Киселец: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 14: Ред 14:
[[Податотека:Rumex acetosa - Hapu oblikas.jpg|мини|]]
[[Податотека:Rumex acetosa - Hapu oblikas.jpg|мини|]]

'''Киселец''' ([[науч.]] ''Rumex acetosa'') е повеќегодишно [[ливада|ливадско]] [[растение]] што му припаѓа на семејството на [[троскоти]]те (''Polygonaceae'').
'''Киселец''' ([[науч.]] ''Rumex acetosa'') повеќегодишно [[ливада|ливадско]] [[растение]] што му припаѓа на семејството на [[троскоти]]те (''Polygonaceae'').

Достигнува височина од еден метар, со длабоко развиени [[корен]]и во земјата. [[Лист]]овите му се со издолжена форма, а [[стебло]]то е исправено, избраздено по целата должина и може да се јаде. Листовите се благо зашилени, со многу долги дршки и наизменично прираснати за стеблото. На врвот од растението има мали [[цвет]]ови во облик на црвеникаво обоени метлички. Се развиваат од [[мај]] до [[јули]], а понекогаш после косење, по втор пат во [[есен]].

Киселецот има потекло од [[Европа]]<ref>[http://www.gapame.com/serbian/6953/-1064-1090-1072-1112-1077-1050-1080-1089-1077-1113-1072-1082 Шта је кисељак?] [[српски јазик|(срп.)]]</ref> и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со [[трева]]. Исто така го има и покрај потоци и шумски чистини. Често расте во тревите и тоа во големи количини, поради што ливадите пред косење често се црвени. Се одгледува и во домашни градини.
Киселецот има потекло од [[Европа]]<ref>[http://www.gapame.com/serbian/6953/-1064-1090-1072-1112-1077-1050-1080-1089-1077-1113-1072-1082 Шта је кисељак?]</ref> и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со [[трева]]. Исто така го има и покрај потоци и шумски чистини. Често расте во тревите и тоа во големи количини, поради што ливадите пред косење често се црвени. Се одгледува и во домашни градини.

За исхрана се користат пролетните листови што поблиску до [[земја]]та, кои се темно зелени и сочни. Обично се со должина од 7 до 15 см. Најдобро е да се берат кога стеблото се уште не е целосно развиено ([[март]]-[[мај]]). Може да се берат и во [[есен]]. Лисјата имаат пријатен кисел и освежувачки вкус. Многу народи ги берат за јадење и поради тоа киселецот е едно од најпопуларните диви [[зеленчук]]ови растенија.

Преработка од 11:32, 6 јули 2019

Киселец
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Каранфилоцветни
Семејство: Троскоти
Род: Киселци
Вид: Киселец
Научен назив
Rumex acetosa
L.

Киселец (науч. Rumex acetosa) — повеќегодишно ливадско растение што му припаѓа на семејството на троскотите (Polygonaceae).

Достигнува височина од еден метар, со длабоко развиени корени во земјата. Листовите му се со издолжена форма, а стеблото е исправено, избраздено по целата должина и може да се јаде. Листовите се благо зашилени, со многу долги дршки и наизменично прираснати за стеблото. На врвот од растението има мали цветови во облик на црвеникаво обоени метлички. Се развиваат од мај до јули, а понекогаш после косење, по втор пат во есен.

Киселецот има потекло од Европа[1] и најчесто расте по влажни ливади, пасишта и подрачја обраснати со трева. Исто така го има и покрај потоци и шумски чистини. Често расте во тревите и тоа во големи количини, поради што ливадите пред косење често се црвени. Се одгледува и во домашни градини.

За исхрана се користат пролетните листови што поблиску до земјата, кои се темно зелени и сочни. Обично се со должина од 7 до 15 см. Најдобро е да се берат кога стеблото се уште не е целосно развиено (март-мај). Може да се берат и во есен. Лисјата имаат пријатен кисел и освежувачки вкус. Многу народи ги берат за јадење и поради тоа киселецот е едно од најпопуларните диви зеленчукови растенија.

Иако има многу пријатен вкус, во прехранбената вредност тој заостанува зад повеќето други растенија од семејството на троскотите. Неговите листови содржат оксална киселина, главно поврзани во форма на калиум нитрат. Затоа, не се препорачува честото земање киселец, особено не во големи количини, особено за лицата кои се сколни кон создавањето камења во бубрезите. Листовите содржат 40-80% mg витамин Ц, а околу 5 мг% каротин.

Употреба

  • Киселите листови се користат за салати и супи [2]
  • Семето може да се смеле во брашно
  • Во народната медицина се користи како лек против скорбут

Забелешка

Листови слични на листовите на киселец има едно многу отровно растение, козлец (лат. Arum maculatum L). Листовите на козлецот, кои што се појавуваат во рана пролет, додека се уште се мали можат да ги измамат само неискусните собирачи на треви, бидејќи, иако според контурите се слични на киселецот, тие имаат сосема друга боја и конзистенција. Во случај на сомневање на оваа разлика, не треба да се испробува вкусот на листовите, бидејќи отровните листови на козлецот предизвикуваат силно печење, потекувања и воспаление на слузницата на устата.

Поврзано

Наводи

  1. Шта је кисељак?
  2. Супа од компири и киселец