Разлика помеѓу преработките на „Отровен брадавичар“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 15 бајти ,  пред 1 година
с
Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Цитирана книга → Наведена книга (7) using AWB
с
с (Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Цитирана книга → Наведена книга (7) using AWB)
[[Податотека:Mexican-Beaded-Lizard.jpg|thumb|right|Отровен брадавичар во зоолшката градина во Луисвил, Кентаки.]]
И покрај тоа што отровниот брадавичар е отроен, неговата мрзеливост значи дека претставува најмала закана за луѓето. Како и да е, има добиено застрашувачка репутација и најчесто се убивани од пешаци и сопственици на куќи и покрај тоа што се заштитени со закон во државите Аризона и Невада.
 
== Таксономија и етимологија ==
 
Постојат два подвида на отровен брадавичар: мрежесто (H. suspectum suspectum) и зрнесто (H. suspectum cinctum). Мрежестиот живее во јужниот дел на [[ареал]]от, додека зрнестото го зазема северниот дел, јавувајќи се главно во пустината [[Мохаве]]. Мрежестиот отровен брадавичар најчесто има светли белези прекршени од темни брадавичести лушпи давајќи мрежест изглед, додека зрнестото има повеќе непрекршени јазли од светли лушпи.
 
Отровниот брадавичар има еден близок жив сродник, мексиканскиот брадавичар (H. horridum), како и многу изумрени сродници од гуштерите чија еволуциска историја се открива назад во периодот на кредата. Видот хелодерма (Heloderma ) постои уште од Миоценот кога живееле H. texana и остатоци од остеодерми од отровен брадавичар се најдени во доцниот Плеистоцен (пред 8000-10,000 години) наталожени близу Лас Вегас, Невада. Бидејќи хелодерматидите останале прилично непроменети, морфолошки тие повремено се сфаќаат како живи фосили. Иако отровниот брадавичар изгледа близу сродно со гуштерите варани (varanids) од Африка, Азија и Австралија, широката географска поделба и уникатните белези кои не се наоѓаат кај вараните покажува дека отровниот брадавичар е подобро сместено во посебно семејство.
 
Назибот „гилско чудовиште“ се однесува на басенот на реката [[Гила]] во Аризона, кој некогаш изобилувал со овие влекачи. Начното ''Heloderma'' значи „кожа со нитни“ (т.е. брадавици), од [[старогрчки јазик|старгрчките]] зборови ''хелос'' (нитна, рамен дел од шајка) и ''демра'' (кожа). Suspectum е изведено од опишувачот, палеонтолог Едвард Дринкер Коуп кој се сомневал дека гуштерите можеби се отровни поради вдлабнатините во забите.
 
== Опис ==
[[Податотека:Gila fg01.jpg|thumb|right|Closeup of a Helodermatid's skin, composed of beadlike scales.]]
 
Отровниот брадавичар е голем гуштер во облик на колбас со должина од 2,5 до 5 см и тежина од 1,3 до 2,25 килограми. Иако е помал од брадестиот гуштер, кој може да порасне и да биде долг до 1 метар, отровниот брадавичар е најголемиот домашен вид на гуштер во САД. Има дебела опашка која ја користи да складира маснотија и може да преживее од оваа маснотија со месеци или години според неколку анегдоти. Неговата опашка е пропорционално подолга од таа на брадестиот гуштер, карактер кој се користи да се разликува помеѓу овие два. Спротивно од многу други гуштери, опашката на отровниот брадавичар не се автотомизира и не расне повторно ако се откине. Отровниот брадавичар има големи предни стапала и остри нокти, совршени за копање, исто така и дебел црн јазик, навикнато да мириса со помош на Јаковсониот орган (Jacobson’s organ).
 
Крлушките на отровниот брадавичар изгледаат како сини, темнорозови, сребрени, розови, портокалови, бебешко сини или жолти зрна, поставени во сложена шара.
Овие зрна (брадавици) се мали ковчести плочки кои формираат крлушки и се познати како остеодерми. Бојата на своите остеодерми е повеќе јасна отколку тие на блиските сродници, брадестиот гуштер. Крлушките на стомакот се правоаголни отколку округли. Зрнестата кожа на животното е таа што го привлече вниманието на северноамериканските Индијанци, дизајните кои се оживеани во индијанската уметност и кошничарството. Крлушките се јасни кога отровниот брадавичар е млад, како што старее боите стануваат побледи и повеќе мрежести. Отровниот брадавичар ја менува кожата на мали парчиња така што изгледа дека секогаш е во сред свлекување на кожата. Целосно менување на кожата се верува дека се случува еднаш годишно.
 
 
== Поделба и распространување ==
[[Податотека:Gila Monster head.jpg|thumb|right|A Gila monster's head. The bead-like scales can be observed, as well as the strong forelegs and claws suitable for digging.]]
 
Отровниот брадавичар се среќава во југозападните САД и Мексико, со ареал во Сонора, Синалоа, Аризона, делови од Калифорнија, Невада, Јута и Ново Мексико ( но не и Баја Калифорнија). Тие населуваат грмушести предели, влажни пустини (succulent desert) и дабови шумски предели, тражејќи засолниште во дупки, грмушки и под карпи на места кои се лесно пристапни со влага. Всушност отровниот брадавичар се чини дека сакаат вода и можат да се набљудуваат како се потопуваат во вирчињата со вода по летен дожд. Тие избегнуваат да живеат на отворени места како рамништа и обработливо земјиште.
 
== Екологија ==
 
Проценето е дека отровниот брадавичар поминува 95% од времето под земја во дувла или каменести засолништа. Активно е наутро во текот на сувата сезона (пролет и рано лето), подоцна во летото може да е активно во топлите ноќи или по бура. На површината одржува телесна температура од 30 степени целзиусови (86 степени фаренхајти). Бавни се, не можат да трчаат брзо, но имаат релативно висока издржливост и максимален капацитет на воздух за гуштер.
 
== Исхрана ==
Отровниот брадавичар се храни претежно со јајца од птици и гуштери, а понекогаш со мали птици, цицачи, жаби, гуштери, инсекти и мрша. Ретко се храни (само пет до десет пати годишно во дивината), но кога се храни може да изеде една третина од својата телесна маса. Го користи своето екстремно остро чувство за мирис за да го открие пленот, особено јајца. Има толку остро чувство за мирис што може да открие и ископа јајца од кокошка закопани длабоко 15 сантиметри и прецизно следи трага направена од тркалање на јајце.
Ако е пленот голем може да го згмечи до смрт или ако е мал да биде жив изеден, голтнат прво од главата, потоа помогнат надолу од стегањето на мускулите и еластичноста на вратот. Обично откако храната е проголтана, отровниот брадавичар веднаш продолжува со движење на јазикот и пребарувачко однесување, веројатно како резултат од историјата на пронаоѓање на глупа плен како јајца и бебиња во гнезда. Способен е да се искачи на дрва и кактуси во потрага по јајца.
 
 
=== Отров ===
==== Истражување за лекови ====
 
Во 2005 година администрацијата за храна и лекови на САД го одобри лекот exenatide (обележан како Byetta) за управување на дијабетисот од типот 2. Тоа е синтетичка верзија на протеин, ексендин-4 ( exendin-4), произлезен од плунката на отровниот брадавичар. Во тригодишното истражување со луѓе со дијабетис од типот 2, егзенатидот (exenatide) доведува до здраво одржување на нивоата на гликоза и напредно губење на тежината. Ефикасноста се должи на фактот дека протеините на гуштерот е 50 % идентичен со глукагонски пептид – 1 ( glucagons like peptide-1) аналог (GLP-1), хормон ослободен од човечкиот дигестивен тракт кој помага во регулирањето на инсулинот и глукагонот. Протеинот на гуштерот останува делотрворен подолго отколку човечкиот хормон помагајќи им на дијабетичарите да ги одржуваат нивоата на шеќер во крвта под контрола. Исто така егзенатидот го намалува празнењето на стомакот и предизвикува намалување на апетитот, придонесувајќи за губење на тежината.
 
=== Животна историја ===
[[Податотека:gila.monster.arp.jpg|thumb|right|Gila monster at the [[Bristol Zoo]].]]
 
Отровниот брадавичар излегува од хибернација во месецот јануари или февруари и се спарува во мај и јуни. Мажјакот започнува додворување со замавнување на неговиот јазик во потрага по мирисот на женката. Ако женката го одбие неговото додворување таа ќе го касне и ќе отползи. Кога е успешно, парењето е надгледувано да трае од 15 минути се до 2,5 часа. Женката ќе снесе јајца во јули или август, закопувајќи ги во песок, 12,7 сантиметри под површината. Леглото се состои од 2 до 12 јајца, со 5 кои се за просечно легло. Процесот на инкубација трае 9 месеци кога изведените излегуваат во текот на месецот април низ јуни следната година. Изведените се отприлика 16 сантиметри долги и по изведувањето се способни да каснат и да вбризгаат отров. Малите карактеристично имаат поголеми јазли од розеви крлушки од возрасните иако зрнестиот отровен брадавичар (H.s.cinctum) има склоност да ја задржи групната пругаста шара. Отровниот брадавичар полово созрева од 3-тата до 5-тата година. По снесувањето на јајцата возрасните отровни брадавичари постепено поминуваат помалку време на површината за да ги избегнат најтоплите делови од летото (иако тие може да бидат активни во ноќта), конечно да ја започнат нивната хибернација околу ноември.
 
Малку се знае за општественото однесување на отровниот брадавичар, но тие се набљудувани, фатени во борба мажјак со мажјак, во која доминантниот лежи врз потчинетиот и го боцка со предните и задните екстремитети. Двата гуштера ги свиткуваат своите тела, туркајќи се меѓу себе и извртувајќи се во обид да се добие доминантна положба. Боречкиот натпревар завршува кога притисокот при напрегањето ќе ги присили да се разделат, иако натпреварите може да се повторат во непрекинато времетраење. Овие натпревари се типично набљудувани точно пред сезоната на парење. Се верува дека тие со поголема сила и издржливост често победуваат и уживаат одличен репродуктивен успех. Иако отровниот брадавичар има слаб метаболизам и е еден од најслабите гуштери спринтери, има една од вредностите од обем на воздух (зголемено трошење на кислород од остатокот до максимално метаболичко напрегнување) меѓу гуштерите, што им овозможува да се вовлечат во силна аеробик активност за постојан период од времето. Набљудувани се дека мажјаците имаат поголем обем на воздух од женките веројатно поради сексуалниот избор за карактеристика корисна за продолжената борба. отровниот брадавичар може да живее до 20 години во дивината или 30 години во заробеништво.
{{викивидови|Heloderma suspectum}}
{{рв|Heloderma suspectum}}
* {{ЦитиранаНаведена книга |author=Beck, Daniel D. |title=Biology of Gila Monsters and Beaded Lizards |publisher=University of California Press |location=Berkeley |year=2005 |pages= |isbn=0-520-24357-9 |oclc= |doi= |accessdate=}}
* {{ЦитиранаНаведена книга |last= Capula|first= Massimo|coauthors =Behler|title= Simon & Schuster's Guide to Reptiles and Amphibians of the World |year= 1989|publisher= [[Simon & Schuster]] |location= [[New York]]|isbn= 0671690981}}
* {{ЦитиранаНаведена книга |author=Carmony, Neil B.; Brown, David |title=Gila Monster: Facts and Folklore of America's Aztec Lizard |publisher=High-Lonesome Books |location=Silver City, NM |year=1991 |pages= |isbn=0-944383-18-1 |oclc= |doi= |accessdate=}}
* {{ЦитиранаНаведена книга | last = Cogger | first = Harold |authorlink = Harold Cogger | last2 = Zweifel | first2 = Richard | title = Reptiles & Amphibians | publisher = Weldon Owen | location = [[Sydney, Australia]] |year = 1992 | isbn = 0831727861}}
* {{ЦитиранаНаведена книга | last =Ditmars | first =Raymond L | authorlink =Raymond Ditmars | title = Reptiles of the World: The Crocodilians, Lizards, Snakes, Turtles and Tortoises of the Eastern and Western Hemispheres | publisher =Macmillian | year =1933 | location =[[New York]] | pages =321}}
* {{ЦитиранаНаведена книга |last= Freiberg|first= Dr. Marcos|last2= Walls|first2=Jerry |title= The World of Venomous Animals|year= 1984
|publisher= TFH Publications|location=[[New Jersey]] |isbn= 0876665679}}
* {{ЦитиранаНаведена книга |author=Roever, J. M.; Hiser, Iona Seibert |title=The Gila Monster |publisher=Steck-Vaughn Co |location=Austin, Tex |year=1972 |pages= |isbn=0-8114-7739-8 |oclc= |doi= |accessdate=}}
 
[[Категорија:Брадавичари]]

Прегледник