Анџело Ди Ливио: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 32: Ред 32:


==Клупска кариера==
==Клупска кариера==
===Почетоци===
===Почетокот на кариерата и раните години од неа===
Започнал да игра фудбал во Полиспортива Буфалота, клуб кој го носи своето име по [[Буфалота|истоимениот кварт]] во [[Рим]], каде Ди Ливио пораснал.<ref>[http://www.pianeta-calcio.it/?page=vedi_incontri_vip&id=257 Pianeta-calcio.it]</ref> На возраст од петнаесет години, тој се приклучил на младинскиот тим на {{Fb team (N) Roma}}, со која го освоил [[Турнир Вијареџо|Турнирот Вијареџо]] во 1983 година. Во сезоната 1984-1985, бил промовиран во првиот тим на Рома, но не добил шанса од тренерот [[Роберто Клаглуна]] да дебитира.
Роден во [[Рим]] Ди Ливио ја започнал својата кариера во екипата на [[ФК Рома|Рома]] каде станува професионалец во сезоната 1984-85, но не одиграл ниту еден официјален меч за клубот. Во следната сезона тој заминува од ''клубот од престолнината'' и се сели во [[серија Ц1|третолигашот]] [[ФК Реџана|Реџана]] каде ги одиграл првите свои официјални фудбалски натпревари. Тој ја завршил сезоната со 13 одиграни натпревари и пред стартот на следната сезона, 1986-87, тој потпишал за друг тим од [[Серија Ц1]], [[Ночерина Калчо|Ночерина]]. Играјќи за Ночерина тој станува редовен член на првиот тим и го постигнува својот прв професионален погодок во кариерата. И покрај големата минутажа која ја добива во клубот и добрата сезона Ди Ливио решава да ја напушти Ночерина и да му се приклучи на тогаш една лига послабиот тим на [[Перуџа Калчо|Перуџа]] (тим кој и покрај проблемите во тој период бил многу поголем и популарен од Ночерина). Веќе во првата сезона тој им помага да обезбедат промоција.

Откако не направил ниту еден официјален настап за Рома во сезоната, во следната тој бил позајмен на [[ФК Реџана 1919|Реџана]], каде ги одиграл своите први минути како професионалец завршувајќи го престојот таму со 13 настапи. Тој ја завршил сезоната со 13 одиграни натпревари и пред стартот на следната сезона, 1986-87, тој потпишал за друг тим од [[Серија Ц1]], [[Ночерина Калчо|Ночерина]]. Играјќи за Ночерина тој станува редовен член на првиот тим и го постигнува својот прв професионален погодок во кариерата. И покрај големата минутажа која ја добива во клубот и добрата сезона Ди Ливио решава да ја напушти Ночерина и да му се приклучи на тогаш една лига послабиот тим на [[Перуџа Калчо|Перуџа]] (тим кој и покрај проблемите во тој период бил многу поголем и популарен од Ночерина). Веќе во првата сезона тој им помага да обезбедат промоција.


===Падова===
===Падова===

Преработка од 21:42, 14 јуни 2020

Анџело Ди Ливио
Лични податоци
Роден на 26 јули 1966(1966-07-26)(57 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2005 (38 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1984-1985 Рома Рома 0 (0)
1985-1986Реџана Реџана 13 (0)
1986-1987Ночерина Ночерина 31 (1)
1987-1989 Перуџа Перуџа 72 (4)
1989-1993 Падова Падова 138 (13)
1993-1999 Јувентус Јувентус 186 (3)
1999-2005 Фјорентина Фјорентина 169 (8)
Репрезентација
1995-2002 Италија Италија 40 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Анџело Ди Ливио (роден на 26 јули 1966 во Рим) е поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија

Анџело е во брак со Сабрина со која има син, Лоренцо, кој исто така е фудбалер.[1]

Технички карактеристики

За време на својот престој во Јувентус, под водството на Марчело Липи, тој играл како мецала, бек или крилен напаѓач, и тоа најчесто по десната страна,[2] иако не малку пати бил користен и по левата страна[3][4] додека во Фјорентина ја покривал позицијата на централен играч од средниот ред, играјќи во различни улоги.[2]

Одличен во дефанзивна фаза на игра и обдарен со спринт, пожртвуваност и издржливост, тој бил познат како Il soldatino (превод на мак. Малиот војник),[5] прекар кој го добил од својот соиграч во Јувентус и италијанската репрезентација, Роберто Баџо, поради неговиот карактеристичен начин на движење по теренот, напред-назад по крилната позиција.[6]

Клупска кариера

Почетоци

Започнал да игра фудбал во Полиспортива Буфалота, клуб кој го носи своето име по истоимениот кварт во Рим, каде Ди Ливио пораснал.[7] На возраст од петнаесет години, тој се приклучил на младинскиот тим на Рома, со која го освоил Турнирот Вијареџо во 1983 година. Во сезоната 1984-1985, бил промовиран во првиот тим на Рома, но не добил шанса од тренерот Роберто Клаглуна да дебитира.

Откако не направил ниту еден официјален настап за Рома во сезоната, во следната тој бил позајмен на Реџана, каде ги одиграл своите први минути како професионалец завршувајќи го престојот таму со 13 настапи. Тој ја завршил сезоната со 13 одиграни натпревари и пред стартот на следната сезона, 1986-87, тој потпишал за друг тим од Серија Ц1, Ночерина. Играјќи за Ночерина тој станува редовен член на првиот тим и го постигнува својот прв професионален погодок во кариерата. И покрај големата минутажа која ја добива во клубот и добрата сезона Ди Ливио решава да ја напушти Ночерина и да му се приклучи на тогаш една лига послабиот тим на Перуџа (тим кој и покрај проблемите во тој период бил многу поголем и популарен од Ночерина). Веќе во првата сезона тој им помага да обезбедат промоција.

Падова

По двеипол сезони поминати во дресот на Перуџа, Ди Ливио прави чекор напред во својата кариера со трансферот во екипата на Падова која се натпреварува во Серија Б. Трансферот е реализиран во јануарскиот преоден рок 1990 година. Тој одигра триипол сезони во Падова во кој запишал 138 натпревари и постигнал 13 голови кој го прават еден од клучните играчи на клубот.

Јувентус

Во летото 1993 година Ди Ливио заедно со соиграчот од Падова, Алесандро Дел Пиеро му се приклучија на гигантот Јувентус. Тоа беше прва можност за Ди Ливио да ги покаќе своите квалитети на највисокото фудбалско ниво во Италија. Своето деби за Јувентус, а воедно и во Серија А Ди Ливио го направил на 5 септември 1993, на 27 години, во поразот на неговиот тим на гостувањето кај Рома со 2-1. На 27 октомври тој го постигнува својот прв погодок за бјанконерите во поразот со 4-3 од Венеција во натпревар од Coppa Italia. Неговиот прв лигашки погодок, пак доаѓа на стартот на втората негова сезона во клубот кога тој го постигна единствениот погодок во победата над Сампдорија од 1-0 на 25 септември 1994. Играјќи за Јувентус тој уживаше во освојувањето на три титули во Серија А, еден трофеј во Coppa Italia, два Суперкупа на Италија, еден трофеј во Лигата на Шампионите, еден Суперкуп на Европа и еден Интерконтинентален куп.

Фјорентина

Во летото 1999 Ди Ливио се пресели во редовите на Фјорентина на 33 годишна возраст. Тој успеа да триумфира во Coppa Italia со виола во сезоната 2000-01, по што следеа тешки дeнови за тимот од Фиренца. Веќе следната сезона тимот испаѓа од Серија А, а набргу потоа и објавува банкрот по што започнува одпочеток да се натпреварува, и тоа во Серија Ц2 под името Флорентиа Виола. Ди Ливио беше еден од малкуте играчи од тогашниот состав кој останаа да настапуваат за клубот во Ц2. По промоцијата во Серија Б (веќе следната сезона), тимот го враќа своето старо име Фјорентина. И покрај тоа што веќе беше во поодминати фудбалски години, Ди Ливио реши да продолжи да игра за клубот со цел да му помогне да се врати во Серија А, на тој начин оддолжувајќи го пензионирањето. Тој успева во својата цел изборувајчи промоција во Серија А и Објави дека ќе остане уште за една сезона поради неговата желба одново да заигра на највисокото ниво. Тој одигра 12 натпревари во сезоната 2004-05 во Серија А по што се повлече од фудбалот. Последниот официјален натпревар го одигра на 29 мај 2005 во победата на Фјорентина над Бреша со 3-0.

Репрезентативна кариера

Тој го направи своето деби во националниот тим на Италија на 29 години, на 6 септември 1995 година, во натпревар помеѓу Италија и Словенија (што заврши 1-0 за аѕурите).

Подоцна тој учествува на 4 големи првенства две светски и две европски. Тој учествувал на Европското првенство 1996, на Светското првенство 1998, Европското првенство 2000 и на речиси 36 години на Светското првенство 2002. На 18 јуни 2002 година го одигра својот последен натпревар со репрезентацијата во втората фаза на Светското првенство каде беа елиминирани од Јужна Кореја со 2-1.

Тој собра 40 настапи за Аѕурите, од кои само во 12 ги одиграл сите 90 минути.

Титули

Италија Јувентус

Италија Фјорентина

Наводи

  1. Francesco Oddi (7 јануари 2016). „Papà Di Livio: "Lorenzo? Ha più qualità di me, ed è già maturo".
  2. 2,0 2,1 Празен навод (help).
  3. „Di Livio: "Capello non mi volle alla Roma". 15 октомври 2006. Посетено на 9 август 2010.
  4. Stefano Bedeschi (3 август 2010). „Gli eroi in bianconero: Angelo DI LIVIO“. Посетено на 9 август 2010.
  5. Marco Ansaldo (22 мај 1995). „Vialli e Sousa primi della classe“. La Stampa. стр. 33. |chapter= е занемарено (help)
  6. Giorgio Dell'Arti; Maria Elena Ribezzo (17 јануари 2014). „Angelo Di Livio“. Посетено на 29 октомври 2016.
  7. Pianeta-calcio.it

Надворешни врски