Чарлс Лајл: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
Ред 33: Ред 33:
[[Категорија:Добитници на Кралскиот медал]]
[[Категорија:Добитници на Кралскиот медал]]
[[Категорија:Витези-бакалауреати]]
[[Категорија:Витези-бакалауреати]]
[[Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките]]

Преработка од 10:26, 20 мај 2020

Чарлс Лајл

Барон Чарлс Лајл (14 ноември 1797. – 22 февруари 1875.) бил шкотски адвокат, геолог, и промотор на униформитаризмот.

Чарлс Лајл е роден во Кинорди, (денес Ангус), Шкотска, како најстар од десетте деца. Татко му, исто така Чарлс, бил адвокат и ботаничар.

Научен придонес

Интересирањата на Лајл за геологијата се движеле од вулканите и геолошките динамики преку стратиграфијата, палеонтологијата и глациологијата, до теми кои денeс би можеле да се сместат во раноисториската археологија и палеоантропологијата. Сепак, најпознат е по својата улога во популаризацијата на доктрината за униформитаризам.

Униформитаризам

Од 1830. до 1833. објавени се неговите томови ‘Принципи на геологијата‘ (анг. Principles of Geology). Работниот поднаслов бил ‘Обид да се објаснат поранешните промени на земјината површина врз основа на данешните случувања‘ (анг. An Attempt to Explain the Former Changes of the Earth's Surface by Reference to Causes now in Operation), и ова го објаснува силното влијание на Лајл врз науката. Заедно со својот претходник Џон Плејфер (енгл. John Playfair), тој бил главен заговорник на тогаш контроверзната идеја за униформитаризам, дека земјата е обликувана со бавни движења како резултат на сили кои дејствуваат многу долг период.

Ова било спротивно од катастрофизмот, геолошка идеја која се поклопувала со староста на земјата која ја наметнала библиската хронологија. Во различни ревизии на изданието (вкупно дванаесет, во текот на 1872 г.),‘ Принципите на геологијата‘ бил највлијателниот геолошки труд во средината на 19. век, и многу направил геологијата да го добие сегашниот облик. За овие напори промовиран е во витез во 1848 г., а потоа и во барон во 1864 г.

Надворешни врски