Млечен Пат: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 47: Ред 47:
Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од [[Земја]]та. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е [[соѕвездие]]то – [[Стрелец (соѕвездие)|Стрелец]], кон галактичкиот центар.
Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од [[Земја]]та. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е [[соѕвездие]]то – [[Стрелец (соѕвездие)|Стрелец]], кон галактичкиот центар.


Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 [[светлосна година|светлосни години]] во [[дијаметар]], и околу 1000 [[светлосна година|светлосни години]] во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 [[светлосна година|светлосни години]] во [[пречник]], и околу 1000 [[светлосна година|светлосни години]] во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.


== Старост ==
== Старост ==

Преработка од 10:09, 25 јули 2019

Галаксија „Млечен пат“
Инфрацрвена слика на јадрото на галаксијата „Млечен пат“
Датум на набљудување
ТипSBbc (спирална галаксија)
Пречник100,000 светлосни години
Дебелина1,000 светлосни години (ѕвезди)
Број на ѕвезди200 дп 400 милијарди
Најстара позната ѕвезда13.2 милијарди години
Маса5.8×1011 M
Оддалеченост на сонцето од галактичкиот центар26,000 ± 1,400 светлосни години
Сончев галактички период на вртење220 милиони години (негативно вртење)
Период на спирално вртење50 милиони години[1]
Bar pattern rotation period15 до 18 милиони години[1]
Speed relative to CMB rest frame552 km/s[2]
Поврано: Галаксија, Список на галаксии
Графички приказ како изгледа нашата галаксија доколку се набљудува одозгора

Млечен Пат (лат. Via Lactea); народен назив; Гумно или Кумова Сламаспирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од милијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на нашиот сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездиетоСтрелец, кон галактичкиот центар.

Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во пречник, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.

Старост

Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.

Местото на нашето Сонце во галаксијата Млечен Пат

Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Орионски Ракав, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсеци од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовиот и Персејскиот Ракав која е следна изнесува 6.500 светлосни години.

На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една обиколка околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км2.

Иднината на Млечен Пат

Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.

Народни верувања во Македонија

Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[3]

Млечниот пат како тема во уметноста и во популарната култура

Наводи

  1. 1,0 1,1 Предлошка:Цитирано списание
  2. Предлошка:Цитирано списание
  3. Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.
  4. Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 86.
  5. YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
  6. YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms