Разлика помеѓу преработките на „Мерилин Монро“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема измена во големината ,  пред 9 месеци
с
Јазична исправка, replaced: актерки → глумици (2) using AWB
с (Јазична исправка, replaced: актерите → глумците (3) using AWB)
с (Јазична исправка, replaced: актерки → глумици (2) using AWB)
==== Договори со студија и почетоци ====
 
Нејзината успешна кариера како модел му го привлекува вниманието на [[Бен Лион]], извршител на ''20th Century Fox'', кој организира пробно снимање за неа. Лион беше воодушевен и забележува: „Тоа е Џин Харлоу одново“. Понуден ѝ е стандарден шест-месечен договор со почетна плата од 125 долари неделно. На Лион не му се допаѓа името Норма Џин и ѝ го избира „Керол Линд“ како сценско име – по Карол Ломбард и Џени Линд – но наскоро самиот заклучува дека ова не е соодветен избор. Норма Џин е поканета да го мине викендот со Лион и неговата сопруга Биби Даниелс во нивниот дом. Таму тие одлучија да ѝ најдат ново име. По стапките на нејзиниот идол [[Џин Харлоу]], Норма Џин одлучува да го избере моминското презиме на мајка ѝ – Монро. Неколку варијации како што се Норма Џин Монро и Норма Монро се пробани и конечно е избрано „Џин Монро“. Сепак, најпосле, Лион одлучува дека сака таа да има ново име, бидејќи имало многу актеркиглумици со името Џин, или варијација на истото како [[Џин Питерс]], [[Џин Тирни]], [[Жан Крејн]] и [[Жан Артур]]. Барајќи некои поалитерациско име, Лион го предложува „Мерилин“, коментирајќи дека таа го потсетува на [[Мерилин Милер]], секси актерка на Бродвеј во 1920-тите години. Норма Џин отпрвин е колеблива бидејќи Мерилин е само скусување на името Мери Лин (Мary Lynn), име што не ѝ се допаѓа. На Лион, сепак, му се чини дека името „Мерилин Монро" е секси, „убаво тече“ и може да биде „среќно“ поради двојното „М"; така Норма Џин Бејкер го зеде името Мерилин Монро.
 
Првата филмска улога на Мерилин Монро е незаведената улога како телефонски оператор во ''[[Скандалозната госпоѓица Пилгрим]]'' во 1947-ма година.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt0039819/fullcredits Full cast and crew for The Shocking Miss Pilgrim], [http://www.imdb.com/ Internet Movie Database].</ref> Добива кратка улога истата година во ''[[Опасните години]]'' и дополнителен настап во ''[[Зелената трева на Вајоминг]]'' и ''[[Беше суден за мене]]'', а исто така и улога со појава во три сцени како Бети во ''[[Скуда Ху! Скуда Хеј!]]''. Всушност, делот на Монро во ''[[Скуда Ху! Скуда Хеј!]]'' требаше да биде долг три сцени, но пред појавувањето на филмот нејзиниот дел е пресечен на само една кратка сцена од една реплика. ''[[Зелената трева на Вајоминг]]'', ''[[Беше суден за мене]]'' и ''[[Скуда Ху! Скуда Хеј!]]'' нема да бидат проектирани до 1948-ма година, месеци по завршувањето на договорот на Монро кон крајот на 1947. Таа се обидува да најде работа на филм, но додека невработена – позира за голи фотографии. Ѝ плаќаат 50 долари, а на отписницата таа се потпишува како „Мона Монро". Тоа е единствениот пат таа да биде платена за голите фотографии. Истата година, исто така, е крунисана и како ''Кралица на артичоките Мис Калифорнија'' (''Miss California Artichoke Queen'') на годишниот фестивал на [[артичока|артичоките]] во Кастровил.<ref>{{cite web |author=beachcalifornia.com |url=http://www.beachcalifornia.com/castrov.html |title=Castroville, California, Photos of the artichoke capital on the central coast |publisher=Beachcalifornia.com |date= |accessdate=2010-03-02}}</ref>
Во мај 1955-тата година, Монро почна да излегува со драматургот [[Артур Милер]]; тие се запознаваат во [[Холивуд]] во 1950, па кога Милер дознава дека таа е во Њујорк, договара еден нивни заеднички пријател повторно да ги запознае. На 1-ви јуни 1955-тата, на нејзиниот роденден, [[Џо Димаџо]] ја придружува Монро на премиерата на ''[[Седум години верност]]'' во Њујорк. Тој подоцна ѝ приредува и роденденска забава, но вечерта завршува со јавна расправија, па Монро ја напушта забавата без него. Следи подолг период на оттуѓување.<ref>Summers, p. 142.</ref><ref>Riese and Hitchens, p. 124.</ref>
 
Во текот на 1955 година, Монро учи на ''[[Актерското студио]]'' и открива дека една од нејзините најголеми пречки е нејзината огромна трема на сцената. Се спријателува со глумците [[Кевин Меккарти]] и [[Ели Валак]], кои се сеќаваат на неа како посветена и искрена во нејзиниот пристап кон учењето и истакнуваат дека таа се обидувала да не привлече внимание со тоа што седела најназад во училницата. Кога Стразберг ќе почувствува дека Монро е спремна да настапи пред нејзините соученици, Монро и Морин Стејплтон ја избираат почетната сцена од Ана Кристи на [[Јуџин О’Нил]], и иако таа греши за време на секоја проба, сепак е способна да ја заврши изведбата без да ги заборави своите реплики. Ким Стенли подоцна ќе се присети дека иако студентите биле советувани да не ракоплескаат, по изведбата на Монро ќе следи спонтан аплауз од публиката. Додека Монро е студент, [[Ли Стразберг]] ќе рече: „Имам работено со стотици актери и актеркиглумици, но само двајца кои се издвојуваат повеќе од сите други. Број еден е [[Марлон Брандо]], а број два – Мерилин Монро".
 
==== Враќањето во 20th Century Fox ====

Прегледник