Лујџи Пирандело: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
Ред 53: Ред 53:
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]
[[Категорија:Италијански фашисти]]
[[Категорија:Италијански фашисти]]
[[Категорија:Италијански нобеловци]]

Преработка од 01:53, 25 мај 2020

Лујџи Пирандело
Занимањедраматург, писател
НационалностИталијанец
Значајни наградиНобелова награда за литература
1934

Лујџи Пирандело (Агриџенто, 28 јуни 1867 - Рим, 10 декември 1936) - италијански писател, драматург и поет. Меѓу најзначајните негови дела се драмите „Шест лица го бараат писателот“, „Хенри IV“ , „Секој на свој начин“ и романитеПокојникот Матија Паскал“ и „Еден, ниеден и сто илјади“.[1] Тој е добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година.

Животопис

Пирандело имал тежок живот, соочен со лудилото на неговата жена и нејзината постојана љубомора, слабо платената професорска работа, обврската да го издржува многубројното семејство, итн. Во едно писмо до францускиот критичар Бенжамен Кремје, Пирандело ја опишал својата биографија на следниов начин: „Многу брзо ја напуштив Сицилија, во осумнаесеттата година, за да заминам во Рим. Меѓутоа, една година подоцна, отпатував во Германија и таму останав две години и половина. Стекнав докторат на Универзитетот во Бон со теза од романската дијалектологија, напишана на германски јазик. Од Бон се вратив во Рим, но оттаму не го понесов Хајне, како што често се кажува, туку го донесов Гете, чии Римски елегии ги преведов. Од сето тоа ништо не ми остана... Предавав 24 години стилистика на Учителската школа за девојки во Рим, од својата 30-та до 54 година. Има веќе шест години како не предавам и за тоа бога го благословувам.“[2]

Творештво

Творечкиот опус на Пирандело е особено богат: тој напишал 246 раскази и новели, четири драми и седум романи. Во едно писмо до францускиот критичар Бенжамен Кремје (Benjamin Crémieux), Пирандело се искажал за својот книжевен успех на следниов начин: „Навистина верувам, во онаа мала мера во која нешто вредам, дека никому ништо не му должам. Сè скромно направив сам. И немав книжевни покровители и многу се борев - повеќе од шест години - за да најдам издавач, со фиоките веќе полни со ракописи. Не го запознав Кардучи, ниту го познавав Данунцио; со Верго стапив во контакт многу доцна... кога имав 80 години... Што се однесува до мене, мил мој Кремје, јас всушност не знам зошто до сега не бев каменуван, но Ви се колнам дека за тоа немам вина.“[3]

Раскази

Пирандело напишал вкупно 246 раскази и новели, претежно напишани меѓу 1894 и 1919 година (вкупно, 15 книги). Првата збирка раскази на Пирандело, насловена „Љубови без љубов“ (Amori senza amore), била објавена во 1894 година, а потоа тој почнал да ги објавува своите раскази во повеќе списанија. Во 1922 година, тој одлучил своите раскази да ги собере под заедничкиот наслов „Новели за една година“, со намера да создаде 365 новели, колку што изнесува бројот на деновите во годината. За време на неговиот живот, издавачката куќа „Мондадори“ објавила 225 раскази во два големи тома, а по смртта на Пирандело, во оваа збирка биле додадени уште 21 расказ.[1][4]

Во расказите на Пирандело преовладува атмосферата на Сицилија, каде тој ги поминал детството и младоста. Главни протагонисти во неговите „сицилијански“ раскази се рударите, гробарите, ѕидарите, нотарите, морнарите, музичарите, поповите и неработниците кои се заплеткуваат во најпарадоксални животни ситуации. Тоа се случки што потсетуваат на средновековните fabliaux - раскази за насамаренит сопрузи, лихвари и трговци и исмеани попови, како и на легендите од богатото сицилијанско бандитско минато од бурбонскиот период, т.е. на богатата фолклорна традиција што живеела во усното раскажување на Сицилија. Втората тематика во расказите на Пирандели е поврзана со римската средина, во која преовладуваат ситни службеници, адвокати, лекари, проститутки, професори, просјаци, слуги, дадилки и кочијаши, т.е. римската малограѓанска класа од крајот на 19 век. Тие се ликови кои не веруваат во веродостојноста на својата егзистенција, кои не можат да ја најдат смислата на животот и кои безмилосно ги меле стварноста. Затоа, често тие личности бегаат од стварноста во лудило, во самоубиство и во смрт. Пред крајот на животот, Пирандело започнал да пишува речиси „надреалистички“ новели.[5]

Драмски дела

Вториот дел од својот живот Пирандело речиси целсно му го посветил на драмското творештво: од вкупно 44 драмски дела, 38 ги напишал во периодот по 1916 година. Притоа, голем дел од драмските дела се засновани врз неговите новели. Така, во 28 драми основната содржина може да се најде во неговите новели.[6] Во популаризацијата на драмското творештво на Пирандело голем придонес дал Бенжамен Кремје, кој заедно со својата сопруга Мари-Ан Комнен (Marie-Anne Comnène) ги превел сите негови драми и раскази на француски јазик.[7] Пирандело го превртил традиционалниот однос на театарот и стварноста. Во драмата „Шест лица го бараат писателот“, сцената се претвора во место каде се случува вистинскиот живот. Како Марсел Пруст, така и Пирандело тврди дека уметноста е повредна од животот, и дека смислата на животот постои само во уметноста.

Во предговорот на „Шест лица го бараат писателот“, Пирандело се опишува себеси како писател-философ - оној кому не му е доволно да ги опише ликовите и настаните само колку да ги опише, туку оној кој има подлабока духовна потреба, така што не признаваат ликови и настани коишто немаат посебна животна смисла што има дава универзално значење. Притоа тој вели дека ја мрази симболичната уметност во која она што е прикажано ја губи спонтаноста претворајќи се во инструмент, алегорија. Таквиот симболизам претставува идеја која сака да биде слика, наместо да биде обратно, т.е. сликата, која мора да остане жива и слободна во целиот свој исказ, треба да ја содржи смислата што дава вредност.[8]

Кога се зборува за драмското творештво на Пирандело, интересно е тоа што во „Шест лица го бараат писателот“, самиот автор, преку зборовите на директорот на театарот, вели дека Пиранделовите комедии „се напишани со свесна намера да не им се допаднат ниту на глумците, ниту на критиката, ниту на публиката“.[9]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Luiđi Pirandelo, Šest lica traži pisca. Beograd: Paidea, 2008.
  2. Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 147-148.
  3. Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 148.
  4. Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-150.
  5. Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-.
  6. Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 150.
  7. Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, Novele. Beograd: Rad, 1962, стр. 147.
  8. L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, Šest lica traži pisca. Beograd: Paidea, 2008, стр. 7.
  9. Luiđi Pirandelo, Šest lica traži pisca. Beograd: Paidea, 2008, стр. 33.

Надворешни врски