Гликобелковина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
с отстранета Категорија:Белковини; ставена Категорија:Гликобелковини користејќи го HotCat
Ред 4: Ред 4:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Белковини]]
[[Категорија:Гликобелковини| ]]
[[Категорија: Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]
[[Категорија: Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]

Преработка од 07:17, 10 јуни 2019

Гликобелковините (гликопротеини) се сложени белковини кои како простетична група имаат некој јаглехидрат. Тоа се многу вискозни и слузести супстанци, па затоа се нарекуваат и мукобелковини. Гликобелковините се многу распространети во животинскиот организам. Ги има во сите секрети (плунка, желодочен сок, синовијална течност, секрети на цревна слузокожа), потоа во ‘рскавицата, папочната врвка, стаклестото тело на окото, рожницата, серумот, еритроцитите (крвните групи) и сврзното ткиво.

Гликобелковините се со многу различен состав и особини. Според карактерот на полисахаридот, ги делиме на неутрални и кисели. Полисахаридите од првата група е со неутрален карактер и се состои од повеќе единици на моносахариди или аминошеќери. Полисахаридот на киселите гликобелковини е хијалуронска киселина, хондроитин сулфурна киселина или се состои од повеќе единици на хексуронски киселини.