Зејтунско востание (1895-1896): Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
→‎top: Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: Отоманска Империја → Отоманско Царство using AWB)
|caption=
|date=октомври 1895 – јануари 1896
|place=[[Сулејмани|Зејтун]], [[ОтоманскаОтоманско ИмперијаЦарство]]
|result= ерменска победа<br>европска интервенција
|combatant1={{flag|Ottoman Empire|size=25px}}
|combatant2= [[Социјалдемократска партија Хунчакијан|Социјалдемократска партија ]]
|commander1=Али Бег<br> Мустафа Ремзи Паша <br> Едем Паша
|commander2=
'''Зејтунското востание''' избувнало во [[1895]] година и траелно до [[1896]] година во времето на [[Ерменски масакар (1894-1896)|Ерменскиот масакар]] кога жителите на Зејтун, денешен град во [[Турција]], плашејќи се од можен масакар се кренале против османлиските власти.
 
[[Ерменци]]те од градот кои биле под раководство на Социјалистичката партија, разбрале за тековните масакри кои се случувале во соседните реони и на тој начин започнале да се подготвуваат за вооружен отпор. Биле мобилизирани околу 1,500 вооружени мажи а 16 луѓе биле избрани за да се упатат кон административната зграда. Во реонот на вилаетот се наоѓале 20,000 војници, 12 топови, и дополнителни 6,000 војници од [[Смирна]] и 30,000 курдски и черкешки војници.
 
Ерменците во почетокот на востанието успеале да заробат 600 војници и по нивниот обид за бегство сите биле погубени. Отпорот завршил со интервенција на Големите сили. На востаниците им било дозволено да заминат во [[егзил]], даночното оптоварување било олеснето и бил назначен христијански заменик-гувернер. Поради ниските температури, илјадници [[Турци]] загинале и многу други починале во болниците од рани здобиени во битка. Се смета дека бројот на жртвите од конфликтот се движи од 5,000 до 10,000 луѓе.

Прегледник