Windows 7: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
mk.wikipedia.org/wiki/Windows_7
Одбиена последната промена (од Are U Super Cereal) и ја поврати преработката 4074182 на Are U Super Cereal
Ред 18: Ред 18:
}}
}}


'''Windows 7''' претпоследната верзија на [[Оперативен систем|оперативниот систем]] [[Microsoft Windows]], најпопуларен производ на [[Америка|Американската]] корпорација [[Microsoft]]. Оперативниот систем е направен за персонални компјутери, лап-топи, таблет персонални компјутери и медија центар компјутери. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер во [[Соединети Американски Држави]] и [[Канада]] на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за официјално пуштање во продажба и за инсталација на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за инсталација и за сервери.
'''Windows 7''' претпоследната верзија на [[Оперативен систем|оперативниот систем]] [[Microsoft Windows]], најпопуларен производ на корпорацијата [[Microsoft]]. Оперативниот систем е направен за персонални компјутери, лап-топи, таблет персонални компјутери и медија центар компјутери. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер во [[Соединети Американски Држави]] и [[Канада]] на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за официјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за сервери.
За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.
За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.



Преработка од 18:51, 28 мај 2020

Windows 7

Windows 7 претпоследната верзија на оперативниот систем Microsoft Windows, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Оперативниот систем е направен за персонални компјутери, лап-топи, таблет персонални компјутери и медија центар компјутери. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер во Соединети Американски Држави и Канада на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за официјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за сервери. За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.

Карактеристики

Windows 7 вклучува голем број на нови функции како што се технологијата за допир и препознавање на ракопис, поддршка за препознавање на виртуелни хард дискови, подобрени перформанси на повеќе јадрените процесори. Нова верзија на Media Center, нов калкулатор со нови и подобрени функции. Многу нови нешта се додадени во контролниот панел. Windows Security Center е преименуван во Windows Action Center. Старт лентата има претрпено најголеми визуелни измени.

Новата старт лента.

Исто така има нови верзии на Windows Media Player и тоа со верзија 12 и Interent Explorer со верзија 8. Исто така за разлика од Vista корисниците ќе можат да оневозможат голем број на функции од Windows-от, најзначајно е тоа што корисниците сега ќе можат да го оневозможат Interenet Explorer односно да го нема во нивниот систем. Windows 7 вклучува и 13 нови шеми на звуци и тоа: Afternoon, Calligraphy, Characters, Cityscape, Delta, Festival, Garden, Heritage, Landscape, Quirky, Raga, Savanna, и Sonata. Нова верзија на Windows Virtual PC е достапна и е достапен Windows XP модот, односно корисниците да можат да користат и Windows XP на истиот компјутер додека е вклучен самиот Windows 7.

Хардверски побарувања

Минимални хардверски побарувања за Windows 7
Архитектура 32-bit 64-bit
Брзина на процесорот 1 GHz processor
Рам меморија 1 GB рам меморија 2 GB рам меморија
Графичка картичка Поддршка за DirectX 9 со 128 мегабајти графичка меморија (за Windows Aero темата)
Слободно место на хард дискот 16 гигабајти слободни место 20 гигабајти слободни место
Оптички драјв DVD драјв



Надворешни врски