3 век: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство (4) using AWB
с →‎Настани: Јазична исправка, replaced: Римското царство → Римското Царство using AWB
Ред 26: Ред 26:
* [[230]] - [[232]]: Персиската сасанидска династија започнала војна за повторно освојување на териториите загубени од римските освојувања.
* [[230]] - [[232]]: Персиската сасанидска династија започнала војна за повторно освојување на териториите загубени од римските освојувања.
* [[234]]: [[Чуга Лианг]] умрел од болест при конфликтот на рамнините на Вучанг.
* [[234]]: [[Чуга Лианг]] умрел од болест при конфликтот на рамнините на Вучанг.
* [[235]] - [[284]]: Период на [[Криза од трет век|Кризата од третиот век]] во [[Римско Царство|Римското царство]].
* [[235]] - [[284]]: Период на [[Криза од трет век|Кризата од третиот век]] во [[Римско Царство|Римското Царство]].
* [[244]]: [[Битка кај Ксингши|Битката кај Ксингши]] во Кина.
* [[244]]: [[Битка кај Ксингши|Битката кај Ксингши]] во Кина.
* [[250]] - [[538]]: Првиот дел од [[Период Кофун|периодот Кофун]] во [[Јапонија]].
* [[250]] - [[538]]: Првиот дел од [[Период Кофун|периодот Кофун]] во [[Јапонија]].

Преработка од 13:44, 14 мај 2020

< II век III век IV век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

3 век започнал на 1 јануари 201 год., а завршил на 31 декември 300 год.

Во текот на овој век Римското Царство се наоѓала во криза, што го означило почетокот на доцната антика.[1] Во Персија, Партијската империја била наследена од Сасанидската империја.[2] Во Индија, Кушанската империја била заменета со империјата Гупта.[3] Кина се наоѓала во периодот на Трите кралства.[4] Хунну ја формирале државата Сја под водство на Лиу Кубеи. Во Кореја владееле Трите кралства на Кореја. Јапонија била во периодот Кофун. Во југоисточна Азија постоеле група на слабо поврзани држави, наречени со заедничко име Фунан.

Во ова време во субсахарска Африка, експанзијата на Банту племињата дошла до јужна Африка.

Во предколумбиска Америка, културата Адена од долината на реката Охајо пропаднала, за на нејзино место да се развие Хоупвелската култура. Цивилизацијата на Маите во Средна Америка навлегла во својата класична ера.

Мапа на светот во 250 година.

Римското Царство во 3 век

По смртта на царот Комод кон крајот на 2 век, Римското Царство била втурната во граѓанска војна.[1] По завршетокот на војувањата, на тронот на империјата седнал императорот Септимиј Север (193 – 211 год.), кој бил основоположник на династијата Севери.[1] За разлика од претходните римски цареви, тој отворено ја користел армијата за да го зајакне својот авторитет, а за таа цел ги наградувал со високи плати. Како резултат на тоа, режимот што тој го создал е познат како Воена монархија. Системот се распаднал во 230-тите години, по што следел турбулентен педесетгодишен период познат како Воена анархија или Кризата од третиот век. Овој период започнал со атентатот на 28-годишниот император Александар Север (222 – 235 год.) (последниот император на династијата Севери), а по него на власт се смениле дваесет цареви, од кои секој траел само неколку месеци. На мнозинството од овие цареви или им бил извршен атентат или биле убиени во тек на воени походи, а империјата речиси пропаднала под тежината на политичките нереди и зголемената персиска опасност на исток. Под новите Сасанидски владетели, Персија прераснала во ривалска суперсила, па Рим морал да направи драстични реформи со цел подобро да се подготви за конфронтација со овој ривал. Овие реформи конечно биле реализирани кон крајот на 3 век, во текот на владеењето на императорот Диоклецијан (284 – 305 год.).[1] Една од реформите била да се подели империјата на источна и западна половина, а секоја од нив да има посебен владетел.

Настани

Бањите на Каракала во Рим

Личности

Императорот Каракала
Јулија Домна
Императорот Александар Север
Императорот Клавдиј II
Марко Аврелиј Проб, римски император
Императорот Диоклецијан
Плотин, римски филозоф

Литература

Наука и филозофија

Откритија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 252–258.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 295–298.
  3. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 304–306.
  4. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 308–315.