Автопатролери, Автооценувачи, Бирократи, Уредници, Администратори на посредникот, Патролери, Оценувачи, Администратори
724.813
уредувања
с (→Ајде да водиме љубов и Неприлагодени: Јазична исправка, replaced: локалните жители → месните жители using AWB) |
с (Правописна исправка, replaced: -ва година → година (3), -ра година → година, -ма година → година (5) using AWB) |
||
Нејзината успешна кариера како модел му го привлекува вниманието на [[Бен Лион]], извршител на ''20th Century Fox'', кој организира пробно снимање за неа. Лион беше воодушевен и забележува: „Тоа е Џин Харлоу одново“. Понуден ѝ е стандарден шест-месечен договор со почетна плата од 125 долари неделно. На Лион не му се допаѓа името Норма Џин и ѝ го избира „Керол Линд“ како сценско име – по Карол Ломбард и Џени Линд – но наскоро самиот заклучува дека ова не е соодветен избор. Норма Џин е поканета да го мине викендот со Лион и неговата сопруга Биби Даниелс во нивниот дом. Таму тие одлучија да ѝ најдат ново име. По стапките на нејзиниот идол [[Џин Харлоу]], Норма Џин одлучува да го избере моминското презиме на мајка ѝ – Монро. Неколку варијации како што се Норма Џин Монро и Норма Монро се пробани и конечно е избрано „Џин Монро“. Сепак, најпосле, Лион одлучува дека сака таа да има ново име, бидејќи имало многу глумици со името Џин, или варијација на истото како [[Џин Питерс]], [[Џин Тирни]], [[Жан Крејн]] и [[Жан Артур]]. Барајќи некои поалитерациско име, Лион го предложува „Мерилин“, коментирајќи дека таа го потсетува на [[Мерилин Милер]], секси актерка на Бродвеј во 1920-тите години. Норма Џин отпрвин е колеблива бидејќи Мерилин е само скусување на името Мери Лин (Мary Lynn), име што не ѝ се допаѓа. На Лион, сепак, му се чини дека името „Мерилин Монро" е секси, „убаво тече“ и може да биде „среќно“ поради двојното „М"; така Норма Џин Бејкер го зеде името Мерилин Монро.
Првата филмска улога на Мерилин Монро е незаведената улога како телефонски оператор во ''[[Скандалозната госпоѓица Пилгрим]]'' во 1947
Во 1948
Таа има мала улога во филмот на Браќата Маркс, ''[[Среќни во Љубовта]]''(1949). Ги импресионира продуцентите, кои ја праќаат во [[Њујорк]] за да учествува во филмската промотивна кампања.<ref name=Summers45>Summers, p. 45.</ref> Улогата на Монро во ''[[Среќни во Љубовта]]'' го привлекува вниманието на агентот за таленти, Џони Хајд, кој се согласува да ја застапува. Тој ѝ договара аудиција кај [[Џон Хјустон]], кој ја најмува за во ''[[Џунгла на асфалтот]]'' да игра улога на млада љубовница на еден стар криминалец. Нејзината изведба е пофалена и е забележана од страна на писателот и режисер [[Џозеф Манкјевич]]. Тој го прифаќа предлогот на Хајд, Монро да одигра мала комична улога во ''[[Сè за Ева]]'' како госпоѓица Кесвел, амбициозна актерка, опишана од друг лик во филмот како студент на „Факултетот Копакабана за драмски уметности". Манкјевич подоцна коментира дека тој во неа забележал невиност која му се допаднала и дека токму ова ја потврдила неговата убеденост дека Монро е соодветна за улогата. По успехот на Монро во овие улоги, Хајд преговара за седумгодишен договор за неа со ''20th Century Fox'', кратко пред неговата смрт во декември 1950 година.<ref>Riese and Hitchens, p. 228.</ref> Некаде во текот на овој период на 1949-1950, Хајд договара на Монро да ѝ се отстрани еден мал дел од 'р'скавицата од нејзиниот малку луковичест нос, што подоцна, уште повеќе ќе го омекне нејзниниот изглед и ќе придонесе за онаа мала варијација во изгледот што таа го има во филмовите после 1950-тата.
Монро се запишува на УКЛА во 1951
=== Развој на кариерата ===
[[Image:Marilyn Monroe and Keith Andes in Clash by Night trailer.jpg|thumb|left|Со [[Кит Андис]] во ''[[Ноќен состанок]]'' (1952)]]
Ова е проследено со два филма што се јавуваат во јуни – комедијата ''[[Не сме земени!]]'' и драмата ''[[Нема потреба да тропаш]]''. ''[[Не сме земени!]]'' ја прикажува Монро како дел од натпревар за убавина. ''Variety'' го опишува филмот како ,лесен'. Рецензентот на ова списание пишува и дека Монро е искористена до максимум, прикажана во капачки костим и дека некои од нејзините сцени сугеририраат дури и некаква злоупотреба. Во ''[[Нема потреба да тропаш]]'', таа ја игра главната улога на бејбиситерка која се заканува дека ќе го нападне детето кое ѝ е доделена за да се грижи за него. Песимистичната мелодрама е лошо примена од критичарите, иако Монро самата смета дека истата вклучува дел од нејзините најдраматични изведби. ''[[Мајмунска работа]]'', успешна комедија режирана од [[Хауард Хокс]] со [[Кери Грант]] и [[Џинџер Роџерс]] во главните улоги, се јавува во септември и е првиот филм во кој Монро се појавува со својата платинска руса коса. Во ''[[Преполната куќа на О’Хенри]]'' на ''20th Century Fox'', кој излегува во август 1952
==== Нијагара ====
=== Подоцнежни филмови ===
Ќе помине повеќе од година пред Монро да го започне својот нареден филм. За време на овој хијатус, летува со Милер во Амагансет, Њујорк. На 1-ви август 1957
==== Некои го сакаат тоа жешко ====
[[Image:Marilyn Monroe in Some Like it Hot trailer cropped.jpg|thumb|left|upright|Во ''[[Некои го сакаат тоа жешко]]'' (1959)]]
По совет на Милер, Монро се враќа во [[Холивуд]] во август 1958-та за да глуми во ''[[Некои го сакаат тоа жешко]]''. Филмот е режиран од [[Били Вајлдер]], а покрај Монро, во него играат и [[Џек Лемон]] и [[Тони Кертис]]. Вајлдер веќе ги имаше искусено и доцнењето на Монро и тремата и неспособноста да го запамти текстот за за време на снимањето на ''[[Седум години верност]]''. Сепак, нејзиното однесување сега беше уште понеучтиво, а е обележано со одбивања да се учествува во снимањето и повремени испади на вулгарност. Монро постојано одбива да прими упатства од Вајлдер, или пак инсистира на многубројни преснимувања на едноставни сцени сè додека самата таа не е задоволна. Развива близок однос со Лемон, но не ѝ се допаѓа Кертис откако дознава дека тој нивните љубовни сцени ги опишал „како да го бакнуваш Хитлер“.<ref>Riese and Hitchens, p. 111</ref> Кертис подоцна ќе изјави дека коментарот требало да биде сфатен како шега.<ref>{{cite news |first=Petronella |last=Wyatt |title=Tony Curtis on Marilyn Monroe: It was like kissing Hitler! |url=http://www.dailymail.co.uk/tvshowbiz/article-560606/Tony-Curtis-Marilyn-Monroe-It-like-kissing-Hitler.html |publisher=Mail Online |date=April 18, 2008 |accessdate=2008-10-26 | location=London}}</ref> Монро доживува уште еден спонтан абортус во декември 1958
''[[Некои го сакаат тоа жешко]]'' наидува на огромен успех и е номиниран за шест „[[Оскари]]“. Монро е пофалена за нејзината изведба и ја освојува наградата ''[[Златен глобус]] за најдобра актерка во мјузикл или комедија''. Вајлдер ќе рече дека филмот е најуспешниот со кој тој некогаш бил на каков и да е начин поврзан. Зборува и за проблемите што се наметнуваа во текот на снимањето, велејќи: „Мерилин беше толку тешка за соработка, бидејќи беше тотално непредвидлива. Никогаш не знаев каков ден ќе имаме... дали ќе соработува или ќе пречи?“ Вајлдер ќе има малку трпение со нејзината методска глума и ќе рече дека наместо да оди во ''Актерското студио'' „требала да оди во Железничко... да научи нешто за пристигнувањето на време“.<ref>Riese and Hitchens, p. 2.</ref> Вајлдер се разболува за време на снимањето и појаснува: „Бевме на сред-лет – а имаше лудачка во авионот“.<ref>Summers, p. 177.</ref> Во ретроспектива, тој ќе ја зборува и за „некаква необјаснива магија" што ја поседувала Монро и за нејзиниот „апсолутен гениј како комична актерка“.
По десет дена, Монро ја објавува разделбата од Милер, а Гејбл починува од срцев удар.<ref>Goode, pp. 284–285.</ref> Вдовицата на Гејбл, Кеј, ќе ѝ рече на Лоуела Парсонс дека „вечното чекање“ на сетот на ''[[Неприлагодени]]'' е она што ја причинило смртта на Кларк, макар што не го наведува името на Монро. Запрашана од известувачите за тоа дали се чувствува виновна за смртта на Гејбл, Монро одива да одговори,<ref>Harris, p. 379.</ref> но новинарот Сидни Сколски се сеќава дека приватно таа изразила жалење за нејзиниот лош однос кон Гејбл во текот на снимањето и ја опишува Монро дека наликувала на „мрачна бездна на очај“. Монро подоцна ќе присуствува на крштевањето на синот на Гејбл, на покана од Кеј Гејбл. ''[[Неприлагодени]]'' ќе биде пречекан со просечни рецензии и не е комерцијален успех, макар што одредени критичари ќе ги пофалат изведбите на Монро и Гејбл. Хјустон подоцна ќе рече дека Монроовата изведба и не била баш глума во вистинската смисла на зборот, зашто таа се повикувала на сопствените искуства за да се покаже себеси, а не својот лик. „Немаше тука техника. Сè беше вистина. Тоа беше Мерилин.“
Во текот на наредните месеци, Монроовата зависност од алкохол и препишани лекови почнува да се одразува врз нејзинот здравје, а пријателите како Сузан Стразберг подоцна ќе зборуваат за нејзината болест. Разводот од Артур Милер е финализиран во јануари 1961
== Смртта и последиците ==
|
уредувања