ISO 639-5: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
Ред 1: Ред 1:
'''ISO 639-5:2008''' „Кодови за претставување на имињата на јазиците-Дел 5: Алфа-3 код за јазични семејства и групи“<ref>[[англиски јазик|англиски]] оригинал: ''"Codes for the representation of names of languages—Part 5: Alpha-3 code for language families and groups"''</ref> е меѓународен [[стандард]] на [[Меѓународна организација за стандардизација|Меѓународната организација за стандардизација]] ('''ISO'''). За неговата разработка е одговорна поткомисијата 2 на техничката комисија 37 на ISO, која прв пат го објавила на [[15 мај]] [[2008]]. Стандардот е дел од низата стандарди [[ISO 639]].
'''ISO 639-5:2008''' „Кодови за претставување на имињата на јазиците-Дел 5: Алфа-3 код за јазични семејства и групи“<ref>[[англиски јазик|англиски]] оригинал: ''"Codes for the representation of names of languages—Part 5: Alpha-3 code for language families and groups"''</ref> е меѓународен [[стандард]] на [[Меѓународна организација за стандардизација|Меѓународната организација за стандардизација]] ('''ISO'''). За неговата разработка е одговорна поткомисијата 2 на техничката комисија 37 на ISO, која првпат го објавила на [[15 мај]] [[2008]]. Стандардот е дел од низата стандарди [[ISO 639]].


==Збирни кодови{{котва|Техничка содржина}}==
==Збирни кодови{{котва|Техничка содржина}}==
Ред 32: Ред 32:
== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
*[http://www.loc.gov/standards/iso639-5/id.php Кодовите од ISO 639-5 подредени по по назнаки] {{en}}
*[http://www.loc.gov/standards/iso639-5/id.php Кодовите од ISO 639-5 подредени по по назнаки] {{en}}



{{ISO 639-Подножје}}
{{ISO 639-Подножје}}

Преработка од 14:13, 20 мај 2020

ISO 639-5:2008 „Кодови за претставување на имињата на јазиците-Дел 5: Алфа-3 код за јазични семејства и групи“[1] е меѓународен стандард на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). За неговата разработка е одговорна поткомисијата 2 на техничката комисија 37 на ISO, која првпат го објавила на 15 мај 2008. Стандардот е дел од низата стандарди ISO 639.

Збирни кодови

ISO 639-5 задава „алфа-3“ (трибуквени) кодови, наречени „збирни кодови“, за секое јазично семејство или група. Според преработката од 29 август 2008, стандардот содржи 114 збирни кодови. За водење на регистарот е одговорна Конгресната библиотека на САД.[2]

Стандардот не ги покрива сите јазични семејства што ги користат лингвистите. Јазиците во еден групен код не мора да бидат лингвистички сродни, туку може и да припаѓаат на една географска целина, или пак да се категориски сврзани (како креолските).

Однос со другите делови на ISO 639

Некои од кодовите во ISO 639-5 се покриени и во стандардот „Алфа-3 кодови“ на ISO 639-2. ISO 639-2 содржи кодови за извесни поединечни јазици, некои макројазици и некои збирни кодови. Секој код во ISO 639-2 е присутен во ISO 639-3 или ISO 639-5.

Кодовите за јазици, семејства или групи во ISO 639-2 се делат на два типа: „група“ (g) или „остаточна група“ (r). Типот „група“ се однесува на неколку сродни јазици, додека типот „остаточна група“ се однесува на група од неколку сродни јазици од кои извесни јазици се исклучени. Меѓутоа, во ISO 639-5, „остаточните групи“ не исклучуваат ниеден јазик. Кои сè јазици ги опфаќа еден Алфа-3 код не може да се утврди без да се знае дали кодот се користи во контекст на ISO 639-2 или во контекст на ISO 639-5. Ова се должи на тоа што ISO 639-2 и ISO 639-5 ги користат истите Алфа-3 кодови, но поединечните кодови не секогаш опфаќаат еден ист список на јазици.

Примери за односот на кодовите од ISO 639-2 и ISO 639-5
Алфа-3 код Тип во ISO 639-2 Значење во ISO 639-2 Значење во ISO 639-5
afa остаточна група (r) афроазиски јазици сите афроазиски јазици
alg нормална група (g) сите алгонкински јазици сите алгонкински јазици
sqj незададено незададено албански јазици

Поврзано

Наводи

  1. англиски оригинал: "Codes for the representation of names of languages—Part 5: Alpha-3 code for language families and groups"
  2. Предлошка:Цмс (англиски)

Надворешни врски