Даутица: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Детален опис и изглед: Правописна исправка, replaced: чии што → чиишто using AWB
с →‎Детален опис и изглед: Правописна исправка, replaced: кој што → којшто (2) using AWB
Ред 32: Ред 32:
==Детален опис и изглед==
==Детален опис и изглед==
[[File:Dautica-MKD.JPG|thumb|250px|Глетка од пределот на Даутица над с.[[Рилево]]]]
[[File:Dautica-MKD.JPG|thumb|250px|Глетка од пределот на Даутица над с.[[Рилево]]]]
Правецот на протегање и на Даутица, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година го опишал и [[Ѓорче Петров]], кој запишал дека таа се спушта од врвот [[Јакупица]] право на југ и го заградува од запад Прилепското Поле. За нејзиното место на спојување со [[Караџица]] ја одредил местноста Боро Поле над селото [[Белица]] во Порече. Во деталниот опис [[Ѓорче Петров]] вели дека од јазолот [[Мокра]] или поправо кажано од [[Јакупица]] на местото каде што југозападната падина и се нарекува Морава Планина, право кон југ се спушта високата планина Даутица, која што го заградува од северозапад Прилепското Поле и со својот јужен крај се поврзува со Крушевската Планина и Стрмол<ref name="ReferenceA">Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.80</ref>. На почетокот таа е висока колку и блиската Салакова Планина, а на југ постепено се снижува и завршува наспроти едно подгорие на Крушевската Планина, Бушева Чешма и Стрмол. Од нив таа се одделува со превојот Барбарас по кој што минува патот од [[Прилеп]] за [[Кичево]]. Даутица е висока, многу широка и масивна планина: таа го исполнува пространството меѓу долината на р. Треска и Прилепското Поле. Билото во почетокот и претставува многу широка и тапа возвишеност, надолу станува потесно, но сѐ уште е тапо, плоснато и рамно. Единствените врвови се безимениот врв над с. [[Крапа]], кој што се издигнува не многу над општата плоснатост и врвот Мовнатец над село [[Маргари]] – и двата се голи тапи возвишенија, коишто дури немаат изглед на врвови. Падините по изгледот и карактерот значително се разликуваат една од друга: источната падина по целото свое протегање стрмно се издигнува над Прилепското Поле, а западната е многу налегната и како што се снижува постепено во вид на налегната неиспресечена плоснатост, така завршува над самата [[Треска]] во [[Порече]]<ref name="ReferenceA"/>. Голата, карпеста и грозна како краставо тело на изглед, западна падина на Даутица и сличните последни отлоги над р.Треска, образуваат доста привлечна и живописна спротставеност со преку речните каменести, темни со страшен изглед и стрмен испуст планини и нивните испусти во Порече, како и во соседниот Стрмол. На почетокот Даутица е гола, карпеста и бело-сива, на изглед сосема слична на Салакова Планина. Исто така изглед и карактер има целата нејзина падина, шумите се сѐ уште зачувани на многу места. Билото и западната падина се богати со пасишта, кои остануваат речиси без полза за околното население. По западната падина недалеку од билото и од скопските планини е с.Крапа, во чиишто бачила се прави прочуената „Крапска намаз“ (масло), која што многу скапо се цени во [[Битола]] и [[Прилеп]]. Даутица е варовничка планина и како таква е болата со внатрешни празнини и пештери, празни или полни со вода во вид на езера<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.81</ref>. Од првиот вид позната е сталактитната пештера кај манастирот Слепче. Од вториот вид е „езерото“ над с.Гостиражни.
Правецот на протегање и на Даутица, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година го опишал и [[Ѓорче Петров]], кој запишал дека таа се спушта од врвот [[Јакупица]] право на југ и го заградува од запад Прилепското Поле. За нејзиното место на спојување со [[Караџица]] ја одредил местноста Боро Поле над селото [[Белица]] во Порече. Во деталниот опис [[Ѓорче Петров]] вели дека од јазолот [[Мокра]] или поправо кажано од [[Јакупица]] на местото каде што југозападната падина и се нарекува Морава Планина, право кон југ се спушта високата планина Даутица, која што го заградува од северозапад Прилепското Поле и со својот јужен крај се поврзува со Крушевската Планина и Стрмол<ref name="ReferenceA">Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.80</ref>. На почетокот таа е висока колку и блиската Салакова Планина, а на југ постепено се снижува и завршува наспроти едно подгорие на Крушевската Планина, Бушева Чешма и Стрмол. Од нив таа се одделува со превојот Барбарас по којшто минува патот од [[Прилеп]] за [[Кичево]]. Даутица е висока, многу широка и масивна планина: таа го исполнува пространството меѓу долината на р. Треска и Прилепското Поле. Билото во почетокот и претставува многу широка и тапа возвишеност, надолу станува потесно, но сѐ уште е тапо, плоснато и рамно. Единствените врвови се безимениот врв над с. [[Крапа]], којшто се издигнува не многу над општата плоснатост и врвот Мовнатец над село [[Маргари]] – и двата се голи тапи возвишенија, коишто дури немаат изглед на врвови. Падините по изгледот и карактерот значително се разликуваат една од друга: источната падина по целото свое протегање стрмно се издигнува над Прилепското Поле, а западната е многу налегната и како што се снижува постепено во вид на налегната неиспресечена плоснатост, така завршува над самата [[Треска]] во [[Порече]]<ref name="ReferenceA"/>. Голата, карпеста и грозна како краставо тело на изглед, западна падина на Даутица и сличните последни отлоги над р.Треска, образуваат доста привлечна и живописна спротставеност со преку речните каменести, темни со страшен изглед и стрмен испуст планини и нивните испусти во Порече, како и во соседниот Стрмол. На почетокот Даутица е гола, карпеста и бело-сива, на изглед сосема слична на Салакова Планина. Исто така изглед и карактер има целата нејзина падина, шумите се сѐ уште зачувани на многу места. Билото и западната падина се богати со пасишта, кои остануваат речиси без полза за околното население. По западната падина недалеку од билото и од скопските планини е с.Крапа, во чиишто бачила се прави прочуената „Крапска намаз“ (масло), која што многу скапо се цени во [[Битола]] и [[Прилеп]]. Даутица е варовничка планина и како таква е болата со внатрешни празнини и пештери, празни или полни со вода во вид на езера<ref>Петров, Гьорче. ''Материали по изучванието на Македония''. Печатница Вълковъ, София. стр.81</ref>. Од првиот вид позната е сталактитната пештера кај манастирот Слепче. Од вториот вид е „езерото“ над с.Гостиражни.


===Потекло на името===
===Потекло на името===

Преработка од 23:47, 25 мај 2020

Даутица
Поглед на врвот Бел Камен и западните падини на Даутица во Порече
Највисока точка
Надм. вис.2178 (почеток 2423) м [1]
Географија
Даутица на карта
МестоМакедонија Македонија
Матичен венецЈакупица (Мокра)

Даутица или Орешка Планина — висока планина која се наоѓа во средишниот дел на Македонија, дел од најголемиот планински масив Мокра.

Природни одлики

Поглед на манастирот Зрзе на падините на Даутица

Планината Даутица се наоѓа во средишниот дел на Македонија и претставува пределна граница помеѓу Пелагонија и Прилепското Поле на исток, Порече на запад и долината на Бабуна во Велешко на североисток. Таа претставува единствена и крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра или Јакупица. Се протега по речиси меридијански правец север-југ со мало отклонување и завртување кон исток. Даутица започнува да се протега од пределот Перчулица висок 2423 метри кој се наоѓа под местноста Солунско Поле веднаш под Солунска Глава кој е највисокиот врв на целиот планински масив на Мокра. Продолжува да се протега во јужен правец снижувајќи се до врвот Јалоарник (1685 м.н.в.) од каде што кон исток се разгранува највисокиот врв Даутица (2178 м.н.в.) и врвот Плавник (2126 м.н.в.) на пределот Куртовица. Од врвот Јалоарник планинскиот срт и било продолжува да се протега на југ кон врвовите Момина Чука (1569 м.н.в.) и Чардак (1652 м.н.в.) од каде што се искачува до најиздадениот планински врв на нејзиното било, Бел Камен кој е висок 2074 метри. Оттука продолжува кон југ со мало свртување кон исток спуштајќи се по врвовите Клепало (1624 м.н.в.), Јалорник (1453 м.н.в.) и Баби (1275 м.н.в.) над Зрзевскиот манастир „Св. Преображение“ сѐ до Прилепското Поле во Пелагонија. Даутица е планина со варовнички состав на карпите поради што таа изобилува со многу силни, издашни и бистри извори на вода какви што се: Беличките над с.Белица, Плавник, Бела Вода, Китановски Извор, Чавкарник, Стеванов Извор, силниот извор Врело над манастирот во Зрзе и др. На нејзините падини има и повеќе пештери меѓу кои и најпознатите Змејовица (над Крапа), Пешна, Гулабарница, Јаловарник и др. Падините за застапени со густа дабова шума, а во помала мерка и буки, бор и нискостеблести грмушки. Билото под сртот е богато со пасишта.

Детален опис и изглед

Глетка од пределот на Даутица над с.Рилево

Правецот на протегање и на Даутица, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година го опишал и Ѓорче Петров, кој запишал дека таа се спушта од врвот Јакупица право на југ и го заградува од запад Прилепското Поле. За нејзиното место на спојување со Караџица ја одредил местноста Боро Поле над селото Белица во Порече. Во деталниот опис Ѓорче Петров вели дека од јазолот Мокра или поправо кажано од Јакупица на местото каде што југозападната падина и се нарекува Морава Планина, право кон југ се спушта високата планина Даутица, која што го заградува од северозапад Прилепското Поле и со својот јужен крај се поврзува со Крушевската Планина и Стрмол[2]. На почетокот таа е висока колку и блиската Салакова Планина, а на југ постепено се снижува и завршува наспроти едно подгорие на Крушевската Планина, Бушева Чешма и Стрмол. Од нив таа се одделува со превојот Барбарас по којшто минува патот од Прилеп за Кичево. Даутица е висока, многу широка и масивна планина: таа го исполнува пространството меѓу долината на р. Треска и Прилепското Поле. Билото во почетокот и претставува многу широка и тапа возвишеност, надолу станува потесно, но сѐ уште е тапо, плоснато и рамно. Единствените врвови се безимениот врв над с. Крапа, којшто се издигнува не многу над општата плоснатост и врвот Мовнатец над село Маргари – и двата се голи тапи возвишенија, коишто дури немаат изглед на врвови. Падините по изгледот и карактерот значително се разликуваат една од друга: источната падина по целото свое протегање стрмно се издигнува над Прилепското Поле, а западната е многу налегната и како што се снижува постепено во вид на налегната неиспресечена плоснатост, така завршува над самата Треска во Порече[2]. Голата, карпеста и грозна како краставо тело на изглед, западна падина на Даутица и сличните последни отлоги над р.Треска, образуваат доста привлечна и живописна спротставеност со преку речните каменести, темни со страшен изглед и стрмен испуст планини и нивните испусти во Порече, како и во соседниот Стрмол. На почетокот Даутица е гола, карпеста и бело-сива, на изглед сосема слична на Салакова Планина. Исто така изглед и карактер има целата нејзина падина, шумите се сѐ уште зачувани на многу места. Билото и западната падина се богати со пасишта, кои остануваат речиси без полза за околното население. По западната падина недалеку од билото и од скопските планини е с.Крапа, во чиишто бачила се прави прочуената „Крапска намаз“ (масло), која што многу скапо се цени во Битола и Прилеп. Даутица е варовничка планина и како таква е болата со внатрешни празнини и пештери, празни или полни со вода во вид на езера[3]. Од првиот вид позната е сталактитната пештера кај манастирот Слепче. Од вториот вид е „езерото“ над с.Гостиражни.

Потекло на името

Глетка од источните падини на Даутица

Меѓу населението постои предание за потеклото на името на Даутица во кое се вели дека доаѓа според личното име на еден нејзин дамнешен жител и стопан. Преданието вели дека планината го добила името според Даут кој со своето семејство се населил во (некогашното) село Чеплес на овој дел на планината Јакупица[4]

Планинарење

На планината Даутица има поголем број на планинарски патеки кои во моментов се обележуваат. Постојат повеќе можностите за планинарење и прошетки од трите планинарски домови: Чеплес, Папрадиште и Стровија. Позната е планинарската патека на која редовно се одржува пролетниот марш од селото Рилево преку Манастирот над Зрзе до планинарскиот дом во Стровија. Други патеки и можности за прошетки се посетата на водопадите помеѓу планинарските домови Чеплес и Папрадиште, од каде што пак може да се посетат местностите Куртовица и Плавник - која е особено прекрасна со разни рсини и виолетови цвеќиња во месецот мај. Во тек се подготовки за обележување на планинарска патека од домот во Папрадиште преку пределот Перчулица во Порече, а исто така активно се работи на продолжување на патеката на трансферзалата „Македон“ до Стровија, со што таа преку Даутица и Солунска Глава ќе биде целосно поврзана од Прилепско сѐ до Скопско и Скопје.

Наводи

  1. Топографска карта: лист Скопје (731), размер 1:100 000, Военогеографски институт, 1987
  2. 2,0 2,1 Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.80
  3. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.81
  4. - Visit Pelagonia - Планини