Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19: Ред 19:


==Историјат за гимназиското образование во Прилеп <ref>Гимназиското образование во Прилеп.[http://www.gimprilep.edu.mk/istorijat.html]</ref>==
==Историјат за гимназиското образование во Прилеп <ref>Гимназиското образование во Прилеп.[http://www.gimprilep.edu.mk/istorijat.html]</ref>==
Eкономскиот развоj во Македониjа, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазиjа... Тоа има одраз и врз развоjот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта нe можат да ги задоволат потребите нa граѓанството. Занаетчиството и тpгoвиjaта бараат учени луге, кои ги познаваат предметите од световен карактер, па така во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 - 1865 гoд. вo основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс нa основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe.
Eкономскиот развоj во Македониjа, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазиjа... Тоа има одраз и врз развоjот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта нe можат да ги задоволат потребите нa граѓанството. Занаетчиството и тpгoвиjaта бараат учени луге, кои ги kkkпознаваат предметите од световен карактер, па така во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 - 1865 гoд. вo основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс нa основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe.
Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.
Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.
<br />
<br />

Преработка од 21:14, 10 февруари 2020

Предлошка:Инфокутија - средни училишта

Средното општинско училиште Гимназијата „Мирче Ацев“ се наоѓа во Прилеп, општина - Прилеп.

Историјат за гимназиското образование во Прилеп [1]

Eкономскиот развоj во Македониjа, во средината на 19 век го зафаќа и градот Прилеп. Стопанскиот развоj на градот условува создавање на еснафско граѓанство, идна македонска буржоазиjа... Тоа има одраз и врз развоjот на просветата и другите општествени деjности. Старите културни центри: црквите, манастирите и нивните училишта нe можат да ги задоволат потребите нa граѓанството. Занаетчиството и тpгoвиjaта бараат учени луге, кои ги kkkпознаваат предметите од световен карактер, па така во 1843 год. основано е првото основно училиште. Во времето од 1860 - 1865 гoд. вo основното училиште извршени cе извесни реформи, внесени cе нови предмети и отворен е горен курс нa основното училиште со што cе поставени основите на мaшкoтo класно училиштe. Во 1865 гoд. вo Прилеп отворено е и првото женско училиште, кое подоцна и тоа станува класно.
Подоцна класното училиште сведено е на двокласно. Учители во училиштето биле Никола Ганчев, Јосиф Ковачев и Кузман Шапкарев.За напредокот во прилепското училиште придонес има штипскиот педагог, учителот Jосиф Ковачев. Toj изврши реформи во наставната програма уште во учебната 1874/75 година и предложил отворање на четврти клас.
По силните залагања на Прилепската општина, во учебната 1882/83г. машкото двокласно училиште во Прилеп, подигнато е на трикласно, a во учeбната 1883/84 год. решено е да се отвори четврти клac, односно да стане полнокласно. Истовремено Прилепската општина донесе решение класното училиште да се преименува во Гимназиjа, a женското да се вика средно училиште. Отпечатени се и празни свидетелства co натпис "Прилепска Гимназиjа". Четвртиот клас отворен е во учебната 1886/87 гoд. нo трае само една година. Прилепската Гимназиjа остана со три класа до краjот нa турската власт вo Македониjа - 1912 гoд.
Училишните потреби наложуваат да ce подигне зграда за Гимназиjа вo Прилеп. Во дворот на црквата "Св. Благовештение" ставени се темелите на големата и убава зграда на Гимназиjата вo 1893 год, a доградена е во 1894 година. Таа е градена од страна на граѓаните нa Прилеп, со нивна материjална и парична помош. За изградбата на гимназиската зграда, Аџи Мирче Бомбол дал 500 турски златни лири, Ице Фукара дал 300 турски златни лири, а околу 500 турски златни лири собрани се од прилепските еснафи и граѓани.
Во Првата светска војна во периодот од 1915 до 1918 год. згасна работата на прилепската Гимназија, а училишната зграда пренаменета е во болничка амбуланта. По војната во 1918 година продолжува работата на Гимназијата со истиот директор од пред војната -Александар Мариќ-професор од Србија, и во истиот објект. Именувана e како "Српска краљевинска гимназија". Гимназијата ја врши својата дејност до 24 август 1929 година кога, со указ на кралот на СХС, Гимназијата е затворена.
Прилеп остана без Гимназија се до 1936 година кога во градот е отворена Виша самоуправна Гимназија (само до петти клас) која во учебната 1939/40 година станува осмокласна. Вишата самоуправна Гимназија во 1936 година сместена е во зградата на дотогашното основно училиште (денешното основно училиште "Кочо Рацин") која е изградена во 1926 година.
Пролетта 1941 година, се разгорува Втората светска војна и на македонските простори. Во Прилеп доаѓа бугарска војска и административен апарат. Новата власт ја продолжува работата на прилепската Гимназија, но под ново име „Цар Самуил“, се до пролетта 1944 год.

Формирање и развој

Решението за основање на гимназии во Вардарскиот дел на Македонија

По предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ, на своето заседание одржано на 03.11.1944 година во с.Горно Врановци, донесе решение на територијата на Вардарскиот дел на Македонија да се отворат 9 гимназии. Една од нив била и прилепската гимназија.

Гимназијата со работа започнала на 30 јануари 1945 год. кога се одржал првиот наставнички совет под раководство на првиот директор по ослободувањето, Стеван Шапчески - професор. Советот решил за име на Гимназијата да се предложат имињата Мирче Ацев и Пере Тошев, а од Народнослободителниот одбор прифатен бил предлогот Гимназијата да го носи името на нашиот сограѓанин Мирче Ацев- народен херој. На 1 февруари 1945 год. започнува да се изведува наставата во старата училишна зграда на сегашното основно училиште „Кочо Рацин“.

Ставан Шапчевски првиот директор на гимназијата „Мирче Ацев“ по ослободувањето.

Во првата учебна година Гимназијата започнала да работи како Полна гимназија (I-VIII) клас, а наставата се изведувала според наставен план и програма на мајчин - македонски јазик. Поради зголемениот број на запишани ученици во наредните учебни години се почуствувало недостиг на училишен простор, така што во април 1947 година, започнала изградбата на нова гимназиска зграда во „Тризла Маало“ наспроти „Тутунски Комбинат“ и за две години, поточно во второто полугодие од учебната 1949/50 година Полната Гимназија „Мирче Ацев“ била преместена во новата зграда - каде што и денес се наоѓа, со 31 просторија за изведување на настава, фискултурна сала, спортски игралишта, канцелариски и други простории.

Прва генерација матуранти во Гимназијата Мирче Ацев.
Зградата на Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп.

Во учебната 1953/54 година настанале нови организационо-структурални промени во гимназијата, така што останале само вишите класови, а нижите и прогимназиите се слеани во основните осумгодишни училишта. Името Виша Гимназија го носела до учебната 1957/58 година, за потоа да стане 4 класно училиште за општо образование - гимназија.

Во 1959 година било извршено измена на наставните планови и програма од страна на Советот за просвета на НРМ. Со тие промени Гимназијата на младинците од 15-19 години им давала сигурни, широко стручни и научни знаења од областа на јазикот и литературата, другите општествени науки, од техниката и културата и др., со цел да ги подготви учениците со предзнаења за да можат успешно да ја следат наставата на Универзитет. Со цел да се изврши благовремена професионална ориентација на младите луѓе-гимназијалци, била воведена нова организација во наставата, односно реформирана четврто-класна Гимназија (I, II, III и IV клас) поделена во две насоки: општествено-јазична и природно-математичка.

Гимназијата „Мирче Ацев“ во учебната 1983/84 година се трансформирала во Училишен центар за општествено-техничка и медицинска насока, со 920 ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ сместеми во 29 парарелки и 58 вработени и Медицинско училиште со 350 ученици во 10 паралелки и 17 вработени. Тогаш уписот за прва година се вршел по изборна програма, според следните струки и занимања:

Воведувањето на новиот концепт на насочено образование и неговите промени во наредните години, веројатно не ги даде очекуваните резултати, така што во 1993 година Училишниот центар за општествено-техничка и медицинска насока „Мирче Ацев“, преминува во Гимназија „Мирче Ацев“ со паралелки за општа и природно-математичка гимназија, во согласност со промената на Законот за насочено образование.

Од учебната 2001/2002 год. во Гимназија „Мирче Ацев“ се применува новиот Наставен план за гимназиско образование што е донесен на ниво на Република Македонија.

Наставен план за гимназиско образование

Наставниот план е структуиран од 3 организациско-содржински компоненти:

  • задолжителни предмети
  • изборни предмети
  • проектни активности

Во прва година не постојат изборни програми, што значи наставата во прва година е иста за сите ученици во гимназиското образование.

Во втора година ученикот избира еден предмет од листата на изборни предмети:

Во трета година ученикот се определува за едно од следните изборни подрачја:

За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни премети врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплина, со што на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветни студии.

Проектните активности се посебно подрачје во Наставниот план чија што функција е задоволување на индивидуалните интереси и желби на ученикот во одделни области, односно да се поттикне креативноста на учениците, со цел да дојдат до израз нивните афинитети и индивидуални способности. Поради својата специфичност, тие се разликуваат од наставните предмети и затоа се реализираат во рамките на годишниот фонд на часови (70 часа годишно). Во Гимназијата застапени се следните проектни активности: Иновации и претприемништво, Мир, толеранција и заштита, Урбана култура, Литературен клуб, Драма и драмска секција, Училишен весник, Дебатен клуб, Активности од областа на музиката (хор, оркестар), Ликовно творечки активности, Спортски активности, Природни науки -физика, хемија, биологија, математика, информатика, географија.

Фотографии од Гимназијата

Учество на натпревари и освоени награди

Секоја година учениците од Гимназијата „Мирче Ацев“ учествуваат на многубројни регионални, државни и меѓународни натпревари од различни области и секогаш постигнуваат успеси со освоени, први, втори и трети места. Во учебната 2011/2012 година се постигнати следните успеси:

  • Теодора Кочоска – III место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника” по физика и I место (златен медал) на МАКИНОВА 2012 (младинско творештво) – ментор: Ана Велјаноска.
  • Андреј Богатиноски – II место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника”по астрономија - ментор: Ана Велјаноска
  • Данче Недеска – I место на државен натпревар за млади истражувачи од Р.М. организиран од “Народна техника” по математика – ментор: Игор Димовски
  • Стефан Николоски – II место на државен натпревар по математика - ментор: Јорданка Чешелкоска
  • Мимоза Насеска – I место на државен натпревар по астрономија - ментор: Кирил Јосифоски
  • Михаела Ангелеска – II место на државен натпревар за млади истражувачи д Р.М организиран од “Народна техника” по хемија - ментор: Блаже Димески
  • Антониј Мијоски
- I место на државен натпревар по математика - ментор: Маријана Спиркоска
- III место на државен натпревар по информатика -ментор: Анкица Стеваноска Јанческа
- III место на Македонска математичка олимпијада - ментор: Маријана Спиркоска
  • Теодора Јагуриноска – III место на натпревар за најдобар есеј – “Зошто е кул да си стар” – ментор : Ленка Јованоска
  • Мартин Николовски – I место на државен натпревар во шах организиран од Федерацијата за училишен спорт на Р.М. –ментори: Бранко Дисоски и Гоце Ѓорѓиоски
  • Ангела Стојаноска – I место во стрелаштво (државно првенство – средни училишта) –ментор: Даниел Василески
  • Мишела Димоска – I место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
  • Маријана Димоска - II место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
  • Марија Зероска - III место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
  • Бојан Димески – II место на државен натпревар во карате (средни училишта) –ментор: Орде Цветаноски
  • I место по прва на медицнската помош на државниот натпревар во Велес освои екипата во состав : Ивона Јованоска (капитен), Антонио Филипоски, Теодора Попорданоска, Јане Џумеркоски, Симона Трајческа, Марија Јованоска, Андреј Габроски и Јован Белакапоски –ментор: Гоце Ѓорѓиоски
  • II место на екипата во футсал на Гимназијада – Прилеп 2012 г. составен од: Јорданчо Наумоски, Лоренцо Николоски, Марко Спиркоски, Дејан Златески, Андреј Хаџи – Попоски, Бојан Стојкоски, Стефан Иваноски, Андреј Тодороски, Дарко Ѓорѓиоски, Горан Здравески. –ментор: Бранко Дисоски

Познати личности кои предавале во прилепската гимназија

Познати личности кои учеле во прилепската гимназија

Референци

  1. Гимназиското образование во Прилеп.[1]
  2. Наставна програма за информатичка технологија. bro.gov.mk

Надворешни врски

  • Веб страна на училиштето, gimprilep.edu.mk
  • Портал на основни и средни училишта во Република Македонија, schools.edu.mk
  • Официјална веб страна на Министерството за образование и наука, mon.gov.mk