Аритметичка прогресија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q170008 (translate me)
с →‎top: Правилна предлошка, replaced: Никулец од областа на математиката → математика-никулец using AWB
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{математика-никулец}}
{{Никулец од областа на математиката}}
'''Аритметичка прогресија''' или '''низа''' е таква низа на [[Број|броеви]] каде разликата меѓу секој член и членот пред него е постојана.
'''Аритметичка прогресија''' или '''низа''' е таква низа на [[Број|броеви]] каде разликата меѓу секој член и членот пред него е постојана.



Преработка од 11:39, 13 јуни 2020

Аритметичка прогресија или низа е таква низа на броеви каде разликата меѓу секој член и членот пред него е постојана.

Поединечните броеви од низата се викаат нејзини членови, а постојаната разлика (број) е разлика или диференција на аритметичката низа. На пример, низата 3, 9, 15, 21, 27, 33... е аритметичка прогресија со постојана разлика 6.

Ако како ознака за првиот член воведеме ознака а1, а за другите а2, a3 итн., и за разликата ознака d, тогаш врз основа на дефиницијата за аритметичка прогресија следува дека:

а2 = a1 + d

а3 = a2 + d = a1 + 2d

a4 = a3 + d = a1 + 3d
.
.
.

аn = an - 1 + d = a1 + (n - 1) d (општа формула за пресметување на n-тиот член од низата)

Средниот член на три последователни броеви од аритметичката прогресија (низа) е еднаков на аритметичката средина на соседните два члена.