Моч: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Одбиена последната промена (од 185.100.244.175) и ја поврати преработката 3671135 на Buli
Ред 25: Ред 25:


== Состав ==
== Состав ==
Составот на урината зависи од факторите на животната средина ([[температура]] и [[влажност]]), како и од човековата активност, [[пол]]от, [[возраст]]а, [[тежина]]та и [[здравје]]то. Кај човекот 95% од урината се состои од [[вода]] taa sodrzi i amonjak urea soli i bekompleks. Таа содржи и низа [[органско соединение|органски]] и [[неорганско соединение|неоргански]] сoединенија:
Составот на урината зависи од факторите на животната средина ([[температура]] и [[влажност]]), како и од човековата активност, [[пол]]от, [[возраст]]а, [[тежина]]та и [[здравје]]то. Кај човекот 95% од урината се состои од [[вода]]. Таа содржи и низа [[органско соединение|органски]] и [[неорганско соединение|неоргански]] сoединенија:


=== Органски соединенија ===
=== Органски соединенија ===

Преработка од 09:48, 25 декември 2019

Примерок од човечка моч

Моч (или урина, од лат. urina) е отпаден продукт на организмот, создаден во бубрезите при филтрацијата на крвта.

Настанување

Кај клеточниот метаболизам се создаваат мноштво отпадни материи богати со азот и други материи што се раствроливи во вода, кои треба да се исфрлат од крвта. Тоj процес се врши во бубрезите, а создадената течност се нарекува моч. Од бубрзите, преку мочоводите, таа се спушта во мочниот меур, каде останува неколку часа, а потоа со исфрлање, односно уринирање, преку уретрата организмот се ослободува од мочта. Кај повеќето животни мочта содржи и феромони, поради што мокрењето на определени места е поврзано со маркирање на територијата.

Човечка моч

Количеството моч што се создава за одреден временски период се нарекува диуреза. Во нефролошката практика, при мерењето на волуменот на исфрлена моч најчесто се зема период од 24 часа. Во нормални околности, дневното количество моч изнесува 800-1500 см³.

Мочта има кисела реакција и нејзината pH вредност изнесува помеѓу 5 и 6.

Хемиската и микроскопската анализа на мочта има големо дијагностичка важност. На пример, при дијабетес во мочта се регистрира шеќер, а при нефритис - протеини. Секое отстапување од нормалниот состав на урината укажува дека метаболизмот на телото не е во ред.

Боја

Мочта во нормални околности има жолта боја и во зависност од внесените хранливи материи во организмот таа може да варира од светло жолта до темно жолта боја. Врз промената на бојата на мочта може да влијае покачената телесна температура, како и губењето телесни течности преку потење, повраќање или пролив.[1]

Состав

Составот на урината зависи од факторите на животната средина (температура и влажност), како и од човековата активност, полот, возраста, тежината и здравјето. Кај човекот 95% од урината се состои од вода. Таа содржи и низа органски и неоргански сoединенија:

Органски соединенија

Неоргански соединенија

Поврзано

Наводи