Скриптирање на опслужувачка страна: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с Јазична исправка, replaced: сервер → опслужувач (10) using AWB |
с →Технологии за скриптирање на опслужувачска страна: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка using AWB |
||
Ред 14: | Ред 14: | ||
;[[Active Server Pages|ASP]] |
;[[Active Server Pages|ASP]] |
||
:Решение на Microsoft кое овозможува различни јазици (но најчесто се користи VBscript) да бидат вгнездени во HTML страниците. Во основа функционира само на Windows платформа, додека на другите платформи е со крајно лимитирана |
:Решение на Microsoft кое овозможува различни јазици (но најчесто се користи VBscript) да бидат вгнездени во HTML страниците. Во основа функционира само на Windows платформа, додека на другите платформи е со крајно лимитирана поддршка. |
||
;[[ColdFusion]] |
;[[ColdFusion]] |
||
:Комерцијален систем за скриптирање на опслужувачска страна, работи на повеќе платформи |
:Комерцијален систем за скриптирање на опслужувачска страна, работи на повеќе платформи |
Преработка од 06:56, 31 мај 2020
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Скриптирање на опслужувачска страна (англ. Server-side scripting) е опслужувачка технологија каде што упитите се разрешуваат преку стартување на скрипта директно на веб опслужувачот, која генерира димачка HTML страници. Оваа технологија вообичаено се користи за дизајнирање на интерактивни веб страници кои во позадина се поврзани со бази на податоци или слични складишта на податоци. Оваа технологија е реалична од технологијата на Скриптирање на клиентска страна каде што скриптите се извршуваат кај клиентот во рамките на прелистувачот. За оваа намена најчесто се користи JavaScript. Основната предност кај скриптирањето на опслужувачска страна е можноста за прецизно подесување на одговорот на опслужувачот согласно со барањата упатени од страна на клиентот, а согласно со неговите привилегии за пристап и дефинираните политики за работа со базите на податоци.
Вовед
Во "старите" времиња оваа технологија била исклучиво применувана во комбинација со C програмирањето, Perl скрипти и шел скрипти користејќи се со техниката Common Gateway Interface (CGI). Овие скрипти се извршуваат од страна на оперативниот систем. Кодирањето / програмирањето, се изведува на класичен начин согласно програмската спецификација за дадениот програмски јазик, а резултатите едноставно се испорачуваат на веб опслужувачот кој понатаму ги доставува до веб клиентот. Денес, покрај гореспоменатите техники, исто така се користат и ASP и PHP, кои директно се извршуваат од страна на опслужувачот или од страна на одредени модули (т.е. mod perl или mod php). Двата начина на скриптирање (т.е. CGI или директно извршување) можат да се исползуваат за креирање на комплексни веб страници. Препорачливо е да се користи техниката на директно извршување бидејќи вообичаено оваа техника резултира со побрз одзив бидејќи нема постојано повикување на соодветниот интерпретер.
Динамичките веб страни понекогаш се опслужувани од специјално дизајниран веб апликациски опслужувач, како што е например Python "Base HTTP Server" библиотеката.
Технологии за скриптирање на опслужувачска страна
Било кој програмски јазик може да изгенерира веб страница со помош на CGI техниката. Во продолжение ќе бидат набројани технологии кои главно се дизајнирани за скриптирање на опслужувачска страна, вообичаено со вгнездување на инструкциите директно во шаблонизираните веб страници.
- ASP
- Решение на Microsoft кое овозможува различни јазици (но најчесто се користи VBscript) да бидат вгнездени во HTML страниците. Во основа функционира само на Windows платформа, додека на другите платформи е со крајно лимитирана поддршка.
- ColdFusion
- Комерцијален систем за скриптирање на опслужувачска страна, работи на повеќе платформи
- ESP
- ESP или Escapade е создаден уште 1997 од страна на Ед Карп, најмногу се употребува во Европа, а многу малку е прифатен во САД.
- JSP
- Систем базиран на програмскиот јазик Java, кој се вгнездува во HTML страниците.
- Lasso
- Работи на повеќе платформи, интерпретерски програмски јазик.
- PHP
- opensource решение, кодот се вгнездува во HTML документот.
- JavaScript на опслужувачска страна
- JavaScript се користи најчесто на клиентска страна но може често пати да се сретне и на опслужувачска страна.
- SMX
- opensource програмски јазик сличен на Lisp, се вгнездува во HTML странците.
- Server Side Includes
- Основен систем кој е дел од apache веб опслужувачот, најчесто се користи за комбинирање на документи или делови од документи на опслужувачска страна
- Ruby on Rails
Креирање на динамички веб страници
Креирањето на динамички веб страници на страната на опслужувачот е една од главните примени на јазиците за скриптирањето на опслужувачска страна.
Како алтернатива на оваа техника се користи уште и системот на веб шаблони во таканаречена MVC рамка. Било кој "не веб специфичен" програмски јазик може да се користи за управување со веб шаблоните.