Бадниково гранче: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Македонски обичаи користејќи го HotCat
Ред 42: Ред 42:
{{рв|Badnjak}}
{{рв|Badnjak}}


[[Категорија:Македонски обичаи]]
[[Категорија:Божик]]
[[Категорија:Божик]]
[[Категорија:Македонски народни обичаи]]
[[Категорија:Македонски народни обичаи]]

Преработка од 15:48, 27 април 2019

Палење на Баднакот во Белград
Внесување на Баднакот во Битола во 1917 година со музика

Бадниково гранче или Баднак — отсечен дел од дабово дрво, кое според традициите на православните христијани во Македонија, а и скоро во целиот православен словенски дел на Балканот,[1][2][3] треба да се постави во огништето или каминот и да гори за Бадниковата Вечер. Општо и целата куќа се украсува со Бадникова гранчиња.

Традицијата на украсување на домот со бадниковото гранче се забележува уште од 4 век. Бадниковото гранче, кое го симболизира здравјето, ги слави животот и вечната среќа. Тоа е гранче од дабово дрво, а во дамнешните времиња овие дрвја се сметале за најиздржливи и за највековити. За разлика од другите листопадни дрва, со почетокот на есента листовите од дабот ја менуваат својата боја, но повеќето од нив се задржуваат на гранките во текот на зимата. Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да ги затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.


Наводи

  1. Вукмановић, Јован (1962). „Божићни обичаји у Боки которској“. Зборник за народни живот и обичаје Јужних Словена. Загреб: Југославенска академија наука и умјетности. 40: 491–503. Посетено на 21. 12. 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Толстой, Никита Ильич (2001). „Бадњак“. Во Светлана Михайловна Толстая и Љубинко Раденковић (уред.). Словенска митологија: енциклопедијски речник. Београд: Zepter Book World. стр. 14–15.
  3. Ђурђев, Александар (1988). „Годишњи обичаји“. Рађевина: обичаји, веровања и народно стваралаштво. Крупањ: Александар Ђурђев. стр. 79–90. Посетено на 21. 12. 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)