Разлика помеѓу преработките на „Антички Македонци“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
Правописна исправка, replaced: југо-западна → југозападна using AWB
с
с (Правописна исправка, replaced: југо-западна → југозападна using AWB)
[[Податотека:PreMacedon.png|right|thumb|250px|Положба на локалните племиња преди експанзијата на античките Македонци.]]
[[Податотека:ExpansionOfMacedon.jpg|thumb|250px|right|Експанзијата на Античка Македонија до смрта на Филип II.]]
'''Античките Македонци''' (или '''Древни Македонци''', '''Стари Македонци''') биле древен народ од индоевропско потекло населен на територијата на регионот [[Македонија (регион)|Македонија]], чие име е добиено по нив. Македонија била центар на Македонската Империја. Тие зборувале на свој [[старомакедонски јазик|македонски јазик]], за кој не се знае многу. Заклучокот за старомакедонскиот јазик не е јасен. Постојат докази дека античкиот македонски јазик или древниот македонски јазик не бил грчки дијалект, а хеленските племиња не го знаеле македонскиот древен јазик. <ref>[http://books.google.mk/books?id=vXljf8JqmkoC&pg=PA847&dq=ancient+macedonian+language&hl=mk&ei=5FdnTsSQC4ej4gTR7fG2DA&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=4&ved=0CDAQ6AEwAw#v=onepage&q=ancient%20macedonian%20language&f=false The Cambridge ancient history: The prehistory of the Balkans, the Middle East and the Aegean Worl, Volume 3, Part 1, p. 847, John Boardman]</ref>
 
== Потеклото на античките Македонци ==
[[File:Македонски штит од Бонче.jpg|thumb|мини|лево|Македонски штит со сонце пронајден на локалитетот во Старо Бонче]]
Античките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци трврдат дека античкомакедонскиот народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. [[Гнеј Трог Помпеј]], еден од најголемите експерти по старомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога старите Македонци биле поробени од Римјаните, вели “Македонците се од [[пелазги]]ски производ“ (Justin. VII, 1, 3). Најголемиот антички географ [[Страбон]] (63/64 г.п.н.е. – 24 г.н.е), пишува дека [[Тесалија]] (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со [[Пелазги]] и тоа во првиот век од нашата ера (Страбон, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини (Грци), туку со Пелазги- свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија. [[Херодот]], античкоелински историчар пак пишува дека порано и цела Елада (Грција) била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Балканот, но сè уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада сепак останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античкоримскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess ([[Тит Ливиј]], книга XXX, стр. 29).
 
За античките Македонци постојат три етногенетички хипотези поставени од пројугословенските историчари во Македонија. Археолозите Никола Шелдаров и [[Виктор Лилчиќ]], во нивната стручна книга "Кралевите на Античка Македонија и нивните монети", даваат преглед на различните експертизи околу етничката природа на Палео-Македонците. Едната гласи дека се старогрчко племе, другата дека се припадници на тракиjската и илирската племенски заедници, и трета дека се нешто сосема посебно, некаков одделен етносупстрат составен од разни народи Пејонци, Пелагонци и Бриги. Првите две објаснувања кај нас се отфрлаат. Целокупната научна и мисловна енергија се насочува кон третата теза, со намера да се докаже дека сме посебен и прастар етникум. Нашиот познат професор Иван Микулчиќ застапува теза дека античките Македонци се производ на мешање на старогрчкото племе Дорјани, кои во 12 и 13 век п.н.е. се доселиле од Централна Европа во областа Епир (помеѓу денешна Грција и Албанија) и староседелците Пелазги - трачко племе. Но, ваквите хипотези за некакво елинско потекло на античките Македонци, целосно ги негираат античките елински и римски историчари и хроничари. Демостен, Атињанин кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците за македонскиот крал Филип Втори Македонски тврди:“...не само што не е Грк, ниту пак е поврзан со Грците…” (Демостен, Филипика III). Според античките автори, Македонците и Елините не само што не биле ист народ, туку припаѓале и на различни раси, па сите опишуваат елинска и македонска Раса (види кај Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истaтата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари ([[Titus Livius]] книга XXXI, стр. 44)
 
== Античкомакедонски јазик ==
Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле посебен јазик, различен од Елините (Грците) и останатите соседни народи.
 
Како Акаранците, Македонците и Етолците не биле Eлини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. &nbsp;29).
 
Еден од најголемите антички биографи на Александар Трети Велики, Плутарх, пишува дека Александар ги повикувал своите телехранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен, стр. 14).
 
== Врски меѓу античките Македонци и денешните Македонци ==
Повеќе [[македонски историчари|македонски]] и странски историчари и научници сметаат дека античките Македонци биле дел од етногенетскиот процес на создавањето на денешниот [[Македонци|македонски народ]] кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во одреден дел од денешните [[Македонци]], историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година [[Димитар Македонски]] преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.<ref> Потврдени во повеќе дела на авторите: [[Драган Ташковски]], [[Александар Донски]], [[Наде Проева]], [[Јуџин Н. Борза]] (од [[САД]]) и др. </ref><ref>Точниот цитат е ... "''ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некоj народ, туку се чисти Бугари како вас; од таму ќе се научите уште дека Македонците се се изгубиле од лицето на земјата Македонија''... "Лист за политика и книжевност“, Цариград, 16.02.1871; Билярски, Цочо. Из българския възрожденски печат от 70-те години на ХІХ век по македонския въпрос, Македонски преглед, год. ХХХІІІ, 2000, кн. 4, с. 114-115.</ref> Античкомакедонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на [[1 март]] кој се слави во [[Пустец]] и селата во југо-западнајугозападна [[Македонија]]), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот [[македонски јазик]], форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.
 
Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од [[Ѓорѓија Пулевски]], кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена од ИНИ, Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на [[Александар Македонски]] во вид на интересни приказни на [[македонски јазик|македонски народен мијачки говор]]. Античкомакедонското потекло на современите [[Македонци]] е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец [[Исаија Мажовски]] на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар. Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античкомакедонски мотиви или мотиви од животите на [[Филип Македонски|Филип]] и [[Александар Македонски]], сметани за македонски цареви. Славата на античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.

Прегледник