Тапани: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
поправка на правопис - не можат |
дополнување |
||
Ред 40: | Ред 40: | ||
* [[Тимпани]] |
* [[Тимпани]] |
||
* [[Том-том]] |
* [[Том-том]] |
||
==Тапаните како тема во уметноста и во популарната култура== |
|||
* „Таа тропа на тапани“ (''She Bangs The Drums'') - песна на британската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Стоун Роузис]]“ (''The Stone Roses'')“ од 1988 година.<ref>[https://www.discogs.com/The-Stone-Roses-The-Stone-Roses/master/12458 Discogs, The Stone Roses – The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019)]</ref> |
|||
== Наводи == |
|||
{{наводи}} |
|||
{{рв|Drums}} |
{{рв|Drums}} |
Преработка од 20:55, 30 јули 2019
Тапаните се дел од ударната група на инструменти, а технички се класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен од мембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните не можат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.
Употреба
Најголемиот број тапани се свират со помош на раце, палици, четкици за тапани и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и џезот, тие се користат за изведување на музички композиции. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз. Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно.
Историја
Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред определени сигнали. Во Африка тие се користеле за комуникација на големи далечини. Во Шри Ланка, тапаните биле користени за комуникација помеѓу државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето. Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.
Типови на тапани
- Абурукува
- Ашико
- Бас тапани
- Бодран
- Бонго
- Бугарабу
- Кахон
- Ченда
- Конга
- Давул
- Дол
- Џембе
- Донг Сон
- Дунун
- Еве
- Тарабука
- Рачен тапан
- Кпанлого
- Челичен тапан
- Табот
- Дајре
- Таико
- Табла
- Тапан
- Тар
- Тенор тапани
- Тимпани
- Том-том
Тапаните како тема во уметноста и во популарната култура
- „Таа тропа на тапани“ (She Bangs The Drums) - песна на британската рок-група „Стоун Роузис“ (The Stone Roses)“ од 1988 година.[1]
Наводи
„Тапани“ на Ризницата ? |
|