Разлика помеѓу преработките на „Република Џенова“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 77 бајти ,  пред 6 месеци
нема опис на уредувањето
|today = '''{{flag|Italy}}'''
{{flag|France}}
{{flag|Greece}}
{{flag|Monaco}}
{{flag|Russia}}
{{flag|Tunisia}}
{{flag|Turkey}}
{{flag|Ukraine}} (Крим)

'''Република Џенова''' ([[лигурски јазик|лигурски]]: ''Repúbrica de Zêna'', [[латински]]: ''Res Publica Ianuensis'', [[италијански]]: ''Repubblica di Genova'') — независна држава која постоела во периодот од [[1005]] до [[1797]] година и ја опфаќала територијата на [[Лигурија]] во северозападниот италијански брег, [[Корзика]] (1347-1768), како и бројни други територии во [[Медитеран]]от.

Републиката била основана кога добила самоуправување во рамките на [[Кралство Италија (Свето Римско Царство)|Кралство Италија]] и постоела до нејзиното освојување од страна на [[Наполеон Бонапарта]], кога била основана [[Република Лигурија]]. Претходно, [[Корзика]] ѝ била предадена на [[Франција]] во [[Версајски договор (1768)|Версајскиот договор]] од [[1768]] година. Република Лигурија била вклучена во составот на [[Прво Француско Царство|Првото Француско Царство]] во [[1805]] година, додека по поразот на Наполеон било формирано [[Кралство Сардинија]] во [[1815]] година.

== Историја==
Пред 1100 година, Џенова се појавила како независна град-држава, како една од големиот број на италијански градови-држави во текот на овој период. Номинално, светиот римски цар бил господар и епископ на Џенова но вистинската моќ била под раководството на голем број конзули кои се биреле секоја година преку народно собрание. Џенова била една од т.н. „[[Поморски Републики]]“ (Repubbliche Marinare), заедно со [[Република Венеција]], [[Република Пиза]] и [[Република Амалфи]] и трговијата, бродоградбата и банкарството помогнале земјата да стане една од најголемите и најмоќните воени сили во [[Средоземно Море]]. Фамилии како Адорно, Кампофрегосо и помали трговски семејства се борле за власт во оваа Република, а моќта на конзулите дозволувала секое семејство да се здобијат со богатство и моќ во градот. Република Џенова се протегала на територијата на денешна [[Лигурија]] и [[Пиемонт]], [[Сардинија]], [[Корзика]], [[Ница]] и имала речиси целосна контрола на [[Тиренско Море]]. Преку учеството во [[Крстоносните војни]], Џенова основала свои колонии во [[Блискиот Исток]], [[Егејско Море]], во [[Сицилија]] и [[Северна Африка]].

Падот на [[Крстоносни држави|крстоносните држави]] бил надоместен со сојузот на Џенова со [[Византија]]. Односите на [[Венеција]] со [[Византија]] привремено биле нарушени поради [[Четвртата крстоносна војна]], па Џенова имала можност да ја подобри својата позиција. Џенова ја искористила оваа можност да се прошири во [[Црно Море]] и [[Крим]]. Во текот на овој период земјата се наоѓала во внатрешни непријателства меѓу моќните семејства како Грималди, Фиеши, Дорија, Спинола и други. Политичкиот врв на Џенова дошол преку нејзината победа над [[Република Пиза]] во поморската битка кај Мелорија во 1284 и со привремената победа над својот ривал, Венеција, во поморската битка кај Курзола во [[1298]] година.

Сепак, овој просперитет не траел долго. [[Црна смрт|Црната смрт]] била увезена во [[Европа]] во [[1347]] година од џеновскиот трговски центар во [[Крим]] на Црното Море. Исчекувајќи го економскиот колапс, Џенова усвоила венецијански модел на владеење, каде на чело на градот-држава бил поставен дужд. Војните со Венеција продолжиле и по војната кај Киоџа (1378-1381), Џенова решително ја поразила на Венеција, по кое Џенова ја обновила својата доминација на Јадранот. Во [[1390]] година Џенова започнала крстоносна војна против пиратите во Тунис со помош на француските сили. Следниот 15 век започнала француската доминација од 1394-1409, а Џенова била ставена под раководство на под владеење на [[династија Висконти]] од [[Миланско војводство]]. Џенова ги загубила [[Сардинија]] од Арагон, [[Корзика]] преку внатрешните немири и Блискиот Исток, Источна Европа и Мала Азија која ги освоила [[Отоманското Царство]].
6.051

уредување

Прегледник