Демократска Федерална Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
engleska za engleska, ovo je makedonska
с Демократска Федерална Македонија преместена како Федерална Држава Македонија: Tačno ime je Federalna Država Makedonija a ne "Demokratska Federalna Makedonija" bez obzira na
(нема разлика)

Преработка од 23:19, 20 октомври 2008

Демократска Федеративна Македонија било името на Македонија како федерална држава во составот на новопрогласената Демократска Федерална Југославија. Ова име се користело во периодот од 1944 до 8 март 1946 кога Президиумот на Народното Собрание со закон се менува во Народна Република Македонија.

Во виорот на Втората светска војна, на првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени следниве важни одлуки:

  • Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
  • Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
  • Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
  • Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто.

Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“. Формирана е Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун. Формиран е Македонскиот народен театар. Се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската Православна Црква. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на македонската азбука. Од печат излегува првиот македонски буквар.

На 8 март 1946 г. Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија.