Разлика помеѓу преработките на „Мерилин Монро“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 4 бајти ,  пред 10 месеци
с
(поврзница деколте)
Нејзиниот следен филм е ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' (1953) во кој игра покрај [[Џејн Расел]], во режија на [[Хауард Хокс]]. Нејзината улога како Лорелај Ли, [[танчар]]ка што оди по пари, бара од неа да глуми, пее и танцува. Двете ѕвезди стануваат пријателки, а Расел ја опишува Монро како „многу срамежлива и многу слатка и далеку поинтелигентна од тоа што луѓето велат дека е“. Подоцна таа се сеќава дека Монро ја покажувала својата посветеност со вежбање на своите танцови точки секоја вечер дури и откако кога поголем дел од екипата ке си заминела; како по навика, сепак, вообичаено пристигнувала доцна на сетот за снимање. Откако открива дека Монро останува во нејзината соблекувална до подоцна поради трема и дека Хокс е сè понестрплив со нејзиното доцнење, Расел почнува да ја придружува до сетот.<ref>Russell, p. 138.</ref>
 
На премиерата на филмот во [[Лос Анџелес]], Монро и Расел ги врежуваат своите раце и стапалки во цементот на дворот од Граумановиот Кинески театар. Монро е оценета позитивно од критиката, а филмот заработува повеќе од двојно од тоа колку чини неговата продукција.<ref>Churchwell, p. 63.</ref> Нејзиниот препев на „Дијамантите се најдобриот пријател на девојката“ оттогаш е речиси поистоветен со неа. ''[[Мажите повеќе сакаат русокоси]]'' е, исто така, еден од најраните филмови во кои [[Вилијам Травила]] ја облекува Монро. Травила ќе ја облекува Монро во осум од нејзините филмови, вклучуваќи ги ''[[Автобуска станица]], [[Нема потреба да тропаш]], [[Како да се омажиш за милионер]], [[Реката на неповратот]], [[Не постои бизнис како шоу бизнисбизнисот]], [[Мајмунска работа]]'' и ''[[Седум години верност]]''.<ref>{{cite web|author=11:25 AM |url=http://www.palmspringslife.com/Blogs/The-Life/January-2009/The-Man-Who-Dressed-Marilyn-Monroe-the-legendary-William-Travilla/ |title=Palmspringslife.com |publisher=Palmspringslife.com |date=January 13, 2009 |accessdate=2010-03-02}}</ref>
 
==== Како да се омажиш за милионер ====

Прегледник