Љубиша Георгиевски: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= using AWB |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 24: | Ред 24: | ||
}} |
}} |
||
'''Љубиша Георгиевски''' ([[30 мај]] [[1937]], [[Битола]] - [[6 декември]] [[2018]], [[Скопје]]<ref name="alsatm"/>) — театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на [[Факултет за драмски уметности|Факултетот за драмски уметности]] во [[Скопје]]. |
'''Љубиша Георгиевски''' ([[30 мај]] [[1937]], [[Битола]] - [[6 декември]] [[2018]], [[Скопје]]<ref name="alsatm"/>) — македонски театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на [[Факултет за драмски уметности|Факултетот за драмски уметности]] во [[Скопје]]. |
||
== Кариера == |
== Кариера == |
Преработка од 14:52, 13 мај 2020
Љубиша Георгиевски | |
---|---|
VII Претседател на Собранието | |
На должноста 1 август 2006 – 21 јуни 2008 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Љупчо Јордановски |
Наследник | Трајко Вељаноски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 30 мај 1937 Битола, Кралство Југославија (денес Македонија) |
Починал(а) | 6 декември 2018 Скопје | (возр. 81)
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Професија | политичар, режисер |
Вероисповед | православен христијанин |
Љубиша Георгиевски (30 мај 1937, Битола - 6 декември 2018, Скопје[1]) — македонски театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Кариера
Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.
Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.
Зборувал англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служи и со словенечки, полски и романски.[2]
Има објавено десеттина книги.[се бара извор] Како филмски режисер има режирано четири филма: „Под исто небо“ (1964), „Планината на гневот“ (1968), „Републиката во пламен“ (1969), „Цената на градот“ (1970).[3]
Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.
Награди
Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.
Добитник е на бројни награди за режија. Наградата „11 Октомври“ (1981), Наградата на Здружението на драмските уметници во СРМ (1962), „Војдан Чернодрински“ (1965, 1990, 1994), „Стерја“ (1965, 1981), „Златен венец“ на МЕС Сараево (1969, 1974, 1976, 1977, 1978), Награда на Зружението на театарските работници на БиХ (1972), „Јоаким Вуиќ“ (1974).[3]
Други награди
- „4 Ноември“ на градот Битола (2012)
- Орден „Стара планина“ 1 степен (Бугарија) (2004) [4]
Политичка кариера
На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Бил амбасадор и ја претставува Република Македонија во:
Бил претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Почина поранешниот претседател на Собранието, Љубиша Георгиевки
- ↑ 2,0 2,1 Љубиша Георгиевски, Собрание на Република Македонија.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 49–50. ISBN 978-9989-2783-0-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 4,0 4,1 „УКАЗ № 320 ОТ 15.10.2004 Г. ЗА НАГРАЖДАВАНЕ НА Г-Н ЛЮБИША ГЕОРГИЕВСКИ-ИЗВЪНРЕДЕН И ПЪЛНОМОЩЕН ПОСЛАНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЯ В РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ, С ОРДЕН "СТАРА ПЛАНИНА" ПЪРВА СТЕПЕН“. Държавен вестник. 95. 26 октомври 2004. Посетено на 4 јануари 2019.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Љупчо Јордановски |
Претседател на Собранието на Македонија 2006–2008 |
Наследник Трајко Вељаноски |