Вудсток (фестивал): Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема измена во големината ,  пред 2 години
с
→‎top: Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: градче → гратче using AWB)
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: лоцирана → сместена using AWB)
Ланг и Корнфелд го видоа огласот и четирите мажи се сретнаа првично да дискутираат за едно студио за снимање ви Вудсток кое би прилегало на прибежиште, но идејата се преиначи во еден фестивал на музиката и уметноста на отворено, иако во тоа време тој се замисли како нешто во помали размери, кое би ги собрало некои од познатите уметнички имиња од близината на Вудсток во тоа време (како што беа Боб Дилан и групата „Состав“.Четворицата мажи имаа различни пристапи: Роберт беше дисциплиниран и знаеше што е потребно за да успее потфатот, додека лежерниот Ланг гледаше во Вудсток како на еден нов и релаксирачки начин за спојување на деловни луѓе. Имаше и други сомнежи околу потфатот, бидејќи Роберт се двоумеше дали да фи санира своите губитоци и да го откаже процесот, или да продолжи да вложува во него.
Во април 1969 год. членовите на новородената суперѕвезда, составот Криденс Клирвотер Ривајвел, беа првите кои потпишаа договор за фестивалот и се согласија да настапат за 10 000 долари. Организаторите имаа тешкотии во привлекувањето на големи имиња пред да потпишаа договор големите рокери од Беј Реј. Тапанарот на Криденс, Даг Клифорд, подоцна коментираше: Криденси потпишаа, сите други застанаа во редот, сите „големи ѕверки“ дојдоа. Имајќи го предвид тоа што настапуваа во 3 наутро и не беа вклучени (по инсистирање на фронтменот на Криденси, Џон Фоогерти) во филмот Вудсток, членовите на Криденс ја изразија нивната огорченост во однос на нивните искуства на познатиот фестивал.
Вудсток требаше да биде профитабилен потфат, соодветно крстен „Потфатот Вудсток“.Тој стана „бесплатен концерт“ дури откако стана очигледно дека настанот привлекува стотици и илјадници повеќе отколку што организаторите беа подготвени да примат. Билетите за фестивалот чинеа 18 долари однапред, (еднакво на приближно 105 долари во 2009 година по прилагодување на куповната моќ и 75 долари, по прилагодување на инфлацијата) и 24 долари на врата за сите три денови. Продажбата на билети беше ограничена на продавниците за плочи во централниот дел на градот Њујорк, или преку поштански фах на станицата Радио Сити, во пошта лоциранасместена во Средниот Менхетен. Околу 186 000 билети беа продадени однапред, а организаторите предвидоа дека ќе дојдат приближно 200 000 посетители на фестивалот.
 
'''Одбирање на местото'''

Прегледник