Малесија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
:''Не поистоветувајте ја со азиската држава [[Малезија]].''
:''Не поистоветувајте ја со азиската држава [[Малезија]].''
[[Податотека:Map of Malesia.png|мини|400п|десно|Карта на Малесија со населените места]]
[[Податотека:Map of Malesia.png|мини|400п|десно|Карта на Малесија со населените места]]
'''Малесија''' — [[рид]]ско-[[планина|планински]] предел во [[Западна Македонија]], карактеристичен по својата историја, етнологија и култура.
'''Малесија''' (изворно: '''Закамен''')— [[рид]]ско-[[планина|планински]] предел во [[Западна Македонија]], карактеристичен по својата историја, етнологија и култура.


== Географија ==
== Географија ==

Преработка од 12:18, 10 јуни 2019

Не поистоветувајте ја со азиската држава Малезија.
Карта на Малесија со населените места

Малесија (изворно: Закамен)— ридско-планински предел во Западна Македонија, карактеристичен по својата историја, етнологија и култура.

Географија

Областа Малесија е сместена на планината Караорман. Го опфаќа целиот слив на Збашка Река (или Голема Река), десна притока на Црн Дрим. На исток се граничи со Дебарца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол, а на југ со Струшко Поле. Релјефот е ридски и планински. Климата е планинска.

Населени места

Во оваа област влегуваат селата: Присовјани, Збажди, Р'жаново, Локов, Селци и Буринец.

Демографија

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948 1.332—    
1953 1.392+4.5%
1961 926−33.5%
1971 314−66.1%
1981 74−76.4%
1991 39−47.3%
1994 28−28.2%
2002 21−25.0%
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[1]

Бројот на населението во Малесија некогаш достигнувал и до 1.000 жители. Денес селата Ржаново и Локов се раселени, а во Присовјани и Збажди живеат само 21 жител. Жителите од Малесија мигрирале најчесто во Струга, Охрид и Скопје. Голем дел од жителите од прилепското село Ново Лагово потекнуваат од доселеници од Малесија. Освен во Македонија еден дел од населението е колонизирано во Јабука, Р. Србија. Од овој регион потекнуваат и дел од мештаните на село Козичбино Кичевско. Маалото во кое тие живеат се нарекува Малезовци. Инаку во легендите се зборува за некој Стојко Малезан кој живеел пред 4-5 века кој бегајќи од турските војски поради убиство на турски големец се населил во ова планинско село кое се наоѓа на 22 километри од Кичево.

Поврзано

Наводи