Зошто ние Македонците сме одделна нација: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
Ред 14: Ред 14:
| isbn =
| isbn =
}}
}}
'''Зошто ние Македонците сме одделна нација''' (познато и како '''Зошто ние Македонците сме посебна нација''') е авторски текст, статија на македонскиот публицист и културен деец [[Васил Ивановски]] потпишан под псевдонимот „Бистришки“<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.89</ref>. Статијата е издадена во [[декември]] [[1934]] година од страна на Македонскиот народен сојуз во Америка од [[Детроит]] на неговиот четврт конгрес, помеѓу многуте изложувања, реферати и резолуции, откако статијата почнала да излегува во весникот „Македонско знаме“ на почетокот на истата година, кога весникот бил забранет од софиската фашистичко-монархистичка диктатура. Оваа статија претставува една од најголемите и најтемелните докази и изложувања (прокламации) на македонската национална посебност и идентитет напишана од [[Македонци|Македонец]] на почетокот на XX век. Во оваа статија [[Васил Ивановски]] (Бистришки) преку 6 точки темелно ја објаснува и изложува посебноста на [[Македонци|македонскиот народ]], од балканските завојувачи, неговиот [[македонски јазик|јазик]], култура, историја, етногенетскиот процес на неговото создавање и економската засебност на територијата на [[Македонија]], со што ја оправдува и целта на борбата за создавање на независна национална македонска држава.
'''Зошто ние Македонците сме одделна нација''' (познато и како '''Зошто ние Македонците сме посебна нација''') е авторски текст, статија на македонскиот публицист и културен деец [[Васил Ивановски]] потпишан под псевдонимот „Бистришки“<ref name="ReferenceA">''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.89</ref>. Статијата е издадена во [[декември]] [[1934]] година од страна на Македонскиот народен сојуз во Америка од [[Детроит]] на неговиот четврт конгрес, помеѓу многуте изложувања, реферати и резолуции, откако статијата почнала да излегува во весникот „Македонско знаме“ на почетокот на истата година, кога весникот бил забранет од софиската фашистичко-монархистичка диктатура. Оваа статија претставува една од најголемите и најтемелните докази и изложувања (прокламации) на македонската национална посебност и идентитет напишана од [[Македонци|Македонец]] на почетокот на XX век. Во оваа статија [[Васил Ивановски]] (Бистришки) преку 6 точки темелно ја објаснува и изложува посебноста на [[Македонци|македонскиот народ]], од балканските завојувачи, неговиот [[македонски јазик|јазик]], култура, историја, етногенетскиот процес на неговото создавање и економската засебност на територијата на [[Македонија]], со што ја оправдува и целта на борбата за создавање на независна национална македонска држава.


== Делови од статијата „Зошто ние Македонците сме посебна нација“ ==
== Делови од статијата „Зошто ние Македонците сме посебна нација“ ==


''Одговорот на тоа прашање е пред се од големо политичко значење. Познато е дека, како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот „Македонците се најдобриот дел од бугарската нација“. Според вториот „Македонците се чисти Срби“, а според третиот „Македонците се словеногласни Елини“. Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува“ задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела [[Македонија]]<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.89</ref>.''
''Одговорот на тоа прашање е пред се од големо политичко значење. Познато е дека, како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот „Македонците се најдобриот дел од бугарската нација“. Според вториот „Македонците се чисти Срби“, а според третиот „Македонците се словеногласни Елини“. Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува“ задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела [[Македонија]]<ref name="ReferenceA"/>.''


''За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српската и грчката империјалистичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонците треба високо да изјавиме '''дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска нација која се бори за своето национално ослободување и одделување на своја македонска држава'''. Се разбира тоа не треба да го правиме само од политички причини. Доколку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓутоа таа е на лице, и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите. На таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба.<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.89</ref>''
''За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српската и грчката империјалистичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонците треба високо да изјавиме '''дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска нација која се бори за своето национално ослободување и одделување на своја македонска држава'''. Се разбира тоа не треба да го правиме само од политички причини. Доколку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓутоа таа е на лице, и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите. На таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба.<ref name="ReferenceA"/>''


''' ''Во Македонија постојат сите елементи на една самостоја македонска нација, со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја'' '''
''' ''Во Македонија постојат сите елементи на една самостоја македонска нација, со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја'' '''
Ред 28: Ред 28:
'' 2. Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат. Уште под власта на Турската империја [[Македонија]] тргна патот на својот самостоен развиток, подоцна но независно од Србија, Бугарија и Грција... Со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни трговски патишта и пазари со еден општ и главен центар - [[Солун]], а не [[Белград]], [[Софија]] или [[Атина]]<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.90-91</ref>.''
'' 2. Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат. Уште под власта на Турската империја [[Македонија]] тргна патот на својот самостоен развиток, подоцна но независно од Србија, Бугарија и Грција... Со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни трговски патишта и пазари со еден општ и главен центар - [[Солун]], а не [[Белград]], [[Софија]] или [[Атина]]<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.90-91</ref>.''


'' 3. '''[[Македонски јазик|Јазикот]] на луѓето што ја сочинуват македонската нација е словенски, со особен дијалект - македонски.''' Тоа е јазик заеднички за нив. Различните провинцијални нијанси во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална испокинатост на Македонија. Меѓутоа провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден општ '''македонски словенски дијалект''' по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиените нации, а не кај македонската нација којашто е национално поробена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик. Освен по дијалектот македонскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и содржи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните други словенски нации<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.91</ref>. ''
'' 3. '''[[Македонски јазик|Јазикот]] на луѓето што ја сочинуват македонската нација е словенски, со особен дијалект - македонски.''' Тоа е јазик заеднички за нив. Различните провинцијални нијанси во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална испокинатост на Македонија. Меѓутоа провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден општ '''македонски словенски дијалект''' по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиените нации, а не кај македонската нација којашто е национално поробена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик. Освен по дијалектот македонскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и содржи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните други словенски нации<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.91</ref>. ''


'' 4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочинуваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и македонската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни, ора и другите умотворби коишто повеќе или помалку се разликуваат од оние на бугарската, српската и другите словенски нации. '''Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни, што наспроти националното угнетување во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавуваат.''' По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се пројавуваат и среде емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Америка и секаде каде што има такви<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.92</ref>.''
'' 4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочинуваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и македонската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни, ора и другите умотворби коишто повеќе или помалку се разликуваат од оние на бугарската, српската и другите словенски нации. '''Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни, што наспроти националното угнетување во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавуваат.''' По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се пројавуваат и среде емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Америка и секаде каде што има такви<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.92</ref>.''
Ред 52: Ред 52:
'' '''Целата таа македонска историја не е само пројава на македонската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална држава, туку таа, македонската историја, во исто време е елемент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер на македонската нација'''<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.97</ref>. ''
'' '''Целата таа македонска историја не е само пројава на македонската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална држава, туку таа, македонската историја, во исто време е елемент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер на македонската нација'''<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.97</ref>. ''


Статијата [[Васил Ивановски]] - Бистришки ја завршува со последниот краток дел во кој се споменуваат останатите националности кои што живеат во [[Македонија]], а не спаѓаат во [[Македонци|македонската нација]] (Власите, Евреите, Турците, Грците, Албанците, Србите и Ромите). Бистришки во последниот дел го споменува и нивното учество во национално-ослободителната борба на [[Македонци|македонскиот народ]], со цел нивно слободно национално, економско, рамноправно и проспертитено живеење во новата слободна македонска независна држава.
Статијата [[Васил Ивановски]] - Бистришки ја завршува со последниот краток дел во кој се споменуваат останатите националности коишто живеат во [[Македонија]], а не спаѓаат во [[Македонци|македонската нација]] (Власите, Евреите, Турците, Грците, Албанците, Србите и Ромите). Бистришки во последниот дел го споменува и нивното учество во национално-ослободителната борба на [[Македонци|македонскиот народ]], со цел нивно слободно национално, економско, рамноправно и проспертитено живеење во новата слободна македонска независна држава.


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 14:38, 25 мај 2020

Зошто ние Македонците сме одделна нација
Статијата "Зошто ние Македонците сме одделна нација" (кликнете на сликата за да ја отворите и читате во целост)
АвторВасил Ивановски
ЗемјаСАД
Јазикмакедонски
Жанристорија, политика
ИздавачЧетврт конгрес на Македонскиот народен сојуз во Америка - Детроит
Издадена
1934
Страници7

Зошто ние Македонците сме одделна нација (познато и како Зошто ние Македонците сме посебна нација) е авторски текст, статија на македонскиот публицист и културен деец Васил Ивановски потпишан под псевдонимот „Бистришки“[1]. Статијата е издадена во декември 1934 година од страна на Македонскиот народен сојуз во Америка од Детроит на неговиот четврт конгрес, помеѓу многуте изложувања, реферати и резолуции, откако статијата почнала да излегува во весникот „Македонско знаме“ на почетокот на истата година, кога весникот бил забранет од софиската фашистичко-монархистичка диктатура. Оваа статија претставува една од најголемите и најтемелните докази и изложувања (прокламации) на македонската национална посебност и идентитет напишана од Македонец на почетокот на XX век. Во оваа статија Васил Ивановски (Бистришки) преку 6 точки темелно ја објаснува и изложува посебноста на македонскиот народ, од балканските завојувачи, неговиот јазик, култура, историја, етногенетскиот процес на неговото создавање и економската засебност на територијата на Македонија, со што ја оправдува и целта на борбата за создавање на независна национална македонска држава.

Делови од статијата „Зошто ние Македонците сме посебна нација“

Одговорот на тоа прашање е пред се од големо политичко значење. Познато е дека, како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. Според првиот „Македонците се најдобриот дел од бугарската нација“. Според вториот „Македонците се чисти Срби“, а според третиот „Македонците се словеногласни Елини“. Така, секој од тие наши поробувачи го „оправдува“ задржувањето под свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела Македонија[1].

За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја попречиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна борба за извојување на правото на самоопределување на македонскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српската и грчката империјалистичка држава и неговото обединување во самостојна независна република на работниот македонски народ, ние Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска нација која се бори за своето национално ослободување и одделување на своја македонска држава. Се разбира тоа не треба да го правиме само од политички причини. Доколку македонската нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓутоа таа е на лице, и нејзиното постоење треба да им се предочи на сите. На таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата националноослободителна борба.[1]

Во Македонија постојат сите елементи на една самостоја македонска нација, со своја територија и економска целост, со свој јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја

1. Територијата на Македонците е одделна од територијата на грчката, бугарската и српската нација. Таа има утврдени географски и етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море со пространство од 65 илјади кв. километри. Тоа што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на империјалистичките мировни договори. „Раскинувањето на единствената македонска територија на делови и нивното приклучување кон бугарската, српската и грчката држава е насилно[2].“

2. Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат. Уште под власта на Турската империја Македонија тргна патот на својот самостоен развиток, подоцна но независно од Србија, Бугарија и Грција... Со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни трговски патишта и пазари со еден општ и главен центар - Солун, а не Белград, Софија или Атина[3].

3. Јазикот на луѓето што ја сочинуват македонската нација е словенски, со особен дијалект - македонски. Тоа е јазик заеднички за нив. Различните провинцијални нијанси во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална испокинатост на Македонија. Меѓутоа провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден општ македонски словенски дијалект по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиените нации, а не кај македонската нација којашто е национално поробена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик. Освен по дијалектот македонскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и содржи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните други словенски нации[4].

4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочинуваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и македонската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни, ора и другите умотворби коишто повеќе или помалку се разликуваат од оние на бугарската, српската и другите словенски нации. Елементите на самостојниот национален карактер на Македонците се толку силни, што наспроти националното угнетување во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавуваат. По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се пројавуваат и среде емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Америка и секаде каде што има такви[5].

Сите тие елементи, земени заедно, ја составуваат македонската нација. Тие се непобитен доказ за тоа дека ние, Македонците, не им припаѓаме на ниту на српската, ниту на бугарската, ниту на грчката нација, туку сме одделна нација.

5. Нациите не се племиња. Како и другите нации, така и македонската нација не се создала од едно племе, туку од неколку различни племиња: Старомакедонци, Илири, Срби, Бугари. Основниот елемент е словенскиот. Старите Македонци и Илири се претопија меѓу подоцна дојдените Словени во Македонија... ... (во продолжение на оваа точка се изложуваат докази за историските лаги лансирани од големобугарските, големосрпските и големогрчките шовинистички историчари во однос на националната припадност на Македонците[6].)

6. Македонската нација си има своја историја и културно и политичко пројавување. Браќата Миладиновци се првите македонски просветители. Тие први ги посветија своите сили за разбудување на самостојното национално чувство на македонскиот роб. Тие ги опеаа Охрид и Македонија како своја татковина на чист македонскословенски дијалект. Тие не го учеа македонскиот народ ниту на српски, ниту на бугарски, тугу го учеа на родниот македонски јазик[7]... ...

По браќата Миладинови доаѓаат и многу други народни учители и духовни будители како охридскиот епископ Теодосиј и групата околу в.„Лоза“ под редакторство на Петар Арсов, кои еднакво се бореа против Грчката патријаршија, Бугарската егзархија и Српската патријаршија, за самостојни македонски училишта и цркви. Тие таканаречени македонски сепаратисти укажуваа на постоењето на одделна македонска нација и пледираа за самостоен државен живот на таа нација.

Од истите средини произлезе Внатрешната македонска револуционерна организација. Петар Арсов влезе во првиот ЦК на таа Организација, а Ѓорче Петров, кој произлегува исто така од тие средини, стана идеолог на Организацијата. Тој уште на времето во духот на сепаратистичката идеја ја напиша книгата „Географијата на Македонија“.

Меѓутоа притисокот на великобугарската пропаганда - Егзархијата и врховистите - се покажа толку силен што го задуши прашањето за самостојна нација и успеа да внесе во свеста на многу Македонци дека се Бугари. Тоа беше спроведено со запирањето на в. „Лоза“, којшто излегуваше во Софија, со прогонувањето од Македонија на епископот Теодосиј и на народните учители коишто не се потчинија на Егзархијата, со забраната на книгата на Ѓорче Петров, која и денес се наоѓа во ракопис во бугарското воено министерство.

Но наспроти тоа, македонскиот народ со долги и упорни борби за економско ослободување и самостоен државен живот си создаде своја историја. Тие борби во минатото се разгрнаа под раководството на старата Гоце Делчева ВМРО против ропството на турските султани и бегови, како и против аспирациите на балканските држави.

Македонскиот народ со сопствената крв во својата историја ја запиша првата македонска револуција - Илинденското востание, чијшто венец е првата македонска народно-револуционерна република во Крушево.

Откако ВМРО беше врховизирана и претворена во машина на бугарскиот империјализам, ослободителната борба на македонскиот народ не запре туку се подзеде од следбениците централисти-сепаратисти на ВМРО, на чело со Ѓорче Петров, Петар Поп-Арсов, Јане Сандански, Димо Хаџи-Димов и Чернопеев. Денес во новите услови борбата на македонскиот народ против новите поробувачи - српскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам за национално, политичко и економско ослободување се води со уште поголема упорност и доследност под раководството на ВМРО (Обединета).

Целата таа македонска историја не е само пројава на македонската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална држава, туку таа, македонската историја, во исто време е елемент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер на македонската нација[8].

Статијата Васил Ивановски - Бистришки ја завршува со последниот краток дел во кој се споменуваат останатите националности коишто живеат во Македонија, а не спаѓаат во македонската нација (Власите, Евреите, Турците, Грците, Албанците, Србите и Ромите). Бистришки во последниот дел го споменува и нивното учество во национално-ослободителната борба на македонскиот народ, со цел нивно слободно национално, економско, рамноправно и проспертитено живеење во новата слободна македонска независна држава.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.89
  2. Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.90
  3. Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.90-91
  4. Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.91
  5. Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.92
  6. Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.93
  7. Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.95
  8. Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.97