Пандемија на коронавирус во Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
dodadeni zemji na poteklo
сНема опис на уредувањето
Ред 11: Ред 11:
| излекувани = 1
| излекувани = 1
| мртви = 0
| мртви = 0
| случаеви = 48
| случаеви = 50
| вебсајт = https://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5
| вебсајт = https://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5
| Status Map =
| Status Map =

Преработка од 09:03, 20 март 2020

Пандемија на коронавирус во Македонија 2020
Легенда
Карта на областите со потврдени (црвени) и сомнителни (плави) случаи на коронавирус (на 14 март)
ПатологијаCOVID-19
Потекло Италија
 Шпанија
 Холандија
 Англија
 Швајцарија
Прв случајСкопје
Опфатени земјиМакедонија Македонија
Период26 февруари 2020
- во тек
Статистички податоци
Број на случаи50
Број на излекувани1
Број на мртви0
Мреж. местоИнституционална веб-страница

Овој напис ги документира влијанијата на пандемијата на коронавирус во Македонија и може да не ги содржи сите тековно преземени мерки.[1]

Заразата во земјата главно е поврзана со пандемија во Италија 2020пандемијата во Италија со оглед дека таму живеат околу 70.000 граѓани на Македонија[2] и заради масовната хистерија од појавата на коронавирусот овие жители масовно се враќаа во Македонија.[3]

Појава и тек

Февруари

На 26 февруари, Македонија го потврди првиот случај, жена чиј тест на SARS-CoV-2 на Клиниката за заразни болести во Скопје бил позитивен. Таа престојувала во Италија месец дена и болувала две недели. По враќањето, веднаш се пријавила на клиниката.[4][5]

Март

На 6 март биле потврдени уште два случаи: брачен пар од Баланци, Центар Жупа, кои биле жители на Бреша, Италија, и се претпоставува дека се вратиле во земјата заради страв од вирусот. По позитивните резултати од тестовите биле пренесени истата клиника како и првиот случај.[6] It's reported they came into the country on February 27, though they went to the clinic in Debar on March 2. They were not initially tested for SARS-CoV-2. When the symptoms were getting worse they were tested positive on March 6, after which they were transferred to Skopje to be taken care of.[7]

На 9 март бројот на заразени се искачил на 7, Нина Цаца-Билјановска, директорка на Клиниката за кожни болести чиј резултат бил позитивен по враќањето од зимски одмор во Италија (Ова предизвикало многу контроверзии бидејќи таа држела предавање на конференција по враќањето од Италија без да се тестира, за што подоцна била разрешена) [8]) и тројца блиски роднини на брачниот пар од Центар Жупа биле позитивни на тестот и биле пренесени во Скопје.[9]

На 10 март по формално барање на градоначалникот на Дебар[10] (градот од каде биле 5 од 7 случаи) и контроверзите со Цаца-Билјановска, Министерството за здравство објави посебни мерки за превенција и понатамошно ширење на вирусот. Истите вклучувале двонеделно затворање на сите образовни установи (од претшколско образование до универзитети) кое можело да се продолжи во зависност од ситуацијата, забрана за патување во земјите со најголем број заразени (Кина, Кореја, Италија, Франција, Германија итн.), забрана на сите јавни настани и одржување на спортските настани без публика.[11] Повторените тестови на прво заразената се покажале негативни. И покрај тоа, пациентката била задржана на болничко лекување.[12]

На 11 март биле потврдени уште два случаи, повторно од Дебар,[13] кои биле во контакт со првите случаи.

На 13 март биле потврдени 4 нови случаи повторно од Дебар и била прогласена кризна состојба, со што Дебар и Центар Жупа биле ставени во карантин.[14] Подоцна, претседателот Пендаровски донел одлука за ангажирање на Армијата во овие области.[15] Исто така било објавено дека нема да се дозволи влез на странци кои доаѓаат од високоризичните земји.[16]

На 14 март биле тестирани 8 лица од коронавирус и 6 од нив биле позитивни (5 од Дебар и еден од Skopje кој се вратил од патување во Шпанија). 14 од пациентите биле сместени на Клиниката во Скопје, додека 5-те нови случаи останале во Дебар каде била инсталирана потребната опрема.[17]

На 16 март, 7 лица биле позитивни (4 од Дебар и 3 од Скопје). 3 од пациентите биле сместени на Клиниката во Скопје, додека 4 од Дебар остануваат таму. Два случаи имале позитивни тестови во специјалната болница „Жан Митрев“ во Скопје и за овие случаи тестовите ќе бидат повторени во клиничката лабораторија наредниот ден.[18] Исто така било објавено дека сите земни граници и аеродромот во Скопје се затвораат.[19]

На 17 март биле потврдени 5 нови случаи, 4 од Дебар (двајца доктори и две медицински сестри) и 1 од Скопје.

Статистика [20]

Ден Нови случаи Вкупно случаи
(кумулативно)
Смртни случаи
(кумулативно)
Излечени
(кумулативно)
Нови места
26 февруари 2020 1 1 0 0 Скопје
6 март 2020 2 3 0 0 Дебар
9 март 2020 4 7 0 0
11 март 2020 2 9 0 0
13 март 2020 4 13 0 0
14 март 2020 6 19 0 0
16 март 2020 7 26 0 1
17 март 2020 5 31 0 1

Наводи

  1. „Уште три нови случаи на коронавирус во Македонија, вкупната бројка достигна седум“. Сител Телевизија. Посетено на 2020-03-11.
  2. http://www.comuni-italiani.it/statistiche/stranieri/mk.html%7Ctitle=Macedoni in italia
  3. „Два нови потврдени случаи на корона вирус во Дебар“. zdravstvo.gov.mk. 6 March 2020. Посетено на 6 March 2020.
  4. „Прв случај на заболен од коронавирус во Македонија“. А1он (англиски). 2020-02-26. Посетено на 2020-02-26.
  5. „First case of coronavirus confirmed in North Macedonia“. Al Jazeera. 26 February 2020. Архивирано од изворникот 26 February 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
  6. „Два нови случаи на коронавирус во Македонија“. Sitel. 2020-03-06. Посетено на 2020-03-06.
  7. „Da Brescia alla Macedonia, due positivi al coronavirus“. Giornale di Brescia (италијански). 2020-03-07. Посетено на 2020-03-07.
  8. „Филипче: Директорката заразена со коронавирус ќе биде разрешена денеска“. Makfax. 10 March 2020. Посетено на 11 март 2020.
  9. Макфакс (2020-03-09). „Вкупно седуммина заразени од коронавирус, позитивни три лица од семејството на сопружниците од Дебар“. МАКФАКС. Посетено на 2020-03-11.
  10. „Советот на Дебар бара итен прекин на наставата во училиштата поради коронавирусот“. Telma. 2020-03-10. Посетено на 2020-03-11.
  11. „Вонредни мерки на владата против корона вирусот“. Telma. 2020-03-10. Посетено на 2020-03-11.
  12. „Вториот тест за коронавирус на првозаболената пациентка е негативен“. NovaMakedonija. 2020-03-10. Посетено на 2020-03-11.
  13. „Двајца нови заболени од коронавирус“. А1он. 2020-03-11. Посетено на 2020-03-11.
  14. „Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа поради коронавирусот, затвор за непочитување на препораките“. slobodnaevropa.mk. 13 March 2020. Посетено на 13 март 2020.
  15. „Претседателот Пендаровски донесе Одлука за ангажирање на Армијата во Дебар и Центар Жупа“. alsat-m.tv. 13 March 2020. Посетено на 13 март 2020.
  16. „North Macedonia bars foreigners arriving from 'high-risk countries' over coronavirus“. Reuters. 13 March 2020. Посетено на 13 март 2020.
  17. „Уште шест лица позитивни на коронавирус, вкупно 18“. Makfax. 14 March 2020. Посетено на 14 март 2020.
  18. „Денеска вкупно 7 нови случаи позитивни на корона, тројца од Скопје!“. Alsat-m. 16 March 2020. Посетено на 16 март 2020.
  19. „Се затвораат Меѓународниот аеродром „Скопје" и сите копнени гранични премини“. nezavisen.mk. 16 March 2020. Посетено на 16 март 2020.
  20. Состојба со корона вирус (COVID - 19) во Македонија

Надворешни врски