Разлика помеѓу преработките на „Карл Фридрих Шинкел“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
Додадена категорија using AWB
с
с (Додадена категорија using AWB)
Шинкел е роден во [[Нојрупин]] во [[Маркгрофовија Бранденбург|Маркгрофовијата Бранденбург]]. На шестгодишна возраст го изгубил татка си, во катастрофалниот пожар во Нојрупин. Учел архитектура во [[Берлин]] кај [[Фридрих Жили]] (1772–1800) (станале блиски пријатели) и татко му, Давид Жили. По првата посета на Италија во 1805 г, Шинкел се вратил во Берлин и почнал да работи како сликар. Во 1816 г, работејќи како сценограф, ја изработил ѕвездестата позадина за сцената со „Кралицата на ноќта“ од [[Волфганг Амадеус Моцарт|Моцартовата]] опера „[[Волшебната флејта]]“. При посета на берлинската уметничка изложба, Шинкел ја здогледал сликата „[[Талкач над морето од магла]]“ од [[Каспар Давид Фридрих]] и заклучил дека самиот тој никогаш нема да стане таков мајстор, па конечно се насочил кон архитектурата. По поразот на Наполеон, Шинкел бил назначен на чело на Пруската градежна комисија. На оваа функција бил задолжен да го преуреди сè уште невелелепниот град Берлин и да го претвори во достојна метропола на [[Прусија]]. Работел и на поголеми задачи, водејќи крупни градежни проекти ширум проширените пруски територии од [[Рајнска област|Рајнската област]] на запад до [[Кенигсберг]] (Калининград) на исток.
 
Во периодот помеѓу 1808 и 1817 г. Шинкел го обновил замокот [[Розенау (замок)|Розенау]] во Кобург во [[неоготика|неоготски]] стил.<ref>Charles Quest-Ritson, '[http://books.google.com/books?id=gIYghIYipC8C&pg=PA64#v=onepage&q=&f=false Coburg: Schloß Rosenau]', во ''Gärten in Deutschland'', стр. 64 {{de}}</ref>
 
Во најактивниот период, Шинкеловиот стил се одликува со осврт кон [[Старогрчка архитектура|старогрчката]] наместо римската архитектура, сакајќи да се држи што понастрана од стилот на француските окупатори. Неговите најпознати зданија се наоѓаат во и околу Берлин. Тука спаѓаат [[Нова стражарница|Новата стражарница]] (1816–1818), [[Концертен дом (Берлин)|Концертниот дом]] (тогашен Драмски театар) (1819–1821) на плоштадот [[Жандарменмаркт]], како и [[Стар музеј (Берлин)|Стариот музеј]] на [[Музејски Остров|Музејскиот Остров]] (1823–1830).
 
Подоцна во кариерата, Шинкел сосем се оддалечил од класицизмот и почнал да работи исклучиво во [[неоготика|неоготски]] стил, започнувајќи со црквата [[Црква Фридрихсвердер|Фридрихсвердер]] (1824–1831). [[Градежна академија (Берлин)|Градежната академија]] (1832–1836) е најиновативното Шинкелово здание, кое ги отфрла историските традиции и гравитира кон „модернистичка“ архитектура која се јавува во Германија дури на почетокот на XX век.
 
[[Податотека:Schauspielhaus berlin.jpg|мини|лево|220п|Скица за Драмскиот театар во Берлин (денес [[Концертен дом (Берлин)|Концертен дом]])]]
 
== Творештво и значење ==
Карл Фридрих Шинкел е особено значаен по бројните теоретски трудови и нацрти, наспроти релативно малкуте објекти изведени по негова замисла. Неговите најголеми доблести се забележуваат во плановите за неостварената препобразба на атинскиот [[акропол]] во кралски дворец за новото [[Кралство Грција]] и дворецот Оријанда на [[Крим]]. Овие, и други проекти се обработуваат во неговите дела „Збирка од архитектонски нацрти“ (''Sammlung architektonischer Entwürfe'', 1820–1837) и „Дела на вишата градежна уметност“ (''Werke der höheren Baukunst'', 1840–1842; 1845–1846).
 
Познат е и како автор на изгледот на славниот пруски медал „[[Железен крст]]“, подоцна прифатен за цела Германија.
[[Категорија:Починати во 1841 година]]
[[Категорија:Луѓе од Нојрупин]]
[[Категорија:Починати во Берлин]]

Прегледник