Света: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°16′00″N 21°16′22″E / 41.26667° СГШ; 21.27278° ИГД / 41.26667; 21.27278
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 26: Ред 26:
Селото Света се наоѓа на левиот брег на [[Црна Река]], под ридовите Пејчин Рид, Црни Камен, Орлоец, Горно Уво, Долно Уво и Горна Чука.
Селото Света се наоѓа на левиот брег на [[Црна Река]], под ридовите Пејчин Рид, Црни Камен, Орлоец, Горно Уво, Долно Уво и Горна Чука.


Оддалечено е 9 километри источно од градот [[Демир Хисар]]. Селото има рамничарска местоположба, на надморска височина од 710 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 13,7км².
Оддалечено е 9 километри источно од градот [[Демир Хисар]]. Селото има рамничарска местоположба, на надморска височина од 710 метри. Атарот на селото зафаќа простор од {{км2|13,7}}.


== Историја ==
== Историја ==

Преработка од 02:15, 20 јуни 2019

Света
Света во рамките на Македонија
Света
Местоположба на Света во Македонија
Света на карта

Карта

Координати 41°16′00″N 21°16′22″E / 41.26667° СГШ; 21.27278° ИГД / 41.26667; 21.27278
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10028
Надм. вис. 671 м
Слава Св. Пантелејмон
Петковден[1]
Света на општинската карта

Атарот на Света во рамките на општината
Света на Ризницата

Света — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба

Селото Света се наоѓа на левиот брег на Црна Река, под ридовите Пејчин Рид, Црни Камен, Орлоец, Горно Уво, Долно Уво и Горна Чука.

Оддалечено е 9 километри источно од градот Демир Хисар. Селото има рамничарска местоположба, на надморска височина од 710 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 13,7 км2.

Историја

Фреска на Св. Кирил и Методиј од црквата „Св. Пантелејмон“ во Света

Жители на Света се доселиле на денешната местоположба, откако го напуштиле старото село Метимирци, кое било напуштено поради осојот, но и поради „Зли камен“, каде постарите раскажувале дека имало илјадници змии.[2]

Света за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1468 година според кои броело 48 семејства, 5 вдовици и 3 неженети. Во 1568 година брои 47 семејства, 2 вдовици и 11 неженети (христијани) и едно муслиманско семејство. Семејствата секогаш биле многубројни, со околу 20 до 30 члена. Христијаните не сакале да ја кажуваат точната бројка заради заштита од данокот во крв.

Од Света имало многу ајдуци и комити кои учествувале во борбите за слобода од отоманското ропство.

Во Првата светска војна зеле учество и селани од Света, едни од една, други од друга страна. Меѓу двете светски војни свеќани не се презивале со српски презимиња, иако биле принудувани од власта.

Селаните од Света активно учествувале и во НОБ, за што е изграден споменик на паднатите борци.[3]

Во мај, 2012 година, во Света се снимаше најновиот филм на Столе ПоповДо балчак“. За потребите на филмскиот сет комплетно беа изградени железничка станица и контролен пункт на Отоманската империја.[4]

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Света имало 325 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Света имало 336 жители.[6]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 332 жители, сите Македонци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 325 336 557 608 545 590 590 480 403 332
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи

Образовни
Сообраќајни
  • ЖС „Света“ — поранешна железничка станица на укинатата железничка линија Бакарно Гумно-Сопотница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото се наоѓало во некогашната општина Кривогаштани.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Бела Црква, во која покрај селото Света, се наоѓале и селата Бела Црква, Бучин, Воѓани, Обршани, Пашино Рувци и Пресил. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.

Културни и природни знаменитости

Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]

Личности

Четата на војводите Блаже Биринчето и Ѓорѓија Рало - Скршениот

Наводи

  1. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  2. 2,0 2,1 „Света посегнува по светоста од минатото“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 27 април 2007. Посетено на 28 јули 2016.
  3. Сказанија брсјачки и пољански - Душан Бакрески, Битола 2007
  4. http://www.fakulteti.mk/news/12-05-10/po_15_godini_stole_popov_go_pochnuva_snimanjeto_na_noviot_film.aspx
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име попис.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Посетено на 26 јули 2016.
  13. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Предлошка:Цитирана книга

Надворешни врски