Ајслебен: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 38: Ред 38:
}}
}}


'''Ајслебен''' е град во [[Саксонија-Анхалт]], [[Германија]]. Познат е како роден град на [[Мартин Лутер]], па оттука и неговото официјално име е Лутерштат Ајслебен ('''Lutherstadt Eisleben'''). Во 2005, Ајслебен имал население од 24.552 жители. Се наоѓа на половина пат на железничката линија помеѓу [[Касел]] и [[Хале]].
'''Ајслебен''' ({{lang-de|Eisleben}}) — град во [[Саксонија-Анхалт]], [[Германија]]. Познат е како роден град на [[Мартин Лутер]], па оттука и неговото официјално име е Лутерштат Ајслебен (''Lutherstadt Eisleben'' - „Лутеров Град Ајслебен“). Во 2005, Ајслебен имал население од 24.552 жители. Се наоѓа на половина пат на железничката линија помеѓу [[Касел]] и [[Хале]].


Ајслебен има два дела, нов и стар град (Altstadt and Neustadt); вториот бил создаден за рудниците од Ајслебен во текот на 14-от век.
Ајслебен има два дела, нов и стар град (Altstadt and Neustadt); вториот бил создаден за рудниците од Ајслебен во текот на 14-от век.

Преработка од 08:31, 3 март 2020

Ајслебен
Грб на Ајслебен
Ајслебен во рамките на Германија
Ајслебен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Мансфелд-Зидхарц
Градски единици 6
Градоначалник Јута Фишер
Основни податоци
Површина 144 км2
Надм. височина 114 м
Население 22.668 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 157 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MSH
Пошт. бр. 06295
Повик. бр. 03475
Портал www.eisleben.eu
Местоположба на град Ајслебен во рамките на округот Мансфелд-Зидхарц
Карта
Карта
Координати 51°31′N 11°33′E / 51.517° СГШ; 11.550° ИГД / 51.517; 11.550Координати: 51°31′N 11°33′E / 51.517° СГШ; 11.550° ИГД / 51.517; 11.550
Спомениците на Мартин Лутер во Ајслебен и Витенберг
светско наследство на УНЕСКО
Критериумкултурно: iv, vi
Навод783
Запис1996 (20. заседание)

Ајслебен (германски: Eisleben) — град во Саксонија-Анхалт, Германија. Познат е како роден град на Мартин Лутер, па оттука и неговото официјално име е Лутерштат Ајслебен (Lutherstadt Eisleben - „Лутеров Град Ајслебен“). Во 2005, Ајслебен имал население од 24.552 жители. Се наоѓа на половина пат на железничката линија помеѓу Касел и Хале.

Ајслебен има два дела, нов и стар град (Altstadt and Neustadt); вториот бил создаден за рудниците од Ајслебен во текот на 14-от век.

Ајслебен бил главен град на округот Мансфелдер Ланд и седиште на заедницата на општини Лутерштат Ајслебен.

Историја

Ајслебен бил првпат споменат во 997, како пазар наречен Ислебија и во 1180 како град. Припаѓал на грофството Мансфелд, до моментот кога преминал во Електорат Саксонија во 1780. Бил предаден на Кралството Прусија во 1815 и бил администриран во рамките на пруската Провинција Саксонија. Станал дел од новата покраина Саксонија-Анхалт по Втората светска војна.

Мартин Лутер

Протестантскиот реформатор Мартин Лутер бил роден во Ајслебен на 10 ноември 1483. Неговиот татко, Ханс Лутер, бил рудар, како многу од граѓаните на Ајслебен. Семејството на Лутер се преселило во Мансфелд, која тој имал само една година, а поголемиот дел од животот го поминал во Витенберг, но случајно бил во Ајслебен, кога ја проповедал неговата последна служба и умрел (1546).

Ајслебен бил пионер во „културниот туризам“ — преземал чекори за да ги заштити спомениците на Лутер уште во 1689.

Заедно со местата на Лутер во Витенберг, „Родната куќа“ и „Мртвата куќа“ на Мартин Лутер во Ајслебен беа назначени како места на светското културно наследство во 1997. Исто така, во Ајслебен во Црквата Свети Петар и павле, каде Лутер бил крстен (оригиналната крстилница сè уште постои) и Црквата Свети Андреја, каде тој ја проповедал својата последна проповед.

Луѓе

Наводи

  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски