Вратин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 62: Ред 62:
}}
}}


'''Вратин''' ({{lang-el|Αλιάκμονας}}, ''Алјакмон''; книжевно: ''Αλιάκμων'', ''Алјакмон'', до 1927 година: ''Βρατίνιον'', ''Вратинион''<ref>[http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/123456789/170475 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρατίνιον -- Παληούριον]</ref>; во периодот 1927-1960 година: ''Παλιούριον'', ''Палиурион'' <ref>[http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/123456789/170938 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλιούριον -- Αλιάκμων]</ref>) — [[село]] во [[Кожанско]], [[Егејска Македонија]], дел од денешната [[Горуша (општина)|Општина Горуша]], во [[Западна Македонија (Грција)|Западна Македонија]], [[Грција]].
'''Вратин''' ({{lang-el|Αλιάκμονας}}, ''Алјакмонас''; книжевно: ''Αλιάκμων'', ''Алјакмон'', до 1927 година: ''Βρατίνιον'', ''Вратинион''<ref>[http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/123456789/170475 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρατίνιον -- Παληούριον]</ref>; во периодот 1927-1960 година: ''Παλιούριον'', ''Палиурион'' <ref>[http://pandektis.ekt.gr/dspace/handle/123456789/170938 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλιούριον -- Αλιάκμων]</ref>) — [[село]] во [[Кожанско]], [[Егејска Македонија]], дел од денешната [[Горуша (општина)|Општина Горуша]], во [[Западна Македонија (Грција)|Западна Македонија]], [[Грција]].


== Географија ==
== Географија ==

Преработка од 01:42, 9 декември 2019

Вратин
Αλιάκμονας
Вратин is located in Грција
Вратин
Вратин
Местоположба во областа
Вратин во рамките на Горуша (општина)
Вратин
Местоположба на Вратин во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°19′N 21°26′E / 40.317° СГШ; 21.433° ИГД / 40.317; 21.433Координати: 40°19′N 21°26′E / 40.317° СГШ; 21.433° ИГД / 40.317; 21.433
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожани
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЛапчишта
Надм. вис.&10000000000000580000000580 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно231
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.50001
Повик. бр.+30 24680

Вратин (грчки: Αλιάκμονας, Алјакмонас; книжевно: Αλιάκμων, Алјакмон, до 1927 година: Βρατίνιον, Вратинион[2]; во периодот 1927-1960 година: Παλιούριον, Палиурион [3]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Горуша, во Западна Македонија, Грција.

Географија

Селото се наоѓа на околу 5 километри источно од гратчето Лапчишта, на левиот (североисточен) брег на реката Бистрица. Сместено е на 580 метри надморска височина.[4]

Историја

Во близина на селото се наоѓа античка населба, каде што се пронајдени антички наоди, статуа на Афродита од IV век п.н.е., како и мозаик на ранохристијанска црква.

Кон крајот на XIX век, Вратин било село во Населичката каза на Отоманското Царство.

Селото Вратин било населено со грчко население од порано.[4]

Во 1927 година, селото било преименувано во Алјакмон (Αλιάκμων), а во периодот 1927-1960 било познато како Палиурион (Παλιούριον). Името Алјакмон потекнува од грчкиот назив на реката Бистрица.

Стопанство

Поради плодната почва во долината на реката Бистрица, земјоделството е развиено.

Неговото население произведува многу жито, тутун, компири, пченка и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со сточарство.[4]

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Вратин живееле 375 Грци христијани.[4][5]

Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 467 жители, во 1920 година со 354 жители, во 1928 година со 508, во 1940 година со 587, во 1951 година со 524, во 1961 година со 512, во 1971 година со 458, во 1981 година со 451, а во 1991 година со 316 жители.[4]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 281 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 231 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 587 524 512 458 451 316 281 231
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 21 квадратен километар.[4] Општината Вратин била приклучена во општината Лапчишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Лапчишта со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вратин, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

Цркви

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρατίνιον -- Παληούριον
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλιούριον -- Αλιάκμων
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Симовски, Тодор (1998). „Кожански округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 336.
  5. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 273.

Белешки