Навртка: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
изменета категоризација |
|||
Ред 39: | Ред 39: | ||
{{Нормативна контрола}} |
{{Нормативна контрола}} |
||
[[Категорија: |
[[Категорија:Машинство]] |
||
[[Категорија:Машински делови]] |
[[Категорија:Машински делови]] |
||
[[Категорија:Прицврстувачи]] |
[[Категорија:Прицврстувачи]] |
Преработка од 01:00, 7 август 2019
Навртка, винт или мутер - машински елемент кој има отвор или дупкa сo навои. Наврткатa во повеќе случаи се користи во комбинација со соодветна завртка како би се споиле различни машински елементи. Овие два елемента се споени заедно благодарение на силата на триење помеѓу завртката и навртката и површинскиот притисок помеѓу навртката и елементот кој се спојува со оваа врска. Доколку завртката и навртката се изложени на вибрации често се користат додатни машински елементи како би се спречило несакано отпуштање на овие навојни елементи (еластична подлошка, расцепка и сл.). Доколку е потребно осигурување на навојот спојот без додатни елементи, се користат се самоосигурувачки навртки, кои со помош на различни конструктивни решенија го зголемуваат триењето во навојот или на некој друг начин не допуштаат попуштање на навојниот спој.
Како и кај завртката и навртката може да има лев или десен (најчесто) навој.
Врсти на навртки
Според обликот, навртката може да биде:
- Шестоаголна (најчеста)
- Квадратна
- Пеперужна навртка
- Т навртка
- Слепа навртка („капа“)
- „Унит“ навртка
- Навртка со жлебови
- Навртка за заварување
Според начинот за осигурување од одвртување, може да биде:
- Со пластичен прстен
- Со жлебови и искривена игла
- Со назабен прстен
Види уште
Литература
- http://www.jus.org.yu
- Каталог Вурт
- Бојан Краут (1982), Стројарски приручник, Техничка књига Загреб
- Lionel S. Marks (1951), Mechanical Engineers' Handbook, McGraw-Hill Publishing Company Ltd., London
Надворешни врски
„Навртка“ на Ризницата ? |