Википедија:Почетен курс (Уредување): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
YiFeiBot (разговор | придонеси)
с Робот: Преместване на 1 междуезикови препратки към Уикиданни, в d:q3178800.
Ред 41: Ред 41:


==Совет за ако Ви треба подолго време да ги направите промените==
==Совет за ако Ви треба подолго време да ги направите промените==
Ако статијата треба подолго време да се уредува (на пример, половина час) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната ставете '''{{tl|во изработка}}''' (со две големи загради, како што е прикажано овде) за да ги известите корисниците. Секако, не заборавајте да го тргнете шаблонот кога ќе завршите за да можат и другите да уредуваат!
Ако статијата треба подолго време да се уредува (на пример, половина час) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната ставете '''{{tl|во изработка}}''' (со две големи загради, како што е прикажано овде) за да ги известите корисниците. Секако, не заборавајте да ја тргнете предлошката кога ќе завршите за да можат и другите да уредуваат!


<br/>
<br/>

Преработка од 12:45, 2 јануари 2020

Почетен курс   Уредување   Форматирање   Викиврски   Википроекти   Надворешни врски   Разговорни страници   Не заборавајте   Зачленување   Заклучок    

1. Прозорец за читање и прозорец за уредување

На врвот од страниците се наоѓаат јазичиња. Кога е обележано јазичето „Читај“, тогаш, како што навестува името, Вие ја читате содржината на таа страница.

Слика 1: Јазичињата на врвот од една статија. Обележано е јазичето „Читај“.

Ако кликнете на јазичето „Уреди“, тогаш ќе Ви се појави прозорец за уредување во кој можете да ја менувате содржината на страницата.

Совет: Некои страници (на пример, главната страница) се заштитени од уредување оти се често посетени или вандализирани во последно време. Тие наместо јазиче „Уреди“ имаат јазиче „Види код“ кој ја прикажува содржината на страницата, но без можност таа да се промени.

Слика 2: Прозорец за уредување на статијата Рубикова коцка. Се гледа содржината на статијата обележана со вики-код.

Забележувате ли дека текстот којшто може да се измени содржи одредени знаци (во сликата горе, апострофите и средните загради: '''Рубикова коцка''' е механичка [[загатка]])? Тоа е вики-форматирање, код кој овозможува текстот да се прикаже на одреден начин (резултатот од претходниот пример е: „Рубикова коцка е механичка загатка“) и е нешто што ќе го поминеме во наредната страница од курсот.

2. Преглед на промените

Откако ќе ги направите промените на текстот, во долниот дел од прозорецот за уредување ги има следниве копчиња и полиња:

Слика 3: Долниот дел од прозорецот за уредување. Се забележува полето за опис на промените и копчињата Зачувај, Преглед и Прикажи промени.
  • Со кликнување на копчето „Преглед“ добивате приказ — како ќе изгледа страницата под јазичето „Читај“ со промените кои сте ги направиле. Препорачливо е секогаш да правите преглед на промените за да сте сигурни дека ќе го добиете резултатот што го сакате.
  • Опционално, со кликнување на копчето „Прикажи промени“ јасно Ви се обележуваат промените во кодот, споредувајќи ја старата верзија со верзијата која сега сте ја уредиле.

3. Опис на промените

Слика 4: Внесување на краток опис на промените.

Доста важно е да се даде краток опис на промените кои сте ги направиле за останатите уредувачи кои ги следат скорешните промени или ја гледаат историјата на промени на страницата да знаат што претставува Вашето уредување. Тоа се прави со внесување на текст во полето „Опис“.

4. Зачувување на страницата

Откако ќе бидете задоволни со промените што сте ги направиле и откако сте дале краток опис на тие промени, кликнете на копчето „Зачувај“.

Што значи ова: промените ќе бидат видливи штом ќе ги прегледа надлежен корисник?

Дали го забележавте текстот во слика 2 кој вели: „Вашите промени ќе бидат видливи за корисниците откако ќе ги провери овластен корисник.“? Ова значи дека промените кои сте ги направиле мора прво да бидат проверени, а потоа прикажани.

Секоја новосоздадена страница од почеток е непроверена, што значи дека може да има неконструктивни и неточни содржини (секој може да напише било што). И некој друг ако ја уреди истата непроверена страница, тогаш промените веднаш ќе се прикажат. Меѓутоа, одредени искусни корисници со текот на времето ја проверуваат таа страница, ги поправаат неконструктивните промени и таа станува објавена, т.е. верзија која е проверена. Ако некој корисник потоа понатаму ја промени објавената страница, тие промени нема веднаш да се покажат за читателите, туку ќе влезат во т.н. работна верзија:

  • Работната верзија на страницата, како што се очекува, е најновата верзија со најновите уредувања, без разлика дали тие уредувања биле конструктивни или неконструктивни. Промените кои ги правите одат во оваа верзија;
  • Објавената верзија е најпоследната верзија на страницата која била проверена.

Ако една страница има објавена и работна верзија, на читателот, по основно, му се прикажува објавената верзија, а во горниот десен агол од страницата се наоѓа ознаката (што значи дека се гледа најновата објавена верзија). Работната верзија може да се види преку јазичето „Промени во исчекување“ на врвот од страницата. При гледањето на оваа верзија, во горниот десен агол стои ознака (). Објавената верзија се гледа во јазичето „Читај“.

Некои страници на кои некој има направено промени имаат уште едно јазиче. Јазичето „Промени во исчекување“ води до работната верзија на страницата. Јазичето „Читај“ води до објавената верзија.

Повеќе за проверката на страниците можете да прочитате на Помош:Проверка на страница.

Откако промената ќе биде прегледана, таа ќе стане дел од статијата (во јазичето „Читај“) и со тоа сте направиле ефективна промена на содржината!

Совет за ако Ви треба подолго време да ги направите промените

Ако статијата треба подолго време да се уредува (на пример, половина час) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната ставете {{во изработка}} (со две големи загради, како што е прикажано овде) за да ги известите корисниците. Секако, не заборавајте да ја тргнете предлошката кога ќе завршите за да можат и другите да уредуваат!



Испробајте го уредувањето во песокот!