Разлика помеѓу преработките на „Цевчести црви“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 2 бајти ,  пред 1 година
с
Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
с (Јазична исправка, replaced: лоцирани → сместени using AWB)

[[Податотека:Nematoda-Anatomy.svg|мини|десно|120п|Шематски приказ на анатомијата на мажјак од ''Ascaris sp.'':
'''1.''' уста
'''2.''' црево
'''3.''' клоака
'''4.''' екскреторни органи
'''5.''' [[тестис]]
'''6.''' околуголточен нервен прстен
'''7.''' грбна (дорзална) нервна врвка
'''8.''' стомачна (вентрална) нервна врвка
'''9.''' екскреторна пора.]]
'''Цевчестите црви''' (или '''кружни црви''', односно '''Nematoda''') се голем тип на [[животни]] со илјадници видови. Овие црви некогаш се класифицирале во многу голема и хетерогена група на животни, групирани врз база на нивната црвовидна форма, едноставната структура на телесната празнина (наречена [[псевдоцелом]]) и отсуството на некои други карактеристики, како [[трепки]] и добро дефиниран главен регион (глава). Оваа група, порано позната како ''Aschelminthes'' или ''Pseudocoelomata'', денес не е признаена како природна. Мошне е веројатно дека едноставниот план на градба на телото кај овие [[Организам|организми]] резултирал од редукцијата и упростувањето на повеќе од една група на предци. Едноставноста на градбата е резултат на секундарно упростување на покомплексен телесен дизајн. Поновите студии индицираат дека нематодите се всушност поврзани со [[членконоги]]те и приапулидите во една релативно нова група - [[екдисозоа]].

== Телесни карактеристики ==
[[Податотека:CrawlingCelegans.gif|thumb|left|Движење на слободниот цевчест црв ''Caenorhabdites elegans'']]

Телото на цевчестите црви е долго и тенко, а понекогаш може да биде и во вид на конец. Токму од оваа особина доаѓа и името на овие животни - зборот "нематода" доаѓа од [[Грчки јазик|грчкиот]] збор ''nema'' што значи "конец". [[Епидермис]]от ([[кожа]]та) на нематодата е многу необичен; тој не се состои од [[Клетка|клетки]] како кај другите животни, туку од маса на клеточен материјал и [[Клеточно јадро|јадра]] без [[јадрена мембрана]]. Тој секретира тенка надворешна [[кутикула]] која е жилава и флексибилна. Кутикулата е карактеристика која ја делат нематодите со членконогите и другите екдисозои. Како и кај другите групи животни со кутикула, така и кај цевчестите црви таа се слекува за време на животот на единката, обично четири пати пред таа да го достигне возрасниот стадиум. Кутикулата е најблиската обвивка која [[Кружни црви|кружните црви]] ја поседуваат до скелетот, и всушност црвот ја користи својата кутикула како поддршка и лост при [[движење]]то. Долгите [[мускул]]и лежат под епидермисот. Тие се наредени лонгитудинално низ внатрешноста на телото, така што нематодата може само да го совива своето тело од една на друга страна, а не да ползи или да се подигнува.

Мускулите се активираат од два [[нерв]]а кои се протегаат по должина на нематодата на двете страни (грбната и стомачната). За разлика од другите животни, каде нервите се разгрануваат до мускулните клетки, истите кај цевчестите црви се разгрануваат кон нервите. Вентралниот (стомачен) нерв поседува серии на [[Нервен центар|нервни центри]] по неговата должина, и двата нерва се поврзуваат со нервен прстен и додатни нервни центри кои се лоциранисместени во главата.

Главата на цевчестите црви има неколку ситни [[Сетилен орган|сетилни органи]] и [[усна празнина]] која се отвора кон [[голтник]], каде [[храна]]та се раздробува. Понатаму, голтникот води до долга, едноставна цревна празнина чиј ѕид не е изграден од мускули, од каде несварените остатоци се исфрлаат преку [[анус]]от лоциран близу врвот на дорзалниот дел од животното. Дигерираната храна во цревото не се дистрибуира со [[циркулаторен систем]], а исто така отсуствува и [[систем за дишење]] за дистрибуција на [[кислород]]от. Наместо на овој начин, хранливите материи и [[екскрет]]ите се дистрибуираат во телесната празнина, чија содржина е регулирана од страна на екскреторни канали на двете страни од телото.
== Фосили на цевчести црви ==

Пронајдени се фосилни нематоди во [[Карпа|карпи]]. Повеќето цевчести црви се микроскопски, што значи дека откривањето на нивни фосили е многу тешко. Од друга страна, еден вид на [[паразит]]ска нематода може да достигне 13 m во должина. Кај цевчестите црви отсуствуваат и основни цврсти елементи, што е една од причините за тешка фосилизација. Без разлика на овие проблеми, фосилните нематоди можат повремено да се најдат во [[смола]] од [[кенозоик]]от.

== Распространетост и претставници ==

{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Цевчести црви]]

Прегледник