Тромбоза: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 16: Ред 16:
'''Тромбоза'''
'''Тромбоза'''
згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува заштитен механизам на организмот од искрвавување. Малите оштетувања на ѕидот на крвните плочки и [[крвните садови]] се затнуваат со натрупување на слепени [[крвни плочки]] и [[фибрин]]. Така настанува чеп на местото на оштетувањето на крвниот сад.
згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува заштитен механизам на организмот од искрвавување. Малите оштетувања на ѕидот на крвните плочки и [[крвните садови]] се затнуваат со натрупување на слепени [[крвни плочки]] и [[фибрин]]. Така настанува чеп на местото на оштетувањето на крвниот сад.
При патолошки состојби може да настане прекумерно натрупување на [[тромбоцити]]и фибрин на внатрешната страна на крвниот сад, што доведува до нарушување во крвната циркулација се до нејзиниот прекин поради затнување на крвниот сад. Тоа веќе претставува '''тромбоза'''. Во организмот е присутен и спротивен на коагулациониот, антикоагулационен механизам. Меѓу коагулациониот и антикоагулациониот систем во организмот се одржува постојана рамнотежа. На тој начин организмот е заштитен од две крајни опасности од нарушената крвна циркулација- искривување и тромбоза. Тромбозата претставува заживотно настанување на солидна маса тромбус во крвните садови и срцето, која е градена од составните делови на [[крв]]та. Тромбозата се состои од два процеса и тоа натрупување на тромбоцити на внатрешната страна на крвниот сад и форморање на згрушок од [[фибрин]], во кој се вклопуваат и клетките на крвта. Фибринот е [[белковина]] која настанува од крвната белковина [[фибриноген]]. За да настане [[фибрин]]от, или поточно за да настане тромбозата, се случуваат голем број на [[супстанции]], наречени коагулациони фактори. Нив ги има во крвта и во [[ткива]]та (особено во [[мозочното ткиво]], [[постелката]] и др.). Коагулационите фактори дејствуваат во скаловидна, ланчена заемно поврзана реакција.
При патолошки состојби може да настане прекумерно натрупување на [[тромбоцити]]и фибрин на внатрешната страна на крвниот сад, што доведува до нарушување во крвната циркулација се до нејзиниот прекин поради затнување на крвниот сад. Тоа веќе претставува '''тромбоза'''. Во организмот е присутен и спротивен на коагулациониот, антикоагулационен механизам. Меѓу коагулациониот и антикоагулациониот систем во организмот се одржува постојана рамнотежа. На тој начин организмот е заштитен од две крајни опасности од нарушената крвна циркулација- искривување и тромбоза. Тромбозата претставува заживотно настанување на солидна маса тромбус во крвните садови и срцето, која е градена од составните делови на [[крв]]та. Тромбозата се состои од два процеса и тоа натрупување на тромбоцити на внатрешната страна на крвниот сад и форморање на згрушок од [[фибрин]], во кој се вклопуваат и клетките на крвта. Фибринот е [[белковина]] која настанува од крвната белковина [[фибриноген]]. За да настане [[фибрин]]от, или поточно за да настане тромбозата, се случуваат голем број на [[супстанции]], наречени коагулациони фактори. Нив ги има во крвта и во [[ткива]]та (особено во [[мозочното ткиво]], [[постелката]] и др.). Коагулационите фактори дејствуваат во скаловидна, ланчена заемно поврзана реакција. 25% од популацијата е изложена на ризик од заболување. Во 0,0016% од луѓето, лекарите откриваат васкуларна тромбоза, приближно 240 илјади. луѓе / година Ените страдаат почесто, околу 5 пати, бидејќи имаат зголемена хормонална позадина.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://otnogi.ru/bolezn/tromboz/lechenie-tromboza.html|title=Тромбоза.|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>

==Етиологија==
==Етиологија==
За настанување на тромбозата важни се три основни елементи: состојбата на ѕидот, а особно внатрешната ендотелна облога на крвните садови, правилната циркулација на крвта и составот на крвта, која особено се однесува на [[тромбоцити]]те и коагулационите фактори.
За настанување на тромбозата важни се три основни елементи: состојбата на ѕидот, а особно внатрешната ендотелна облога на крвните садови, правилната циркулација на крвта и составот на крвта, која особено се однесува на [[тромбоцити]]те и коагулационите фактори.
Ред 38: Ред 39:
==Последици==
==Последици==
Последиците на тромбозата зависат од големината на тромбот, од видот на крвниот сад, а особено колку тој има развиени колатерални артерии. Последиците на тромбозата зависат и од тоа во кој орган настанува тромбозата. Затнувањето на вените доведува до венски застој, отоци, а подоцна и до некроза на ткивото-инфаркт, а на експериментите до [[гангрена]]. Откинување на тромбот доведува до емболија, која може да затне крвен сад во некој друг орган. На пример, откинување на тромб од тромбозирана вена на нозете доведува до емболија со затнување на белодробните артерии, што може да биде причина за брза [[смрт]]. Со разнесувањето на септички тромби се разнесува и воспалението по цело тело.
Последиците на тромбозата зависат од големината на тромбот, од видот на крвниот сад, а особено колку тој има развиени колатерални артерии. Последиците на тромбозата зависат и од тоа во кој орган настанува тромбозата. Затнувањето на вените доведува до венски застој, отоци, а подоцна и до некроза на ткивото-инфаркт, а на експериментите до [[гангрена]]. Откинување на тромбот доведува до емболија, која може да затне крвен сад во некој друг орган. На пример, откинување на тромб од тромбозирана вена на нозете доведува до емболија со затнување на белодробните артерии, што може да биде причина за брза [[смрт]]. Со разнесувањето на септички тромби се разнесува и воспалението по цело тело.

== Наводи ==
<references />

==Надворешни врски==
==Надворешни врски==
[http://zazdravje.com.mk/%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%BE%D0%B7%D0%B0-%E2%80%93-%D0%BA%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE Портал од областа на медицината]
[http://zazdravje.com.mk/%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%BE%D0%B7%D0%B0-%E2%80%93-%D0%BA%D1%80%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE Портал од областа на медицината]

Преработка од 22:39, 30 септември 2019

Тромбоза
Цијаноза на долниот десен екстремитет, кои произлегуваат од акутна артериска тромбоза на десната нога
СпецијалностAngiology, vascular surgery, хематологија Уреди на Википодатоците

Тромбоза згрутчувањето (коагулацијата) на крвта претставува заштитен механизам на организмот од искрвавување. Малите оштетувања на ѕидот на крвните плочки и крвните садови се затнуваат со натрупување на слепени крвни плочки и фибрин. Така настанува чеп на местото на оштетувањето на крвниот сад. При патолошки состојби може да настане прекумерно натрупување на тромбоцитии фибрин на внатрешната страна на крвниот сад, што доведува до нарушување во крвната циркулација се до нејзиниот прекин поради затнување на крвниот сад. Тоа веќе претставува тромбоза. Во организмот е присутен и спротивен на коагулациониот, антикоагулационен механизам. Меѓу коагулациониот и антикоагулациониот систем во организмот се одржува постојана рамнотежа. На тој начин организмот е заштитен од две крајни опасности од нарушената крвна циркулација- искривување и тромбоза. Тромбозата претставува заживотно настанување на солидна маса тромбус во крвните садови и срцето, која е градена од составните делови на крвта. Тромбозата се состои од два процеса и тоа натрупување на тромбоцити на внатрешната страна на крвниот сад и форморање на згрушок од фибрин, во кој се вклопуваат и клетките на крвта. Фибринот е белковина која настанува од крвната белковина фибриноген. За да настане фибринот, или поточно за да настане тромбозата, се случуваат голем број на супстанции, наречени коагулациони фактори. Нив ги има во крвта и во ткивата (особено во мозочното ткиво, постелката и др.). Коагулационите фактори дејствуваат во скаловидна, ланчена заемно поврзана реакција. 25% од популацијата е изложена на ризик од заболување. Во 0,0016% од луѓето, лекарите откриваат васкуларна тромбоза, приближно 240 илјади. луѓе / година Ените страдаат почесто, околу 5 пати, бидејќи имаат зголемена хормонална позадина.[1]

Етиологија

За настанување на тромбозата важни се три основни елементи: состојбата на ѕидот, а особно внатрешната ендотелна облога на крвните садови, правилната циркулација на крвта и составот на крвта, која особено се однесува на тромбоцитите и коагулационите фактори.

Причини на тромбоза

  • Промени во ѕидот на крвните садови, промените во ѕидот на крвните садови се чести и важни за настанување на тромбозата во артериите и во срцето. При оштетување на ендотелот се ослободува супстанца која доведува до слепување на крвните плочки. Оштетувањата и заболувањата на крвните садови доведуваат до нерамнини на ендотелот на крвните садови, што го олеснуваат слепувањето на тромбоцитите и настанувањето на тромбоза.
  • Воспаленија, тие можат да почнат во самиот ѕид или воспалителниот процес да се пренесе од околното ткиво во ѕидот на крвните садови. До некроза на ѕидот на крвните садови доведуваат некои токсини, како што се: арсенот, живата и др. Крвните садови можат да бидат оштетени при смрзотини, изгоретини, механички оштетувања, атеросклероза, враснување на малигни тумори во ѕидот на крвните садови и др.
  • Неправилна циркулација на крвта во вид на забавување, застој или неправилни вртложни движења на крвта се јавува како причина на тромбозата. Кај овие нарушувања на крвната струја тромбоцитите се залепуваат на ендотелот и меѓу себе се разградуваат ослободувајќи ги притоа коагулационите фактори кои го откочуваат (започнуваат) системот на коагулација на крвта. Поради промени во крвната струја може да настане тромбоза во секој дел на телото. Најчеста причина за тоа е застојот на крвта или неправилните проширувања (Varices) на вените и на артериите (Aneuryzma). Кај анеуризмите и проширените вени доаѓа до неправилно течење на крвта, од што настанува тромбозата.
  • Поголем број на промени во составот на крвта доведуваат до тромбоза, зголемувањето на бројот на тромбоцитите, што настанува по операции, породување, трауми и др, може да доведе до тромбоза. Составот на крвта се менува со навлегување на ткивна течност во крвта, со што навлегуваат и ткивни коагулациони фактори. Така на пример, при предвремено одлепување на постелката, околу плодната вода може да навлезе во крвната циркулација на мајката и да доведе до многубројни тромбози по телото.

Видови на тромби

Според својот изглед, што зависи од градбата, тромбите може да бидат:

  • бели, белите тромби се ретки. Всушност секој тромб во почетокот е бел. Белиот тромб е граден од тромбоцитите и фибрин.
  • црвени, црвените тромби се ретки и се градени претежно од еритроцити.
  • мешани тромби, мешаните тромби се најчести.
  • оклузивни, кога го затнуваат крвниот сад. Овие тромби настануваат во вените и во помалите артерии.
  • ѕидни-париетални, париеталните тромби се прицврстени на дел од внатрешноста на крвниот сад и само го стеснуваат луменот. Овие тромби настануваат во големите крвни садови, во аортата и во преткоморите и коморите на срцето. Париталните тромби настануваат и во патолошките проширувања на артериите. Ако во тромбот има бактерии, таквиот тромб се вика септичен тромб. Што се однесува до местото каде што настанува тромбозата, таа може да биде венска, артриска и кардијална.
  • венска тромбоза, а со тоа и венските тромби, се најчести. Венската тромбоза најчесто настанува во вените на нозете и малиот таз.
  • артериските тромби најчесто се надоврзуваат на артеросклерозата и воспаленијата на артериите. Често место на локализацијата на артериските тромби се аортата, артериите на долните екстремитети, коронарните, мозочните, бубрежните и мезентеријалните артерии. Артерискиот тромб настанува и во анеуризмите.
  • кардијалните тромби се јавуваат како ѕидни (париетални) тромби во сите шуплини на срцето. Тие настануваат во внатрешната обвивка на срцето-ендокардит, некроза на ѕидот на срцето (инфаркт) или при отежнато истиснување на крвта од срцето, што доведува до застој на крвта во коморите и предкоморите на срцето.

Судбината на тромбот

Малите тромби се стопуваат- лизираат и во тој случај не остануваат траги на тромбозата. Поголемите тромби, при нивното скврчување, овозможуваат да се воспостави циркулација со настанување на премин. Оваа појава се вика реканализација. Во поголемите тромби најчесто од ѕидот на крвниот сад враснува врзувачко ткиво. На крајот целиот тромб е заменет со врзувачко ткиво, што се вика организација на тромбот. Тромбот или делови од тромбот можат да се откинат и да се разнесуваат со крвната струја во тромбот во оддалечени делови на телото се затнување на крвниот сад, што се вика тромбемболија.

Последици

Последиците на тромбозата зависат од големината на тромбот, од видот на крвниот сад, а особено колку тој има развиени колатерални артерии. Последиците на тромбозата зависат и од тоа во кој орган настанува тромбозата. Затнувањето на вените доведува до венски застој, отоци, а подоцна и до некроза на ткивото-инфаркт, а на експериментите до гангрена. Откинување на тромбот доведува до емболија, која може да затне крвен сад во некој друг орган. На пример, откинување на тромб од тромбозирана вена на нозете доведува до емболија со затнување на белодробните артерии, што може да биде причина за брза смрт. Со разнесувањето на септички тромби се разнесува и воспалението по цело тело.

Наводи

  1. „Тромбоза“.

Надворешни врски

Портал од областа на медицината