Разлика помеѓу преработките на „Кристина Пизанска“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 62 бајти ,  пред 11 месец
с
Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с (Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB)
| children = Ќерка<br/>Жан ди Кастел
}}
'''Кристина Пизанска''' ([[Француски јазик|фр.]] Christine de Pisan; Венеција, 1364 – Пуаси, 1430) билa италијанскo-француска авторка од крајот на средниот век. Како писател, таа била во служба на неколку војводи ([[Луј Орлеански]], [[Филип II (Бургундија)|Филип II]] од Бургундија, и [[Јован Бестрашниот]] од Бургундија), како и на францускиот кралски суд за време на владеењето на [[Шарл VI]]. Таа пишувала и поезија и проза како и биографии и книги кои содржеле практични совети за жени. Таа завршила 41 дело за време на нејзината триесетгодишна кариера од 1399-1429.<ref>Jenny Redfern, "Christine de Pisan and The Treasure of the City of Ladies: A Medieval Rhetorician and Her Rhetoric" in Lunsford, Andrea A, ed. Reclaiming Rhetorica: Women and in the Rhetorical Tradition (Pittsburgh: University of Pittsburgh Press, 1995), p. 74</ref> Голем дел од поттикот за нејзиното пишување дошол од потребата да заработи за себе и своите три деца.
 
Поддржана и охрабрена од страна на важни кралски француски и англиски добротвори, таа извршила влијание врз англиската поезија на 15 век. Нејзиниот успех произлегува од широкиот спектар на иновативни пишувања и реторички техники кои критички предизвикале реномирани писатели, како што се Жан де Мен, автор на ''Романсата на Розата'', која таа ја критикувала како неморална.
 
Во последниве децении, делата на Кристина Пизанска добиле на важност благодарејќи на научниците како Чарити Канон Вилард, Ерл Џефри Ричардс и [[Симон де Бовоар]]. Некои научници тврдат дека таа би требало да се смета за рана [[феминизам|феминистка]] која ефикасно го користела јазикот за да покаже дека жените можат да играат важна улога во општеството.
[[Image:Christine de Pisan and Queen Isabeau detail.jpg|thumb|left|200px|Кристина Пизанска ја претставува својата книга на [[Изабела Баварска]], кралица на Франција.]]
 
Учеството на Кристина во една литературна дебата, во 1401-1402, дозволила да отиде подалеку од ексклузивните кругови, и на крајот да го воспостави својот статус како писателка која се занимава со позицијата на жените во општеството. Во текот на овие години, таа се вклучила во познатата книжевна полемика, “Расправа за Романсата на Розата”.<ref>Willard, p. 73.</ref> Таа помогнала да се поттикне оваа дебата со нејзиното сомневање за литературните заслуги на ''Романсата на Розата'' на [[Жан де Мен]]. Напишана во 13 век, ''Романсата на Розата'' ги сатиризирала конвенциите на љубовта додека критично ги прикажувала жените како ништо повеќе од измамници. Кристина конкретно се спротивила на употребата на вулгарните термини во алегоричната песна на Жан де Мен.<ref>Maureen Quilligan, The Allegory of Female Authority: Christine de Pizan's "Cité des Dames" (New York: Cornell University Press, 1991), p. 40.</ref> Нејзината критика првенствено произлегла од нејзиното верување дека Жан де Мен ги напаѓа жените низ текстот.
 
Дебатата била голема и на крајот, главниот проблем повеќе не биле литературните способности на Жан де Мен. Главен проблем станале неправедните клевети за жените во книжевните текстови. Овој спор помогнал да се воспостави репутацијата на Кристина како женски интелектуалец кој можел да се наметне ефикасно и да ги брани своите мислења во литературниот свет каде доминирале мажите. Таа продолжила да се спротивставува на навредливите литературни третмани на жените.
 
==Влијание==
Кристина Пизанска главно била писателка која пишувала нарачани дела за аристократски семејства, како и за решавање на литературните дебати на ерата. Во модерните времиња, таа е етикетирана како поетска медијаторка која се занимавала со вметнување на историски текстови за да поттикне етичко и разумно однесување на своите кралски читатели. Некои тврдат дека Кристина Пизанска "ја започнала својата литературна кариера со пеење, сама во својата соба, а ја завршила со викање на јавниот плоштад".<ref>{{cite book|last=Desmond|first=Marilynn|title=Christine de Pizan and the Categories of Difference|url=http://books.google.ca/books?id=oY9LHLWTR9sC&pg=PR13&lpg=PR13&dq=“began+her+literary+career+by+singing,+alone+in+her+room,+and+she+finished+by+shouting+in+the+public+square.”&source=bl&ots=uwrVSRqYdR&sig=x3GKRxNxAtR8V9xx3G2RhhWpL-s&hl=en&sa=X&ei=D8IXU836Ceb_0gH1_4DwCQ&redir_esc=y#v=onepage&f=false|publisher=University of Minnesota Press|accessdate=6 March 2014}}</ref> Таа ставила свој печат во полето на реторичкиот дискурс во и онака машко-доминираната литературна област. Таа оставила 41 поетско дело и голем број книги со проза. [[Симон де Бовоар]] напишала во 1949 година дека ''Послание до Богот на Љубовта'' било "прв патпрвпат жена да го земе своето перо во одбрана на нејзиниот пол".<ref>{{cite web|last=Schneir|first=Miriam|title=Feminism: The Essential Historical Writings|url=http://www.amazon.com/Feminism-The-Essential-Historical-Writings/dp/0679753818|publisher=Vintage Books}}</ref><ref>{{cite book|last=Altmann|first=Barbara|title=Christine de Pizan: A Casebook|url=http://books.google.com/books/about/Christine_de_Pizan.html?id=Ea5hjXQ0eVQC|publisher=Routledge|accessdate=2003}}</ref>
 
==Наводи==
*[http://hdl.loc.gov/loc.rbc/rosenwald.0570 ''Livre des faits d'armes et de chevalerie.''] From the [http://www.loc.gov/rr/rarebook/ Rare Book and Special Collections Division] at the [[Library of Congress]]
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Италијански филозофи]]
[[Категорија:Италијански поети]]
[[Категорија:Француски филозофи]]
[[Категорија:Француски поети]]
[[Категорија:Италијански поети]]
[[Категорија:Италијански феминисти]]
[[Категорија:Француски феминисти]]

Прегледник