Анџело Ди Ливио: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 58: | Ред 58: | ||
*'''[[Фудбалски куп на Италија|Куп на Италија]]''' (1) : 2000-2001 |
*'''[[Фудбалски куп на Италија|Куп на Италија]]''' (1) : 2000-2001 |
||
*'''[[Серија Ц2]]''' (1) : 2002-2003 |
*'''[[Серија Ц2]]''' (1) : 2002-2003 |
||
⚫ | |||
==Надворешни врски== |
==Надворешни врски== |
||
Ред 65: | Ред 63: | ||
*[http://www.transfermarkt.co.uk/en/angelo-di-livio/profil/spieler_21148.html Профил на трансфермаркт] |
*[http://www.transfermarkt.co.uk/en/angelo-di-livio/profil/spieler_21148.html Профил на трансфермаркт] |
||
⚫ | |||
{{Состав на Италија на СП фудбал 1998}} |
{{Состав на Италија на СП фудбал 1998}} |
||
{{Состав на Италија на ЕП фудбал 2000}} |
{{Состав на Италија на ЕП фудбал 2000}} |
Преработка од 21:02, 11 април 2020
Анџело Ди Ливио | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 26 јули 1966 | ||
Роден во | Рим, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,73||
Играчки податоци | |||
Позиција | бек, среден ред | ||
Повлекување | 2005 (38 години) - како играч | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1984-1985 | Рома | 0 | (0) |
1985-1986 | Реџана | 13 | (0) |
1986-1987 | Ночерина | 31 | (1) |
1987-1989 | Перуџа | 72 | (4) |
1989-1993 | Падова | 138 | (13) |
1993-1999 | Јувентус | 186 | (3) |
1999-2005 | Фјорентина | 169 | (8) |
Репрезентација ‡ | |||
1995-2002 | Италија | 40 | (0) |
† Учества (Голови). |
Анџело Ди Ливио (роден на 26 јули 1966 во Рим) е поранешен италијански фудбалер, кој најчесто настапувал како играч од средниот ред.
Тој бил познат и по својот прекар Il soldatino (превод на мак. малиот војник) за време на неговата играчка кариера поради неговиот карактеристичен начин на движење по теренот, горе-долу по крилните позиции (односно трчањето на теренот по широчина).
Клупска кариера
Почетокот на кариерата и раните години од неа
Роден во Рим Ди Ливио ја започнал својата кариера во екипата на Рома каде станува професионалец во сезоната 1984-85, но не одиграл ниту еден официјален меч за клубот. Во следната сезона тој заминува од клубот од престолнината и се сели во третолигашот Реџана каде ги одиграл првите свои официјални фудбалски натпревари. Тој ја завршил сезоната со 13 одиграни натпревари и пред стартот на следната сезона, 1986-87, тој потпишал за друг тим од Серија Ц1, Ночерина. Играјќи за Ночерина тој станува редовен член на првиот тим и го постигнува својот прв професионален погодок во кариерата. И покрај големата минутажа која ја добива во клубот и добрата сезона Ди Ливио решава да ја напушти Ночерина и да му се приклучи на тогаш една лига послабиот тим на Перуџа (тим кој и покрај проблемите во тој период бил многу поголем и популарен од Ночерина). Веќе во првата сезона тој им помага да обезбедат промоција.
Падова
По двеипол сезони поминати во дресот на Перуџа, Ди Ливио прави чекор напред во својата кариера со трансферот во екипата на Падова која се натпреварува во Серија Б. Трансферот е реализиран во јануарскиот преоден рок 1990 година. Тој одигра триипол сезони во Падова во кој запишал 138 натпревари и постигнал 13 голови кој го прават еден од клучните играчи на клубот.
Јувентус
Во летото 1993 година Ди Ливио заедно со соиграчот од Падова, Алесандро Дел Пиеро му се приклучија на гигантот Јувентус. Тоа беше прва можност за Ди Ливио да ги покаќе своите квалитети на највисокото фудбалско ниво во Италија. Своето деби за Јувентус, а воедно и во Серија А Ди Ливио го направил на 5 септември 1993, на 27 години, во поразот на неговиот тим на гостувањето кај Рома со 2-1. На 27 октомври тој го постигнува својот прв погодок за бјанконерите во поразот со 4-3 од Венеција во натпревар од Coppa Italia. Неговиот прв лигашки погодок, пак доаѓа на стартот на втората негова сезона во клубот кога тој го постигна единствениот погодок во победата над Сампдорија од 1-0 на 25 септември 1994. Играјќи за Јувентус тој уживаше во освојувањето на три титули во Серија А, еден трофеј во Coppa Italia, два Суперкупа на Италија, еден трофеј во Лигата на Шампионите, еден Суперкуп на Европа и еден Интерконтинентален куп.
Фјорентина
Во летото 1999 Ди Ливио се пресели во редовите на Фјорентина на 33 годишна возраст. Тој успеа да триумфира во Coppa Italia со виола во сезоната 2000-01, по што следеа тешки дeнови за тимот од Фиренца. Веќе следната сезона тимот испаѓа од Серија А, а набргу потоа и објавува банкрот по што започнува одпочеток да се натпреварува, и тоа во Серија Ц2 под името Флорентиа Виола. Ди Ливио беше еден од малкуте играчи од тогашниот состав кој останаа да настапуваат за клубот во Ц2. По промоцијата во Серија Б (веќе следната сезона), тимот го враќа своето старо име Фјорентина. И покрај тоа што веќе беше во поодминати фудбалски години, Ди Ливио реши да продолжи да игра за клубот со цел да му помогне да се врати во Серија А, на тој начин оддолжувајќи го пензионирањето. Тој успева во својата цел изборувајчи промоција во Серија А и Објави дека ќе остане уште за една сезона поради неговата желба одново да заигра на највисокото ниво. Тој одигра 12 натпревари во сезоната 2004-05 во Серија А по што се повлече од фудбалот. Последниот официјален натпревар го одигра на 29 мај 2005 во победата на Фјорентина над Бреша со 3-0.
Репрезентативна кариера
Тој го направи своето деби во националниот тим на Италија на 29 години, на 6 септември 1995 година, во натпревар помеѓу Италија и Словенија (што заврши 1-0 за аѕурите).
Подоцна тој учествува на 4 големи првенства две светски и две европски. Тој учествувал на Европското првенство 1996, на Светското првенство 1998, Европското првенство 2000 и на речиси 36 години на Светското првенство 2002. На 18 јуни 2002 година го одигра својот последен натпревар со репрезентацијата во втората фаза на Светското првенство каде беа елиминирани од Јужна Кореја со 2-1.
Тој собра 40 настапи за Аѕурите, од кои само во 12 ги одиграл сите 90 минути.
Титули
Јувентус
- Серија А (3) : 1994–1995, 1996–1997, 1997–1998
- Куп на Италија (1) : 1994-1995
- Суперкуп на Италија (2) : 1995, 1997
- Лига на шампиони (1) : 1995–1996
- Интерконтинентален куп (1) : 1996
- Суперкуп на Европа (1) : 1996
Фјорентина
- Куп на Италија (1) : 2000-2001
- Серија Ц2 (1) : 2002-2003
Надворешни врски
- (англиски) Статистика на RSSSF.com
- Профил на трансфермаркт