Движење (физика): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: sr:Кретање
Ред 43: Ред 43:
[[sk:Pohyb (fyzika)]]
[[sk:Pohyb (fyzika)]]
[[sl:Gibanje]]
[[sl:Gibanje]]
[[sr:Кретање (физика)]]
[[sr:Кретање]]
[[su:Gerak]]
[[su:Gerak]]
[[sv:Rörelse (fysik)]]
[[sv:Rörelse (fysik)]]

Преработка од 09:54, 18 октомври 2008

За движењето во живиот свет, видете Движење.

Движењето е промена на положбата, како во случај со овој брзодвижечки воз.

Во физиката, под движење се подразбира постојана промена на местоположбата на едно тело. Промената во движењето е резултат на сила применета врз тоа тело. Движењето најчесто се опишува во рамките на фреквенција (или брзина), забрзување (акцелерација), поместување и време. Брзината на еден објект (или материјална точка) неможе да се смени доколку на него не се дејствува со некоја сила, факт кој всушност го претставува Првиот Њутнов закон. Импулсот (моментумот) на објектот е директно поврзан со неговата маса и брзина, а вкупниот импулс на сите објекти во еден затворен систем (систем на кој не делуваат надворешни сили) не се менува со текот на времето, факт олицетворен во законот за зачувување на импулсот.

За тело кое не се движи, се вели дека се одмора, дека е неподвижно, стационарно или дека има постојана положба, независна од времето.

Движењето секогаш се набљудува и мери од аспект на некое референтно тело. Бидејќи не постои апсолутно референтно тело, апсолутното движење неможе да се определи. Ова е опишано со терминот релативно движење. Тело кое е неподвижно во однос на едно референтно тело се движи релативно до бесконечно во однос на други референтни тела. Според ова, сѐ се движи во универзумот.