Нема земја за старци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: актер → глумец (5) using AWB
Ред 26: Ред 26:

'''Нема земја за старци''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''No Country for Old Men'') е [[филм]] ([[драма]]) од [[2007]] година, [[Режија|режиран]] од браќата [[Џоел Коен]] и [[Итан Коен]]. Главните улоги ги играат: [[Томи Ли Џонс]], [[Џош Бролин]] и [[Хавиер Бардем]]. Филмот е снимен по истоимениот [[роман]] на Кормак Макарти.<ref>{{cite web|url=http://www.philly.com/dailynews/columnists/gary_thompson/11139467.html|title=Creep in the heart of Texas|first=Gary|last=Thompson|date=November 9, 2007|publisher=''Philadelphia Daily News''|accessdate=January 4, 2004}}</ref><ref>{{cite web|url=http://www.ew.com/ew/article/0,,20158940,00.html|title=No Country for Old Men|first=Lisa|last=Schwarzbaum|date=November 7, 2007|publisher=''EW.com''|accessdate=January 4, 2004}}</ref> Филмот бил номиниран за осум награди „[[Оскар]]“, а освоил четири, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобро адаптирано [[сценарио]] и најдобар спореден актер. Покрај наградата „Оскар“, Хавиер Бардем ја освоил и наградата „[[Златен глобус]]“.<ref>„Напната игра на мачка и глушец“, ''Антена'', број 866, 30.1.2015, стр. 3.</ref> Филмот добил многу позитивни критики. Така, [[Роџер Еберт]] од „Chicago Sun-Times“ го нарекол „најдобриот филм кој го снимиле браќата Коен...“
'''Нема земја за старци''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''No Country for Old Men'') е [[филм]] ([[драма]]) од [[2007]] година, [[Режија|режиран]] од браќата [[Џоел Коен]] и [[Итан Коен]]. Главните улоги ги играат: [[Томи Ли Џонс]], [[Џош Бролин]] и [[Хавиер Бардем]]. Филмот е снимен по истоимениот [[роман]] на Кормак Макарти.<ref>{{cite web|url=http://www.philly.com/dailynews/columnists/gary_thompson/11139467.html|title=Creep in the heart of Texas|first=Gary|last=Thompson|date=November 9, 2007|publisher=''Philadelphia Daily News''|accessdate=January 4, 2004}}</ref><ref>{{cite web|url=http://www.ew.com/ew/article/0,,20158940,00.html|title=No Country for Old Men|first=Lisa|last=Schwarzbaum|date=November 7, 2007|publisher=''EW.com''|accessdate=January 4, 2004}}</ref> Филмот бил номиниран за осум награди „[[Оскар]]“, а освоил четири, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобро адаптирано [[сценарио]] и најдобар спореден глумец. Покрај наградата „Оскар“, Хавиер Бардем ја освоил и наградата „[[Златен глобус]]“.<ref name="ReferenceA">„Напната игра на мачка и глушец“, ''Антена'', број 866, 30.1.2015, стр. 3.</ref> Филмот добил многу позитивни критики. Така, [[Роџер Еберт]] од „Chicago Sun-Times“ го нарекол „најдобриот филм кој го снимиле браќата Коен...“

==Содржина==
==Содржина==
Во филмот се зборува за пропадната зделка со [[дрога]], по што следи игра на [[мачка]] и [[глушец]] помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во [[Пустина|пустината]] во [[Запад|Западен]] [[Тексас]] во [[1980]]-те години.
Во филмот се зборува за пропадната зделка со [[дрога]], по што следи игра на [[мачка]] и [[глушец]] помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во [[пустина]]та во [[Запад]]ен [[Тексас]] во [[1980]]-те години.

За време на ловот, Левелин Мос (го игра Бролин) случајно пронаоѓа група [[Автомобил|автомобили]] покрај кои лежат неколку мртви тела. Пребарувајќи низ возилата, тој пронаоѓа еден ранет. Во едно од возилата има големо количество дрога, а малку понатаму, Левелин наоѓа куферче полно со два милиони [[Долар|долари]]. Тој ги носи парите дома и ѝ кажува на жената си веднаш да се спакува и да оди кај нејзината мајка. Тој пак се враќа назад на местото на злосторството за да му однесе [[вода]] на единствениот преживеан во масакрот. Тогаш, таму пристигаат други возила со криминалци, кои го бркаат и пукаат по него. Иако е ранет, успева да побегне, но знае дека криминалците ќе го гонат.
За време на ловот, Левелин Мос (го игра Бролин) случајно пронаоѓа група [[автомобил]]и покрај кои лежат неколку мртви тела. Пребарувајќи низ возилата, тој пронаоѓа еден ранет. Во едно од возилата има големо количество дрога, а малку понатаму, Левелин наоѓа куферче полно со два милиони [[долар]]и. Тој ги носи парите дома и ѝ кажува на жената си веднаш да се спакува и да оди кај нејзината мајка. Тој пак се враќа назад на местото на злосторството за да му однесе [[вода]] на единствениот преживеан во масакрот. Тогаш, таму пристигаат други возила со криминалци, кои го бркаат и пукаат по него. Иако е ранет, успева да побегне, но знае дека криминалците ќе го гонат.

Истовремено, криминалецот и психопатот Антон Чигурх (го игра Бардем) е уапсен, но успева да го задави дежурниот [[Полиција|полицаец]] во станицата и да побегне, а потоа извршува уште неколку убиства, користејќи сад со компримиран [[воздух]]. Потоа, Чигурх пристигнува на местото каде се извршила неуспешната зделка со дрогата, ги убива своите сопатници, а потоа започнува да го прогонува Левелин со цел да си ги поврати [[Пари|парите]]. Левелин бега во еден мотел, каде ги крие парите во една соба, а тој се сместува во друга соба, но не знае дека во куферчето со пари се наоѓа [[радио]]-предавател и затоа, Чигурх успева лесно да го пронајде. Така, Чигурх и Левелин продолжуваат да се бркаат, сè додека во еден [[хотел]], Левелин не го открие предавателот. Тој успева да го рани Чигурх во [[Нога|ногата]], но и самиот е ранет. Сепак, Левелин успева да побегне во [[Мексико]], каде е сместен во една [[болница]], откако претходно го фрла куферчето со парите. Во болницата го посетува платен убиец, кого го испратиле [[Криминал|криминалците]], со цел да ги најде парите. Меѓутоа, во градот пристигнува и Чигурх, кој го убива платениот убиец, а на Левелин му се заканува дека ќе му ја убие жената му, ако не му ги даде парите.
Истовремено, криминалецот и психопатот Антон Чигурх (го игра Бардем) е уапсен, но успева да го задави дежурниот [[Полиција|полицаец]] во станицата и да побегне, а потоа извршува уште неколку убиства, користејќи сад со компримиран [[воздух]]. Потоа, Чигурх пристигнува на местото каде се извршила неуспешната зделка со дрогата, ги убива своите сопатници, а потоа започнува да го прогонува Левелин со цел да си ги поврати [[пари]]те. Левелин бега во еден мотел, каде ги крие парите во една соба, а тој се сместува во друга соба, но не знае дека во куферчето со пари се наоѓа [[радио]]-предавател и затоа, Чигурх успева лесно да го пронајде. Така, Чигурх и Левелин продолжуваат да се бркаат, сè додека во еден [[хотел]], Левелин не го открие предавателот. Тој успева да го рани Чигурх во [[нога]]та, но и самиот е ранет. Сепак, Левелин успева да побегне во [[Мексико]], каде е сместен во една [[болница]], откако претходно го фрла куферчето со парите. Во болницата го посетува платен убиец, кого го испратиле [[криминал]]ците, со цел да ги најде парите. Меѓутоа, во градот пристигнува и Чигурх, кој го убива платениот убиец, а на Левелин му се заканува дека ќе му ја убие жената му, ако не му ги даде парите.

Тогаш, Левелин ѝ се јавува на жена си, кажувајќи ѝ да оди во [[Ел Пасо]], но за тоа дознаваат и мексиканската [[мафија]] и Чигурх, кој ги убива сите криминалци, заедно со уште неколку луѓе, меѓу кои и самиот Левелин. Останувајќи без мајка си, жената на Левелин се враќа дома, каде ја чека Чигурх. Таа го моли да не ја убива, а тој се обидува да фрли паричка, велејќи ѝ да избере „писмо“ или „глава“. Таа одбива да избере, а во следната сцена е прикажано како Чигурх ја напушта куќата. Заминувајќи со автомобилот, во него удира друг автомобил и тој е повреден. Сепак, две момчиња му помагаат да ја преврзе скршената [[рака]] и тој си заминува, додека во далечината се слуша звукот на сирената на амбулантата.
Тогаш, Левелин ѝ се јавува на жена си, кажувајќи ѝ да оди во [[Ел Пасо]], но за тоа дознаваат и мексиканската [[мафија]] и Чигурх, кој ги убива сите криминалци, заедно со уште неколку луѓе, меѓу кои и самиот Левелин. Останувајќи без мајка си, жената на Левелин се враќа дома, каде ја чека Чигурх. Таа го моли да не ја убива, а тој се обидува да фрли паричка, велејќи ѝ да избере „писмо“ или „глава“. Таа одбива да избере, а во следната сцена е прикажано како Чигурх ја напушта куќата. Заминувајќи со автомобилот, во него удира друг автомобил и тој е повреден. Сепак, две момчиња му помагаат да ја преврзе скршената [[рака]] и тој си заминува, додека во далечината се слуша звукот на сирената на амбулантата.

Третата приказна во филмот го следи полицаецот Ед Том Бел (го игра Ли Џонс), кој цело време се обидува да го реши случајот со неуспешната зделка со дрогата. Тој дознава дека Левелин ги зел парите и ја убедува неговата жена да го убеди мажот да ѝ се предаде на полицијата, зашто мафијата нема да го остави. Сепак, тој не успева да го реши случајот, бидејќи доцна пристигнува во хотелот во Ел Пасо, каде Чигурх веќе го извршил својот масакр. Ед конечно се пензионира и започнува мирен семеен живот.<ref>„Напната игра на мачка и глушец“, ''Антена'', број 866, 30.1.2015, стр. 3.</ref> <ref>''Антена'', број 867, 6.2.2015, стр. 14.</ref>
Третата приказна во филмот го следи полицаецот Ед Том Бел (го игра Ли Џонс), кој цело време се обидува да го реши случајот со неуспешната зделка со дрогата. Тој дознава дека Левелин ги зел парите и ја убедува неговата жена да го убеди мажот да ѝ се предаде на полицијата, зашто мафијата нема да го остави. Сепак, тој не успева да го реши случајот, бидејќи доцна пристигнува во хотелот во Ел Пасо, каде Чигурх веќе го извршил својот масакр. Ед конечно се пензионира и започнува мирен семеен живот.<ref name="ReferenceA"/><ref>''Антена'', број 867, 6.2.2015, стр. 14.</ref>

== Улоги ==
== Улоги ==
Ред 69: Ред 68:

=== [[БАФТА]] ===
=== [[БАФТА]] ===
Најдобар филм ('''номинација''')
Најдобра режија ('''награда''') [[Џоел Коен]] и [[Итан Коен]]
Најдобар спореден актер ('''награда''') [[Хавиер Бардем]]
Најдобра споедна актерка ('''номинација''') [[Кели Мекдоналд]]
Најдобро адаптирано сценарио ('''номинација''')
Најдобра кинематографија ('''номинација''')
Најдобра монтажа ('''номинација''')
Најдобри звуци ('''номинација''')
Најдобар филм ('''номинација''')
Најдобра режија ('''награда''') [[Џоел Коен]] и [[Итан Коен]]
Најдобар спореден глумец ('''награда''') [[Хавиер Бардем]]
Најдобра споедна глумецка ('''номинација''') [[Кели Мекдоналд]]
Најдобро адаптирано сценарио ('''номинација''')
Најдобра кинематографија ('''номинација''')
Најдобра монтажа ('''номинација''')
Најдобри звуци ('''номинација''')

=== [[Златен глобус]] ===
=== [[Златен глобус]] ===
Најдобар драма филм ('''номинација''')
Најдобар спореден актер во драма филм ('''награда''') [[Хавиер Бардем]]
Најдобра режија во драма филм ('''награда''') [[Џоел Коен]] и [[Итан Коен]]
Најдобро сценарио ('''награда''')
Најдобар драма филм ('''номинација''')
Најдобар спореден глумец во драма филм ('''награда''') [[Хавиер Бардем]]
Најдобра режија во драма филм ('''награда''') [[Џоел Коен]] и [[Итан Коен]]
Најдобро сценарио ('''награда''')

=== [[Оскар]] ===
=== [[Оскар]] ===
Најдобар филм ('''награда''')
Најдобра актер во споредна улога ('''награда''') [[Хавиер Бардем]]
Најдобар филм ('''награда''')
Најдобра глумец во споредна улога ('''награда''') [[Хавиер Бардем]]

Најдобра режија ('''награда''')
Најдобро адаптирано сценарио ('''награда''')
Најдобра кинематографија ('''номинација''')
Најдобра монтажа ('''номинација''')
Најдобра звучна монтажа ('''номинација''')
Најдобри миксани звуци ('''номинација''')

Најдобра режија ('''награда''')
Најдобро адаптирано сценарио ('''награда''')
Најдобра кинематографија ('''номинација''')
Најдобра монтажа ('''номинација''')
Најдобра звучна монтажа ('''номинација''')
Најдобри миксани звуци ('''номинација''')

Ред 84: Ред 83:

{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

[[Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм]]
[[Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм]]
[[Категорија:Филмови од 2007 година]]
[[Категорија:Филмови од 2007 година]]

Преработка од 04:31, 21 мај 2020

„Нема земја за старци
(No Country for Old Man)“
РежисерЏоел Коен
Итан Коен
ПродуцентСкот Рудин
Џоел Коен
Итан Коен
СценаристКормак МекКарти (роман)
Главни улогиТоми Ли Џонс
Џош Бролин
Хавиер Бардем
Кели Мекдоланд
Вуди Харелсон
Жанрдрама
МузикаКартер Бурвел
КинематографијаРаџер Дикинс
ДистрибутерMiramax Films
Paramount Vantage
Премиера9 ноември 2007
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$25,000,000
Бруто заработка$171,600,000

Нема земја за старци (англиски: No Country for Old Men) е филм (драма) од 2007 година, режиран од браќата Џоел Коен и Итан Коен. Главните улоги ги играат: Томи Ли Џонс, Џош Бролин и Хавиер Бардем. Филмот е снимен по истоимениот роман на Кормак Макарти.[1][2] Филмот бил номиниран за осум награди „Оскар“, а освоил четири, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобро адаптирано сценарио и најдобар спореден глумец. Покрај наградата „Оскар“, Хавиер Бардем ја освоил и наградата „Златен глобус“.[3] Филмот добил многу позитивни критики. Така, Роџер Еберт од „Chicago Sun-Times“ го нарекол „најдобриот филм кој го снимиле браќата Коен...“

Содржина

Во филмот се зборува за пропадната зделка со дрога, по што следи игра на мачка и глушец помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во пустината во Западен Тексас во 1980-те години.

За време на ловот, Левелин Мос (го игра Бролин) случајно пронаоѓа група автомобили покрај кои лежат неколку мртви тела. Пребарувајќи низ возилата, тој пронаоѓа еден ранет. Во едно од возилата има големо количество дрога, а малку понатаму, Левелин наоѓа куферче полно со два милиони долари. Тој ги носи парите дома и ѝ кажува на жената си веднаш да се спакува и да оди кај нејзината мајка. Тој пак се враќа назад на местото на злосторството за да му однесе вода на единствениот преживеан во масакрот. Тогаш, таму пристигаат други возила со криминалци, кои го бркаат и пукаат по него. Иако е ранет, успева да побегне, но знае дека криминалците ќе го гонат.

Истовремено, криминалецот и психопатот Антон Чигурх (го игра Бардем) е уапсен, но успева да го задави дежурниот полицаец во станицата и да побегне, а потоа извршува уште неколку убиства, користејќи сад со компримиран воздух. Потоа, Чигурх пристигнува на местото каде се извршила неуспешната зделка со дрогата, ги убива своите сопатници, а потоа започнува да го прогонува Левелин со цел да си ги поврати парите. Левелин бега во еден мотел, каде ги крие парите во една соба, а тој се сместува во друга соба, но не знае дека во куферчето со пари се наоѓа радио-предавател и затоа, Чигурх успева лесно да го пронајде. Така, Чигурх и Левелин продолжуваат да се бркаат, сè додека во еден хотел, Левелин не го открие предавателот. Тој успева да го рани Чигурх во ногата, но и самиот е ранет. Сепак, Левелин успева да побегне во Мексико, каде е сместен во една болница, откако претходно го фрла куферчето со парите. Во болницата го посетува платен убиец, кого го испратиле криминалците, со цел да ги најде парите. Меѓутоа, во градот пристигнува и Чигурх, кој го убива платениот убиец, а на Левелин му се заканува дека ќе му ја убие жената му, ако не му ги даде парите.

Тогаш, Левелин ѝ се јавува на жена си, кажувајќи ѝ да оди во Ел Пасо, но за тоа дознаваат и мексиканската мафија и Чигурх, кој ги убива сите криминалци, заедно со уште неколку луѓе, меѓу кои и самиот Левелин. Останувајќи без мајка си, жената на Левелин се враќа дома, каде ја чека Чигурх. Таа го моли да не ја убива, а тој се обидува да фрли паричка, велејќи ѝ да избере „писмо“ или „глава“. Таа одбива да избере, а во следната сцена е прикажано како Чигурх ја напушта куќата. Заминувајќи со автомобилот, во него удира друг автомобил и тој е повреден. Сепак, две момчиња му помагаат да ја преврзе скршената рака и тој си заминува, додека во далечината се слуша звукот на сирената на амбулантата.

Третата приказна во филмот го следи полицаецот Ед Том Бел (го игра Ли Џонс), кој цело време се обидува да го реши случајот со неуспешната зделка со дрогата. Тој дознава дека Левелин ги зел парите и ја убедува неговата жена да го убеди мажот да ѝ се предаде на полицијата, зашто мафијата нема да го остави. Сепак, тој не успева да го реши случајот, бидејќи доцна пристигнува во хотелот во Ел Пасо, каде Чигурх веќе го извршил својот масакр. Ед конечно се пензионира и започнува мирен семеен живот.[3][4]

Улоги

Глумци Ликови
Томи Ли Џонс Шериф Ед Томас Бел
Џош Бролин Левелин Мос
Хавиер Бардем Антон Чигурх
Кели Мекдоналд Карла Џин Мос
Вуди Харелсон Карсон Велс
Тес Харпер Лорета Бел
Бари Корбин Елис
Стивен Рут Шефот на Велс
Бет Грент Мајка му на Карла
Гарет Дилахант Вендел

Номинации и награди

БАФТА

Најдобар филм (номинација)
Најдобра режија (награда) Џоел Коен и Итан Коен
Најдобар спореден глумец (награда) Хавиер Бардем
Најдобра споедна глумецка (номинација) Кели Мекдоналд
Најдобро адаптирано сценарио (номинација)
Најдобра кинематографија (номинација)
Најдобра монтажа (номинација)
Најдобри звуци (номинација)

Златен глобус

Најдобар драма филм (номинација)
Најдобар спореден глумец во драма филм (награда) Хавиер Бардем
Најдобра режија во драма филм (награда) Џоел Коен и Итан Коен
Најдобро сценарио (награда)

Оскар

Најдобар филм (награда)
Најдобра глумец во споредна улога (награда) Хавиер Бардем
Најдобра режија (награда)
Најдобро адаптирано сценарио (награда)
Најдобра кинематографија (номинација)
Најдобра монтажа (номинација)
Најдобра звучна монтажа (номинација)
Најдобри миксани звуци (номинација)

Наводи

1. Thompson, Gary (November 9, 2007). „Creep in the heart of Texas“. Philadelphia Daily News. Посетено на January 4, 2004. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
2. Schwarzbaum, Lisa (November 7, 2007). „No Country for Old Men“. EW.com. Посетено на January 4, 2004. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
3. 3,0 3,1 „Напната игра на мачка и глушец“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 3.
4. Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 14.

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>