced: Инфокутија за село во Република Македонија| → Инфокутија за село во Република using AWB
Ред 1: Ред 1:
:''За скопското село Алдинци, видете [[Алдинци|овде]].''
:''За скопското село Алдинци, видете [[Алдинци|овде]].''
{{Инфокутија за село во Република Македонија|
{{Инфокутија за село во Република Македонија
| слика= Aldanci 21.JPG
| слика= Aldanci 21.JPG
| опис= Поглед кон Алданци
| опис= Поглед кон Алданци
| име=Алданци
| име=Алданци
| регион=
| општина= [[Општина Крушево|Крушево]]
| општина= [[Општина Крушево|Крушево]]
| население= 417
| население= 417

Преработка од 09:40, 17 јуни 2020

За скопското село Алдинци, видете овде.
Алданци

Поглед кон Алданци

Алданци во рамките на Македонија
Алданци
Местоположба на Алданци во Македонија
Алданци на карта

Карта

Координати 41°22′5″N 21°17′47″E / 41.36806° СГШ; 21.29639° ИГД / 41.36806; 21.29639
Општина Крушево
Население 417 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 16001
Алданци на општинската карта

Атарот на Алданци во рамките на општината
Алданци на Ризницата

Алданци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Географија и местоположба

Алданци се наоѓа на надморска височина од околу 900 м, во подножјето на Бушева Планина, оддалечено 11 километри од Крушево, на патот што води за Прилеп. Низ Алданци врви реката Нороска.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Халданци имало 25 семејства и 4 неженети, сите христијани. Подоцна христијаните од ова село биле населени во блиското село Годивле.[2]

Стопанство

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Алданци живееле 270 жители, сите Албанци.[3]

Според пописот од 2002 год. во Алданци живееле 417 жители, од кои:[4]

Националност Вкупно
Македонци 14
Албанци 397
Турци 5
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 1

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 451
1953 36 335 67 1 ... 65 504
1961 155 70 312 ... ... ... 537
1971 149 24 359 ... 1 ... 15 548
1981 52 67 320 ... 20 459
1991 19 353 92 2 1 467
1994 15 294 105 414
2002 14 397 5 1 417

Родови

Алданци е албанско-македонско село, а порано во селото имало и Власи.

  • Албански родови во селото се: Мисирлиовци (17 к.) доселени се од Мисир, тие потекнуваат од предок Турчин, порано зборувале на турски; Дибрановци (4 к.) доселени се од Долен Дебар (денес во Албанија); Костењовци (6 к.) доселени се од Костењево, Дебарско (од албанска страна); Рочовци (4 к.) доселени се од некое село Роч во Албанија; Адемовци (5 к.), Миџовци (3 к.), Дишовци (2 к.) и Велијовци (1 к.) доселени се од Албанија; Зенговци (2 к.) најпрво живееле во Прилеп, па од таму отишле во Турција и на крај од Турција се вратиле назад и дошле овде (од тука им била мајката/бабата), зборуваат албански и турски; Јаја хоџа (1 к.) и Небиовци (1 к.) Торбеши се. Првите се доселени од Лажани, а вторите од Длапкин Дол, Кичевско, зборуваат албански и македонски; Ајдиновци (1 к.) последни албански доселеници.
  • Македонски родови во селото се: Богојевци (2 к.), Петковци (1 к.) и Николовци (1 к.) доселени се од селото Селце, подалечно потекло на родот Петковци е од околината на Корча, Албанија, а на останатите два рода од селото Стеблево, Голо Брдо; Здравковци (1 к.) доселени се од селото Вардино, Железник, некое време живееле во Крушево; Јанкуловци (1 к.) доселени се од селото Острилци, Железник/Крушевско; Талевци (2 к.), Шукловци (2 к.), Ѓокаревци (1 к.), Криволивиче (1 к.) и Наќевци (1 к.) доселени се од Крушево; Смилевци (3 к.) доселени се од селото Сланско, Порече. Некое време биле во Крушево, каде имаат роднини (5 к.); Спировци (1 к.) доселени се од селото Зрзе.
  • Влашки родови биле: Грца (2 к.), Ташко Јуца (1 к.), Дошко (1 к.), Мајовци (1 к.), Штерју Гога (1 к.) и Гуча (1 к.) доселени се после 1918 година од Крушево.[6]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1197 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 418 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[9]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.70
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.245.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ.

Надворешни врски