Тапани: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 44: Ред 44:
* „Труби и тапан“ - песна на рускиот поет [[Виктор Кривулин]] од 2001 година.<ref>Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 160.</ref>
* „Труби и тапан“ - песна на рускиот поет [[Виктор Кривулин]] од 2001 година.<ref>Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 160.</ref>
* „Тапанска песна“ (''Барабанная песня'') - песна на рускиот поет [[Владимир Мајаковски]] од 1923 година.<ref>Владимир Мајаковски, ''Песме и поеме''. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 116-118.</ref>
* „Тапанска песна“ (''Барабанная песня'') - песна на рускиот поет [[Владимир Мајаковски]] од 1923 година.<ref>Владимир Мајаковски, ''Песме и поеме''. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 116-118.</ref>
* „Музета и тапани“ (''Musette And Drums'') - песна на англиската рок-група „[[Кокто Твинс]]“ (''Cocteau Twins'') од 1983 година.<ref>[https://www.discogs.com/Cocteau-Twins-Head-Over-Heels/master/5508 Discogs, Cocteau Twins ‎– Head Over Heels (пристапено на 9.5.2020)]</ref>
* „Таа тропа на тапани“ (''She Bangs The Drums'') - песна на британската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Стоун Роузис]]“ (''The Stone Roses'') од 1988 година.<ref>[https://www.discogs.com/The-Stone-Roses-The-Stone-Roses/master/12458 Discogs, The Stone Roses ‎– The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019)]</ref>
* „Таа тропа на тапани“ (''She Bangs The Drums'') - песна на британската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Стоун Роузис]]“ (''The Stone Roses'') од 1988 година.<ref>[https://www.discogs.com/The-Stone-Roses-The-Stone-Roses/master/12458 Discogs, The Stone Roses ‎– The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019)]</ref>



Преработка од 10:37, 9 мај 2020

Тапан користен од 1823

Тапаните се дел од ударната група на инструменти, а технички се класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен од мембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните не можат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.

Употреба

Најголемиот број тапани се свират со помош на раце, палици, четкици за тапани и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и џезот, тие се користат за изведување на музички композиции. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз. Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно.

Историја

Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред определени сигнали. Во Африка тие се користеле за комуникација на големи далечини. Во Шри Ланка, тапаните биле користени за комуникација помеѓу државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето. Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.

Типови на тапани

Тапаните како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Труби и тапан“ - песна на рускиот поет Виктор Кривулин од 2001 година.[1]
  • „Тапанска песна“ (Барабанная песня) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1923 година.[2]
  • „Музета и тапани“ (Musette And Drums) - песна на англиската рок-група „Кокто Твинс“ (Cocteau Twins) од 1983 година.[3]
  • „Таа тропа на тапани“ (She Bangs The Drums) - песна на британската рок-група „Стоун Роузис“ (The Stone Roses) од 1988 година.[4]

Наводи

  1. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 160.
  2. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 116-118.
  3. Discogs, Cocteau Twins ‎– Head Over Heels (пристапено на 9.5.2020)
  4. Discogs, The Stone Roses ‎– The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019)