Разлика помеѓу преработките на „Доналд Трамп“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 4 бајти ,  пред 1 година
с
→‎Биографија: Непотребна врска, replaced: Los Angeles Times → Los Angeles Times using AWB
с (Отстранување на непотребни загради за врска, replaced: The Washington Post → The Washington Post using AWB)
с (→‎Биографија: Непотребна врска, replaced: Los Angeles Times → Los Angeles Times using AWB)
Трамп бил роден и израснал во [[Урбани подрачја во Њујорк|подрачјето]] [[Квинс]] во [[Њујорк (град)|Њујорк]] каде што дипломирал [[економија]] на факултетот [[Вартон]] при [[Универзитет Пенсилванија|универзитетот Пенсилванија]] во 1968. Во 1971 тој ја презел семејната фирма за недвижности и градежништво „''Elizabeth Trump & Son''“, која што подоцна се преименила во „''[[Организација Трамп]]''“ ({{lang-en|The Trump Organization}}), каде што моментално е извршен директор и претседател. За време на неговата деловна кариера, фирмите на Трамп изградиле, реновирале и управувале со голем број на деловни згради и простории, хотели, казина и терени за голф. Трамп бил сопственик на [[Мис САД]] и [[Мис Универзум]] од 1996 до 2015. Доналд Трамп исто така го користи своето презиме со цел да брендира голем број различни производи. Во 2004 година, тој станал водител на ''[[Чирак]]'' ({{lang-en|The Apprentice}}), [[реалити шоу]] кое што се емитувало на телевизијата [[Ен-би-си|NBC]] од 2004 до 2015 година (сè уште се прикажува како извршен директор на шоуто). Во 2016, [[Форбс]] го поставил Трамп како 324. [[Милијардери во светот|најбогат човек во светот]] (113. во САД) со богатство од 4,5 милијарди долари.
 
Трамп своевремено бил кандидат на внатрепартиските избори во [[Реформска партија (САД)|Реформската партија]] во 2000 година, но се повлекол пред да започне гласањето. Тој исто така сакал да се кандидира на [[Претседателски избори во САД, 2012|претседателските избори во 2012]] како кандидат на [[Републиканска партија (САД)|Републиканската партија]], но на крајот се одлучил да не се кандидира. Во јуни 2015 година, тој го најавил своето кандидирање за [[Претседателски избори во САД, 2016|претседателските избори во 2016]], и набргу станал фаворит помеѓу 17. останати кандидати од [[Внатрепартиски избори на Републиканската партија во САД (2016)|Републиканската партија]]. Неговите главни ривали ги откажале своите кампањи во мај 2016, и во јули тој формално бил номиниран за републикански кандидат за претседател на републиканската конвенција. Кампањата на Доналд Трамп добила голема медиумска покриеност како и меѓународно внимание. Голем број од неговите изјави и интервјуа, на социјалните мрежи и на неговите митинзи биле контроверзни.<ref>{{cite news |url=http://www.latimes.com/politics/la-na-pol-trump-false-statements-20160925-snap-story.html |title=Scope of Trump's falsehoods unprecedented for a modern presidential candidate |last=Finnegan |first=Michael |newspaper=[[Los Angeles Times]] |date=September 25, 2016 |accessdate=December 8, 2016}}</ref><ref>{{cite news |url=https://www.washingtonpost.com/news/the-fix/wp/2016/07/01/donald-trump-has-been-wrong-way-more-often-than-all-the-other-2016-candidates-combined/ |title=A fact checker looked into 158 things Donald Trump said. 78 percent were false. |last=Cillizza |first=Chris |newspaper=The Washington Post |date=July 1, 2016 |accessdate=December 8, 2016}}</ref><ref>{{cite news |url=https://www.thestar.com/news/world/uselection/2016/11/04/donald-trump-the-unauthorized-database-of-false-things.html |title=Donald Trump said 560 false things, total |last1=Dale |first1=Daniel |last2=Talaga |first2=Tanya |newspaper=[[Toronto Star]] |date=November 4, 2016 |accessdate=December 8, 2016}}</ref> Бројни протести против Трамп се случиле по изборите.
 
Трамп победил на претседателските избори на 8 ноември 2016, освојувајќи мнозинство во американскиот [[Изборен колегиум (САД)|изборен колегиум]], и покрај тоа што добил помалку гласови на [[Народно гласање (претставничка демократија)|народното гласање]] на национално ниво од кандидатот на [[Демократска партија (САД)|Демократската партија]], [[Хилари Клинтон]]. На полни 70 години, Трамп стана најстариот и најбогатиот човек што станал претседател на САД, надминувајќи ги [[Роналд Реган]] и [[Џорџ Вашингтон]].<!--See discussion at https://en.wikipedia.org/wiki/Talk:Donald_Trump/Archive_33#Does_the_.22oldest_person.22_thing_really_belong_in_the_lead.3F --> Тој исто така е единствениот човек во историјата на САД кој ќе биде избран за претседател, а кој притоа не вршел никаква претходна воена или друга јавна дејност.

Прегледник